Изгубени

(Пренасочено од Lost)

Изгубени (англиски: Lost) — американска драмска телевизиска серија. Ги следи животите на група преживеаници од авионска несреќа на мистериозен тропски остров, откако комерцијален патнички авион летајќи помеѓу Сиднеј, Австралија и Лос Анџелес, САД, се урива некаде на Јужниот Тихи Океан. Секоја епизода вообичаено прикажува првостепено дејствие на островот како и второстепено дејствие од друга точка во животот на ликот, иако други заплетни направи поврзани со времето ја променуваат оваа формула во подоцнежните епизоди. Првата епизода беше првпат емитувана на 22 септември 2004,[1] и оттогаш цели 5 сезони се емитувани. Серијата се емитува на ABC Network во САД, додека во Македонија на телевизија А1.

Изубени
Жанрдрама
авантура
мистерија
фантазија
Создадена одЏефри Липер
Џ. Џ. Ejбрамс
Дејмон Линделоф
УлогиМетју Фокс
Еванџелин Лили
Џош Холовеј
Невин Ендру
Тери O'Квин
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони6
Бр. на епизоди103 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Џ. Џ. Ejбрамс
Дејмон Линделоф
Брајан Бурк
Џек Бендер
Едвард Китис
Адам Хорвитс
Карлтон Кјуз
МестоположбаОаху, Хаваи
Времетраење42 минути
Прикажување
Првична мрежаABC и А1 Телевизија за Македонија
Првично прикажување22 септември 2004 - сè уште
Надворешни врски
Мрежна страницаabc.go.com/primetime/lost

Поради нејзината ансамблна глумечка екипа и трошокот на снимање примарно на локации во Оаху, Хаваи,[2] серијата е една од најсапките телевизиски серии.[3] Создадена е од Дејмон Линделоф, Џ. Џ. Ејбрамс и Џефри Липер и е продуцирана од ABC Studios, Bad Robot Productions и Grass Skirt Productions. Главната музика е компонирана од Мајкл Џајакино. Моментални извршни продуценти се Линделоф, Ејбрамс, Брајан Бурк, Џек Бендер, Едвард Китсис, Адам Хоровиц и Карлтон Кјуз.

Критички признаена и со народен успех, Изгубени се има здобиено со просек од 16 милиони гледачи по епизода на ABC за време на првата година. Има освоено бројни идустриски награди вклучувајќи Еми награда за најдобра драмска серија во 2005,[4] најдобар американски увоз на БАФТА телевизиските награди во 2005, Златен глобус за најдобра драма во 2006 и САГ награда за најдобар ансамбл на драмска серија. Како рефлектирање на своите обожаватели, серијата е станата дел од американската народна култура со оглед на својата приказна и елементите се појавува во други телевизиски серии,[5] реклами, стрипови,[6] семрежни стрипови, хумористични списанија, видеоигра[7][8] и музички стихови. Измислениот свет на серијата е проширен и дополнително истражуван низ сврзани романи, видео и игри на табли, како и игри во алтернативна реалност, Lost Experience и Find 815.

Серијата „Изгубени“ е предвидено да се состои од шест сезони во кои ќе се прикажат 121 епизода.[9] Шестата сезона ќе биде составена од 18 епизоди[10] кои ќе се емитуваат во мај 2010.[11]

Продукција

уреди

Концепт

уреди

Формат на епизоди

уреди

Музика

уреди

Глумечка екипа и ликови

уреди
 
Моментални главни ликови од лево кон десно: Бен, Дезмонд, Харли, Соер, Џулиет, Џек, Фарадеј, Саид, Сан, Кејт, Лок, Џин и Мајлс.

Од вкупно 324 луѓе качени на Оушеаник лет 815,[12] првобитно има 71 преживеан (како и едно куче) распространети низ трите делови од авионот. Отворачката сезона обработува 14 редовни улоги, правејќи ја глумечката екипа втора по големина во тогашната американска телевизиска сезона, веднаш зад таа на Очајни домаќинки. Додека големата глумечка екипа ја прави Изгубени поскапа за продуцирање, сценаристите надоместуваат со повеќе попустливост во одлуките на приказната. Според извршниот продуцент Брајан Бурк, „Може да има сè повеќе интеракции помеѓу ликовите и да се создаваат повеќе разновидни ликови, повеќе минатни приказни и повеќе љубовни триаголници.“[13] Почетната сезона има 14 главни ликови. Нејвин Ендрус го толкува ирачанскиот републички чувар Саид Џарах. Емили де Равин ја игра бремената Австралијанка Клер Лителтон. Метју Фокс го портретира измачениот хирург и протагонист Џек Шепард. Хорхе Гарсија го толкува Хуго „Харли“ Рејес, несреќен добитник на лотарија. Меги Грејс ја игра Шенон Ратерфорд, поранешна учителка по танц. Џош Холовеј го глуми измамникот Џејмс „Соер“ Форд. Јунџин Ким ја игра Сан-Хуа Квон, ќерка на моќен корејски стопанственик и мафијаш, со Даниел Де Ким како нејзиниот сопруг Џин-Су Квон. Еванџелин Лили ја толкува бегалката Кејт Остен. Доминик Монахан ја глуми поранешната рок ѕвезда и зависник од дрога Чарли Пејс. Тери О‘Квин го игра мистериозниот Џон Лок. Харолд Перино го толкува градежникот Мајкл Досон, додека детскиот глумец Малком Дејвид Кели го глуми неговиот млад син, Волт Лојд. Ијан Сомерхалдер го игра Бун Карлајл, извршен директор за операции на бизнисот за свадби на својата мајка и полубрат на Шенон.

За време на првите две сезони, некои ликови се отфрлени за да се создаде простор за нови ликови со нови приказни.[14][15] Бун Карлајл е првиот главен лик кој е отфрлен, умирајќи близу крајот на првата сезона. Волт добива гостинска улога по настаните од крајот на првата сезона, правејќи ретки појавувања низ втората сезона. Напуштањето на Шенон по осум епизоди во втората сезона отвори пат за новодојдените г-дин Еко, нигерски католички свештеник и поранешен криминалец толкуван од Адевал Акиноу-Агбаџ; Ана Лусија Кортес, службеник од обезбедувањето на аеродромот и поранешен полицаец толкувана од Мишел Родригес; и Либи, наводен клинички психолог портретирана од Синтија Ваторс. Ана Лусија и Либи беа отфрлени од серијата близу крајот на втората сезона.

Во третата сезона, Хенри Ијан Кјусик се појави како поранешниот шкотски војник Дезмонд Хјум, како и Мајкл Емерсон во улогата на Бен Лајнус (претходно познат како Хенри Гејл), член на „Другите“ со висок ранк. Покрај тоа, три нови глумци се придружија на глумечката екипа: Елизабет Мичел, како доктрорката за плодност и „Друга“ Џулиет Бурк и Кили Санчес и Родриго Санторо како преживеаниот пар Ники Фернандес и Паоло. Еко е отфрлен рано во сезоната, а Ники и Паоло во средината на сезоната во нивната прва ретроспективна епизода. Чарли ја напушта серијата во финалето на третата сезона.

Во четвртата сезона, Харолд Перино повторно се враќа во глумечката екипа да ја репризира улогата на Мајкл Досон, сега самоубиствен и на очајно искупувачко патување да се искупи за своите претходни злодела.[16] Покрај Перино, додатни нови глумци — Џереми Дејвис како Даниел Фарадеј, напнат физичар во кој се буди научен интерес за островот; Кен Ленг како Мајлс Стром, саркастичен наводен духошепотач, и Ребека Мејдер како Шарлот Стејпелс Луис, практичен и одлучен антрополог и успешен академик — се придружуваат на глумечката екипа.[17] Клер, која мистериозно исчезнува со нејзиниот мртов биолошки татко близу крајот на сезоната, не се враќа со редовна улога во петтата сезона, но ќе се врати во шестата и последна сезона.[18] Мајкл е отфрлен на крајот од четврата сезона.[19]

Сезонски синопсиси

уреди

Прва сезона (2004-2005)

уреди

Првата сезона обработува 25 епизоди кои се емитуваа секоја среда во 20:00 во САД, почнувајќи од 22 септември 2004. Авион се урива поставувајќи ги преживеаните патници на Оушеаник лет 815 на навидум напуштен тропски остров, присилувајќи ја групата непознати да соработува ако сака да преживее. Нивниот опстанок е загрозен од мистериозни ентитети вклучувајќи бели мечки, невидено суштество кое талка низ шумата и злонамерните населеници на островот познати како „Другите“. Наидуваат и на Французинка по име Даниел Русо која преживеала бродолом на островот пред 16 години и пронашла мистериозно метално окно закопано во земјата. Направен е обид да се замине од островот на сплав.

Втора сезона (2005-2006)

уреди

Втората сезона обработува 24 епизоди кои се емитуваа секоја среда во 21:00 во САД и Канада почнувајќи од 21 септември 2005. Најголем дел од приказната, која продолжува 45 денови по падот, се сосредоточува на растечкиот конфликт помеѓу преживеаните и Другите, со постојаниот судир на вербата и науката кој станува тематски во наредните неколку епизоди. Додека некои мистерии се разрешени, нови прашања се отворени. Нови ликови се воведени вклучувајќи ги преживеаните од задниот дел на авионот и некои од жителите на островот. Повеќе митологии на островот и увиди во минатото на преживеаните се изнесени на виделина. Окното е истражено и постоењето на Дарма иницијативата како и нејзиниот добротвор, Хансо фондацијата, се откриени. Како што вистината за мистериозните Други почнува да се открива, еден од преживеаните ги предава останатите, а и причината за уривање на авионот се открива.

Трета сезона (2006-2007)

уреди

Третата сезона обработува 23 епизоди кои се прикажуваа секоја среда во 21:00 во САД и Канада почнувајќи од 4 октомври 2006. Серијата се врати од хијатус на 7 февруари 2007 и се прикажуваше во 22:00. Приказната продолжува 67 денови по падот. Нови преживеаници и Други се претставени, со што преживеаниците осознаваат сè повеќе за Другите и нивното минато на островот. Еден од Другите и нов жител на островот им се придружуваат на преживеаните додека еден преживеаник ги напушта. Војна помеѓу преживеаните и Другите се навестува и преживеаните контактираат со спасувачки тим.

Четврта сезона (2008)

уреди

Четвртата сезона требаше да обработува 16 епизоди, но заради штрајкот на сценаристите во САД, се прикажаа само 14 епизоди. Емитувањето на епизодите во САД и Канада започна на 31 јануари 2008,[20] и се содржеше од 8 епизоди веќе снимени и прикажани пред штракот, и 6 додатни епизоди кои беа снимени и прикажани по штрајкот. Оваа сезона се фокусира на справувањето на преживеаниците со луѓето од бродот Кахана, и напуштањето на островот од страна на „Шестемина на Оушеаник“.

Петта сезона (2009)

уреди

Петтата сезона обработува 17 епизоди кои се емитуваа секоја среда во 21:00 во САД и Канада почнувајќи од 21 јануари 2009. Петтата сезона следи две временски дејствија. Првото се случува на островот каде преостанатите преживеаници скокаат напред и назад низ времето додека не се конечно заглавени со Дарма иницијативата во 1977. Второто дејствие го продолжува првобитното временско дејствије кое се случува надвор од островот; и го следи враќањето на Шестемина на Оушеаник на островот на Аџира Ервејс лет 316 во 2007.

Шеста сезона (2010)

уреди

ДВД изданија

уреди

Изгубени: Целосна прва сезона e насловот на ДВД сетот од првата сезона на мега хит серијата Изгубени. Овој ДВД сет беше реализиран на 6 септември 2005 (две невели пред премиерата на втората сезона) во САД. Беше дистрибуирано од страна на Волт Дизни Студиото. Овој ДВД ссет ги содржи сите прикажани епизоди од сезоната, но вклучува и коментари за епизодата, грешки при снимањето, како се правела сезоната, и избришани сцени.

Изгубени: Целосна втора сезона - Издолжено Искуство е насловот на ДВД сетот за втората сезона на Изгубени. Овој ДВД сет беше реализиран на 5 септември 2006 во САД и на 2 октомври 2006 во Велика Британија. Секое издание ги вклучува сите прикажани епизоди од втората сезнона вклучувајќи и грешки при снимањето, избришани сцени и специјалната епизода "Врски во Изгубени", која ги покажува поврзаностите помеѓу ликовите пред паѓањето на авионот.

Изгубени: Целосна трета сезона - Неистражено Искуство е насловот на ДВД сетот за третата сезона на Изгубени. Овој ДВД сет беше реализиран на 26 септември 2007 во Бразил, 11 декември 2007 во САД и Канада, и на 22 октомври 2007 во Велика Британија.

Изгубени: Целосна Четврта Сезона - Проширено Искуство е насловот на ДВД сетот за четвртата сезона на серијата Изгубени. Овој ДВД сет ќе биде реализиран на 27 октомври 2008 во Велика Британија, и на 9 декември 2008 во САД.


Наводи

уреди
  1. "Pilot: Part 1". J. J. Abrams, Writ. J. J. Abrams, Damon Lindelof & Jeffrey Lieber (story) and J. J. Abrams & Damon Lindelof, (teleplay). Lost. ABC. 2004-09-22. No. 1, season 1.
  2. Lost: About the Show - ABC.com“. Архивирано од изворникот на 2009-07-28. Посетено на 2009-08-04.
  3. Ryan, Tim (2005-01-26). „High filming costs force ABC network executives to consider relocating“. Honolulu Star-Bulletin. Архивирано од изворникот на 2008-09-08. Посетено на 2009-08-04.
  4. 58th Primetime Emmy Award Nominees and Winners - Emmys.tv
  5. Thomas, Rob (2006-02-01). „Your Veronica Mars Questions Answered!“. TVGuide.com Insider.
  6. Hughes, Adam (cover artist). Catwoman, issue 51. 25 јануари 2006.
  7. Lost Found In Half-Life 2“. Kotaku. 2007-10-14.
  8. „The Lost Numbers in HL2“. Kotaku. 2007-10-14. Архивирано од изворникот 2012-07-09. Посетено на 2009-08-04.
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2009-07-28. Посетено на 2009-08-04.
  10. Mitovich, Matt (2008-12-18). Lost Fans Will Get an Uninterrupted Season 5“. TV Guide. Посетено на 2009-04-12.
  11. Adalian, Josef, (6 мај 2007) Lost Set for Three More Years, Variety. Посетено на 12 април 2009.
  12. Goddard, Drew (writer) & Vaughan, Brian K. (writer) & Williams, Stephen (director), "Confirmed Dead". Lost, ABC. Episode 2, season 4. Aired on 7 февруари 2008.
  13. Keveney, Bill (2005-08-11). „TV hits maximum occupancy“. USA Today.
  14. Keck, William (2005-09-13). Lost in the face of death“. USA Today.
  15. „Interview with Damon Lindelof and Carlton Cuse“. Comic Con. Архивирано од изворникот на 2007-05-01. Посетено на 2008-08-31. Carlton: There will always be new characters that will be joining the cast of Lost. We will try to give the audience a lot of stuff with your favorite characters and introducing new characters and evolving the story is just part of the DNA of the show.
  16. ABC: Turncoat Michael Returns to Lost Island[мртва врска], ABC7Chicago.com, 25 јули 2007.
  17. Jensen, Jeff. Lost: Five Fresh Faces“. EW.com. Архивирано од изворникот на 2009-10-14. Посетено на 2007-08-30.
  18. Godwin, Jennifer (2008-05-30). „Lost Redux: Promises to Keep, and Miles to Go Before We Sleep“. E!. Посетено на 2008-06-05.
  19. Malcom, Shawna (2008-05-30). „Harold Perrineau Dishes on his Lost Exit (Again)“. TV Guide]]. Архивирано од изворникот на 2008-05-31. Посетено на 2008-05-30. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  20. Hartman, Hope & Rous, Alison (14 декември 2007) "ABC Unveils Midseason Primetime Schedule," ABC Medianet. Посетено на 14 декември 2007.

Надворешни врски

уреди
Спонзориран форум
Официјални поврзани мрежни места