Тринидад (марка на пури)
Тринидад (шпан. Trinidad) е име на две марки на пури, едната кубанска (Хабанос СА), а другата доминиканска (Алтадис). Именувани се по градот Тринидад, Куба.
Историја
уредиСпоред Адријано Мартинес, поранешен директор на Хабанос СА, во книгата Illustrated Encyclopedia of Post-Revolution Havana Cigars на Мин Рон Ни, марката Тринидад за првпат се јавила во 1969 во фабриката Ел Лагвито во Хавана и служела како дипломатски подарок. Во 1995 Cigar Aficionado бил домаќин на т.н. „Вечера на столетието“ во Париз каде, меѓу другите куриозитети, гостите имале прилика да бидат првите што ќе ја пробаат оваа марка вон дипломатските кругови.
Во февруари 1998 марката Тринидад излегува на пазарот со церемонија во хотелот Хавана Либре во Хавана. Првично марката се состоела само од еден формат: Fundador. Иако самата мешавина не се променила во транзицијата од дипломатски подарок во масовен производ, големината се променила. Дипломатскиот Тринидад имал само една големина, големинат на Laguito No. 1 (иста како кај Cohiba Lancero). Но Fundador има нова големина со фабричко име Laguito Especial, иста должина како и Laguito No. 1, но пречник од 40 наместо 38.
Во ноември 2003, на официјална вечера во Хилтон Парк Лејн, Лондон чиј домаќин бил екслузивниот увозник за Обединетото Кралство Хантерс & Франкау се воведени уште три формата на Тринидад: Coloniale, Reyes и Robusto Extra.
Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Тринидад, со нивните димензии во англиски и метрички единици, нивните vitolas de galera (фабрички имиња), и нивните секојдневни називи според американската терминологија. Сите пури на Тринидад имаат перчиња на врвот (капакот).
Рачно-изработени витоли
- Fundadors - 7 1/2" x 40 (192 x 15.08 mm), Laguito Especial
- Coloniales - 5 1/4" x 44 (132 x 17.46 mm), Colonial
- Reyes - 4 3/8" x 40 (110 x 15.87 mm), Reyes
- Robusto Extra - 6 1/8" x 50 (156 x 19.84mm), Super Robusto
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Хабанос С.А. (англиски) (шпански)
- Критики на пурит ена Тринидад (англиски)