Антили
Антили (анг. Antilles, фр. Antilles, шп. Antillas, хол. Antillen) е голема група на острови помеѓу Атлантски Океан, Мексикански Залив и Карипско Море. Антилите се делат на две групи: Големи Антили (Куба, Јамајка, Хиспаниола, Порторико) и југоисточно од нив, Мали Антили. Големите и Малите Антили заедно со Бахамите го сочинуваат Карипскиот Архипелаг. Географски, Антилите се дел од американскиот континент. Геолошки, Големите Антили се дел од американскиот континентален бедем, додека пак Малите Антили се острови од вулканско и корално потекло.
Големи АнтилиУреди
- Куба
- Хиспаниола
- Јамајка
- Порторико (во заедница со САД)
- Кајмански Острови (Обединето Кралство)
Мали АнтилиУреди
- Ангвила (Обединето Кралство)
- Антигва и Барбуда
- Барбадос
- Британски Девствени Острови (Обединето Кралство)
- Монтсерат (Обединето Кралство)
- Доминика
- Гренада
- Холандски Антили
- Француски Антили (Франција)
- Свети Китс и Невис
- Света Луција
- Свети Винцент и Гренадини
- Тринидад и Тобаго
- Американски Девствени Острови
- Венецуела
ПоврзаноУреди
Оваа статија / од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |