Ротумски јазик (Fäeag Rotuma) — австронезиски јазик, дел од подгрупата на централнотихоокеанските јазици. Се говори на островот Ротума во Фиџи. Јазикот тешко се класифицира поради големиот број позајмени зборови од самоанскиот и тонганскиот јазик. Најчесто јазикот се смета за дел од западнофиџиско-ротумските јазици.

Ротумски јазик
Fäeag Rotuma
Застапен воФиџи
ПодрачјеРотума
Говорници(9.000 во 1990 г.)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3rtm

Граматика

уреди

Зборовниот редослед на ротумскиот е подмет-прирок-предмет, кој не е застапен во околните јазици. Јазикот е примамлив за јазичарите бидејќи во ротумскиот има метатеза, каде во еден збор се заменуваат местата на една од самогласките со согласката која е веднаш до нема. Тоа доведува до појава на прегласи, кратење или продолжување на должината на самогласките или добивање на дифтонзи.

Фонологија

уреди

Согласки[1]
усни коронални посталвеоларни меконепчени грлени
носни m n ŋ
експлозивни p t k ʔ
струјни f v s h
ликвидни r l

самогласки[1]
предни задни
затворени i u
средни ɛ ɔ
отворени a

Азбука

уреди

Ротумската азбука, со македонски и МФА еквиваленти, е:

  • a/a/ (а)
  • ȧ' or ä'/a/ (а)
  • /ɔ/ (о)
  • e/e/ (е)
  • f/f/ (ф)
  • g/ŋ/ (нг)
  • h/h/ (х)
  • i/i/ (и)
  • j/tʃ/ (ч)
  • k/k/ (к)
  • l/l/ (л)
  • m/m/ (м)

  • n/n/ (н)
  • o/ɔ/ (о)
  • ö/ø/ (нема во македонскиот, слично на германска ö)
  • p/p/ (п)
  • s/s/ (с)
  • t/t/ (т)
  • u/u/ (у)
  • ü/y/ (нема во македонскиот, слично на германска ü)
  • v/v/ (в)
  • ʻ/ʔ/ (грлен глас)

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Blevins (1994:492)

Литература

уреди
  • Blevins, Juliette (1994), „The Bimoraic Foot in Rotuman Phonology and Morphology“, Oceanic Linguistics, University of Hawai'i Press, 33 (2): 491–516, doi:10.2307/3623138
  • Churchward, C.M. (1940), Rotuman Grammar and Dictionary, Sydney: Methodist Church of Australasia
  • Milner, George B. (1971), „Fijian and Rotuman“, Во Thomas A. Sebeok (уред.), Current Trends in Linguistics, 8: The Languages of Oceania, The Hague: Mouton, стр. 397–425
  • Saito, Mamoru (1981), A Preliminary Account of the Rotuman Vowel System, Cambridge: MIT Press
  • Schmidt, Hans (2003), „Temathesis in Rotuman“, Во John Lynch (уред.), Issues in Austronesian Historical Phonology (PDF), Pacific Linguistics Research School of Pacific and Asian Studies, стр. 175–207, ISBN 0-85883-503-7

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди