Фиџи
Фиџи — држава во Тихиот Океан која е создадена од повеќе острови од кои најголеми се Вити Леву и Вануа Леву. На островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава, Сува, кој има околу 200.000 жители.
Република Фиџи
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Rerevaka na Kalou ka Doka na Tui Биди богобојазлив и почитувај ја Кралицата |
||||||
Химна: Господ да го благослови Фиџи |
||||||
Главен град (и најголем) | Сува 18°10′S 178°27′E / 18.167° ЈГШ; 178.450° ИГД | |||||
Службен јазик | фиџиски, англиски, фиџиски хинди, ротумски | |||||
Демоним | Фиџијци
(Фиџиец/Фиџијка) |
|||||
Уредување | република под воено раководство | |||||
• | Претседател | Вилијаме Катонивере | ||||
• | Премиер | Стивени Рабука | ||||
Независност | од Обединетото Кралство | |||||
• | Датум | 10 октомври 1970 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 18,274 км2 (155-та) | ||||
• | Вода (%) | нема податоци | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2016 г. | 898.760[1] (161ва) | ||||
• | Попис 2017 | 884,887[2] | ||||
• | Густина | 46.4 жит/км2 (148ма) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2007 г. | |||||
• | Вкупен | $3.677 милијарди (152-ра) | ||||
• | По жител | $4,230 (112-ра) | ||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.724[3] висок · 88ма |
|||||
Валута | фиџиски долар (FJD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC+12) | |||||
НДД | .fj | |||||
Повик. бр. | 679 | |||||
1. | Признато од Големиот совет на шефови. |
Најзастапени јазици се англиски јазик и фиџиски хинди, а најраспространета религија е христијанството, 52% од населението се христијани и 32% хиндуисти. Парична единица во Фиџи е фиџиски долар. Во Фиџи денес живеат околу 849.000 жители (проценка од 2009) што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.
Според познатата ХДИ листа која Обединетите Нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средноразвиени држави, помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.
Потекло на поимот
уредиГлавниот остров на Фиџи е познат по името Вити Леву и од тоа име доаѓа името на државата.
Историја
уредиРана историја
уредиПрвите луѓе кои пристигнале на Фиџи се населиле на островите многу порано пред да дојдат Европејците во 17 век. Според археолошките ископини се утврдило дека на Фиџи имало човекови заедници околу периодот од 3500 до 1000 година п.н.е. Се верува дека народот Лапита се населиле на островите и биле полинезиски народ, но не се знае што станало со нив кога се населиле меланезиските народи.
Првата населба на Фиџи била создадена од трговци и патници пред 3500 година.
Холандскиот истражувач Абел Тасман ги посетил островите во 1643 година додека го барал Големиот Јужен Континент. Потоа Европејци не пристигнале на островите сè до 19 век кога на островите започнале да доаѓаат китоловци, мисионери и трговци со сандалово дрво.
Кралство Фиџи (1871–1874)
уредиРату Серу Епениса Какобау бил фиџиски поглавица од островот Бау кој ги обединил фиџиските племиња под негово водство. Тогаш тој се прогласил за Крал на Фиџи, а подоцна Заштитник за време на британската колонизација. Во 1874 година Фиџи станал дел од Британската Империја.
Независност (1970)
уредиВо 1970 година Фиџи се стекнал со независност.
Географија и клима
уредиНа островот Вити Леву се наоѓа и главниот град на оваа држава,Сува, и има околу 200.000 жители. Други градови на други острови се Кандаву на истоимениот остров и Сомосомо на островот Тавеуни. Помеѓу островите се наоѓа живописното Корско Море. Највисок врв на Фиџи е врвот Викторија, 1372м. и се наоѓа на островот Вити Леву. Фиџи се наоѓа во таканаречената група острови Меланезија и зафаќа површина од 18.270км2.
Вкупната површина на Фиџи е 194.000 км2, но од овие само 10% е копно. Овој архипелаг има 322 острови од кои 106 се населени.
Политички систем
уредиПолитиките на Фиџи се одвиваат во рамките на парламентарна демократија, премиерот е на чело на владата, а додека претседателот на Фиџи е на чело на државата. Извршната власт е во рацете на владата на Фиџи. Законодавната власт е под ингеренции на парламентот на Фиџи. Според уставот, судската власт во Фиџи е независна.
Сепак, во 2006 година беше извршен воен удар во Фиџи и оттогаш на власт е војската.
Административна поделба
уредиФиџи е поделен на четири главни дивизии:
Овие дивизии се поделени на следните 14 покраини:
- Ба
- Буа
- Какаудрове
- Кадаву
- Лау
- Ломаивити
- Макуата
- Надрога-Навоса
- Намоси
- Наитасири
- Ра
- Рева
- Серуа
- Таилеву
Стопанство
уреди94% од населението во Фиџи е писмено а БДП-еден од најдобрите показатели за економијата и стандардот е 5900 амеркански долари што ја става во друштво со земјите како Црна Гора, Туркменистан, Перу, Самоа, НР Кина, Венецуела, Габон итн. Според познатата ХДИ листа која Обединетите нации ја прават секоја година за определување на квалитетот на животот во државите во светот Фиџи се најде на 92 место од 177 држави во таканаречената група на средно развиени држави, помеѓу Свети Винсент и Гренадини и Тунис.
Население, јазик и религија
уредиВо Фиџи денес живеат околу 849.000 жители (проценка од 2009) што ја прави четврта по ред најнаселена држава во Австралија и Океанија по Австралија, Нов Зеланд и Папуа Нова Гвинеја.
Сепак Фиџи е ретко населена држава со само 10 жители на километар квадратен. Градското население во Фиџи изнесува 51% од населението а средниот животен век е 63 години.
Населението на Фиџи се главно етнички Фиџијци кои се меланезиски народ и тие сочинуваат 54,3%, потоа има Индо-фиџици кои сочинуваат околу 38,1% и тие се потомци на Индијци донесени од Индија како работна сила.
Според ЦИА, религиите во Фиџи се застапени со следните проценти: христијани 64,5%, хиндуси 27,9%, муслимани 6,3% и останатиот процент припаѓа на различни религиски групи.
Службени јазици во Фиџи се: бау фиџиски јазик, англиски јазик и хиндуски.
Култура во Фиџи
уредиКултурата на Фиџи е доста богата со многу елементи од индиската, кинеската, локалната и европската култура. Различности има во архитектурата, јазиците, храната, пијалаците, обичаите и социјалниот живот.
Локалната култура е најдоминантна и е дел од секојдневието на народот на Фиџи.
Надворешни врски
уредиПовеќе за Фиџи на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада
- Official Website of the Влада на Фиџи Архивирано на 8 декември 2020 г.
- Парламент на Фиџи
- Шеф на државата и кабинетот Архивирано на 24 март 2010 г.
- Општо
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Фиџи“ (англиски)
- Фиџи на UCB Архивирано на 7 јуни 2008 г.
- Фиџи на Curlie (англиски)
- Патување
- Bulafiji.com Архивирано на 7 април 2007 г. официјален туристички портал
- Fijiguide.com водич за Фиџи
- Друго
- The Fiji Times весник
- Документи за Фиџи Архивирано на 16 јануари 2009 г.
- Фиџи проекти Архивирано на 12 октомври 2007 г.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
- ↑ Fiji Bureau of Statistics (5 January 2018). „2017 Population and Housing Census – Release 1“. Census 2017. Архивирано од изворникот на 2018-03-20. Посетено на 8 April 2018.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 July 2014.