Џон Лок (Изгубени)
Џон Лок е фиктивен лик од телевизиската серија Изгубени, чијашто улога ја толкува Тери О'Квин. Ликот е именуван според англискиот филозоф Џон Лок. За изведбата во Изгубени, О'Квин доби Еми за најдобар глумец во споредна улога.
Џон Лок | |
---|---|
лик од Изгубени | |
Податотека:LockeLost.jpg Тери О'Квин како Џон Лок | |
Прво појавување | "Pilot, Part 1" |
Последно појавување | "The End" |
Толкува | Тери О'Квин, Чарлс Хенри Вајсон (млад), Кејлеб Штајнмаер (тинејџер) |
Centric episode(s) | "Walkabout" "Deus Ex Machina" "Exodus, Part 2" "Orientation" "Lockdown" "Further Instructions" "The Man from Tallahassee" "The Brig" "Cabin Fever" "The Life and Death of Jeremy Bentham" "The Incident, Part 1" "LA X, Part 1 & 2" "The Substitute" "The Last Recruit" "The Candidate" "The End" |
Информации | |
Алијас | Џереми Бентам |
Пол | машки |
Занимање | работник во фабрика за кутии |
Former residence | Тастин, Калифорнија, САД |
Во првата сезона од серијата, Лок е претставен како мистериозен, интелектуален лик, стоик со афинитет за лов и следење на траги. Верува во мистични и спиритуални објаснувања за нештата што се случуваат на островот откако му се случува чудо по падот на Оушеаник 815. Неговиот стоицизам и мистичен поглед кон светот се негови доминантни особини и претставуваат основа за многу од неговите односи и комуникација со луѓето на Островот.
Приказна
уредиПред падот на авионот
уредиЏон Лок е роден на 30 мај, 1956 година. Мајка му, Емили Лок, го раѓа во тинејџерските години. Уште од мали нозе бил многу интелигентен. Откако е ставен под грижа на државата, Лок менува повеќе домови. Ричард Алперт (Нестор Карбонел) го посетува во еден од овие домови и го опишува Лок како „исклучително посебна“ личност. Лок има голем број на браќа и сестри од домовите во кои престојувал: Џанин, која умира како мала по пад од скали; Мелиса, која го малтретирала и неименуваниот брат со кој си играл мишоловка.
На шеснаесет годишна возраст еден од професорите во средното училиште го ослободува Лок кој бил затворен во шкаф во училиштето, потоа го поведува до неговата канцеларија и љубезно му кажува дека нему не му е речено да биде спортист, крал на матурската вечер или пак суперхерој. Налутено, Лок одговара: „Не кажувајте ми што не можам да сторам!“ Токму од ова може да се забележи дека Лок повеќе мрази кога некој го омаловажува отколку кога физички го малтретираат.
По дваесет и две години мајка му Емили го посетува во продавницата за играчки каде што Лок работи за да му каже дека е безгрешно зачнат. Љубопитен, тој најмува приватен детектив за да го најде татко му Ентони Купер (Кевин Теј). Купер срдечно го прима Лок во неговиот живот, а по одењето на лов заедно тие двајца се зближуваат. Кога Купер открива дека му е потребно пресадување на бубрег, Лок му помага со тоа што го донира својот бубрег. По операцијата Купер го напушта Лок и одбива да се види со него, по што Лок сфаќа дека татко му го измамил за да дојде до бубрег за пресадување. По оваа случка тој паѓа во депресија и конечно оди на групна терапија каде што ја среќава неговата идна девојка Хелен Хорвуд (Кејти Сегал). Хелен му помага на Лок да ја надмине опсесијата со татко му. Таа го напушта откако Купер доаѓа кај Лок и го замолува за помош, а овој му помага.
По заминувањето на Хелен, Лок живее и работи во комуна која одгледува марихуана во Калифорнија сè додека полицијата не започне истрага. По ова тој ја напушта комуната.
Лок го поминува животот како самотник, сè додека еден ден не го посетува Питер Талбот којшто бара информации за „Адам Суард“ кој сакал да се ожени со богатата мајка на Питер. Лок сфаќа дека всушност станува збор за Купер, се среќава со него и му наредува да не се жени со мајката на Питер. Купер го убива Питер, а кога Лок оди да се соочи со него, Купер го турка низ прозорецот од осмиот кат. Мистериозниот жител на островот Џејкоб (Марк Пелегрино) го допира Лок додека тој лежи на земјата. И покрај тоа што го преживува падот, Лок завршува во инвалидска количка поради скршениот грб.
За време на неговото опоравување во болницата добива посета од болничарот Метју Абедон (Ленс Редик) кој го советува да оди на патување за да се открие и запознае себеси. Откако беше отпуштен од болница, Лок започнува да работи во фабрика за кутии, каде што постојано ги трпи навредите од неговиот шеф Ренди. Лок потоа лета за Австралија каде што не му е дозволено да замине со групата на патувањето само затоа што е во инвалидска количка. Немајќи друг избор, Лок се качува на летот Оушеаник 815 за да се врати дома.
На Островот
уредиПо падот на авионот Лок повторно проодува, почнува да верува во моќите на Островот и нема намера да си оди оттаму. Подоцна откриваме дека Лок е експерт во лов и следење на траги. Кога еден ден оди на лов се среќава со чудовиштето од чад, кое го опишува како „силна светлина“. Лок им помага на Џек Шепард, Кејт Остен и Бун Карлајл да ја пронајдат киднапираната Клер Литлтон. За време на потрагата тој и Бун го откриваат окното и го поминуваат времето барајќи начин како да го отворат. Во овој период Бун станува штитеник на Лок и под негово водство пробува да го запознае Островот. По визијата на Лок за пад на мал авион на островот, тој и Бун тргаат во потрага и го наоѓаат срушен на карпа во џунглата. Бун се качува и влегува во авионот, кој по кратко време паѓа од карпата. Лок го зема телото на Бун и го носи назад до пештерата, а потоа се искрадува до окното и потресен од смртта на Бун го исфрла бесот на вратата од окното. Во моментот кога ја губи и последната трошка надеж, здогледува светлина од окното и го сфаќа ова како знак. Потоа се враќа на плажата на време за погребот на Бун и со двоумење им раскажува на присутните за окното. Џек ја губи довербата во Лок поради смртта на Бун, а полусестрата на Бун, Шенон Рутерфорд пробува да го убие. Дениел Русо ги води преживеаните до остатоците од бродот познат како „Black Rock“ за да најдат динамит со кој ќе го отворат окното. Откако го пронаоѓаат динамитот, Лок го поставува на окното и ја отвора вратата.
Лок влегува во окното каде што го наоѓа Дезмонд Хјум, кој им покажува на Џек и Лок ориентационен филм. Во филмот се објаснува дека окното во минатото се користело за проучување на електромагнетизмот, а на секои 108 минути се внесува специфична низа од броеви во компјутерскиот терминал со цел да се избегне непозната катастрофа. По прикажувањето на филмот Дезмонд си заминува од окното. Џек отпрвин се двоуми дали да ги внесе броевите, но Лок успева да го убеди да го стори тоа. Кога човек по име „Хенри Гејл“ пристигнува во џунглата, Лок го заклучува во празната соба за оружје. Набрзо сите врати во окното се затвораат, а една од нив паѓа на нозете на Лок. Немајќи друг излез, Лок го замолува Хенри да ги внесе броевите во компјутерот за да се отворат вратите. Кога светлата се гасат, Лок здогледува чудна мапа нацртана на една од вратите, а по отворањето на вратите успева и да ја нацрта по сеќавање. Лок и останатите преживеани наскоро дознаваат дека Хенри ги излагал за неговиот идентитет и дека всушност е член на Другите, а тој се согласува да зборува само со Лок. Хенри го задева Лок со тоа што му кажува дека Другите не го сфаќаат сериозно окното и дека тој не ги внел броевите во компјутерот кога Лок го побарал тоа од него. Поради ова Лок престанува да верува во внесувањето на броевите во компјутерот. Кога „Хенри“ побегнува од окното, Лок и Г-дин Еко одат во џунглата да го бараат. Наместо него го наоѓаат прашалникот нацртан на мапата на Лок, каде што ја откриваат станицата Бисер. Од филмот за ориентација што го наоѓаат таму дознаваат дека внесувањето на броевите во компјутерот на секои 108 минути игра улога на психолошки тест наменет за оние кои се наоѓаат во окното. Лок е уверен дека притискањето на копчето (внесувањето на броевите) е бесцелно, но Еко го мисли токму спротивното. Лок престанува со притискање на копчето и заедно со Дезмонд, кој во меѓувреме се враќа назад, остануваат во окното за да видат што ќе се случи кога бројчаникот ќе покаже нула. По истекувањето на 108-те минути се ослободува неверојатна електромагнетна сила и Лок сфаќа дека погрешил. Дезмонд го употребува сигуроносниот клуч за да се спасат, по што окното имплодира.
Наредниот ден Лок се буди во џунглата и предизвикува халуцинации во кои Бун му кажува дека мора да го спаси Еко. За да стапи во контакт со Другите и да им помогне на заробените Џек, Кејт и Сојер, патува до станицата Бисер заедно со неколкумина од преживеаните, каде што ги ставаат камерите од друго окно во функција. Откако ја напуштаат станицата го наоѓаат мртвото тело на Еко во џунглата. По закопот Лок го забележува написот на стапот на Еко кој го упатува на север. Откако Кејт се враќа оди заедно со Лок, Саид и Дениел Русо да го спаси Џек од Другите. Кога пристигаат во нивното село Лок го среќава Хенри, кој всушност се вика Бен и е водач на Другите. Лок го заробува Бен и го присилува да му ја открие локацијата на нивната подморница, која ја уништува пред Џек да може да избега од Островот со неа, уверен дека сите треба да останат на Островот бидејќи тоа е нивната судбина. По ова, Бен му го покажува татко му на Лок, Ентони Купер, кој успеале да го фатат и му вели на Лок дека ако го убие ќе може да им се приклучи на Другите. Лок го намамува Соер кој го убива Купер наместо него, а потоа го носи мртвото тело до кампот на Другите. Бен го носи Лок да се сретне со Џејкоб, но во валканата колиба на Џејкоб нема ништо друго освен празен стол. Лок е бесен поради лагата на Бен а потоа одненадеж почнуваат да летаат предмети во колибата. Бен и Лок го посетуваат гробот на одамна починатите членови на Дарма иницијативата, каде што Бен го застрелува Џон бидејќи претставува закана за неговото водство и го остава да умре. Лок се буди неколку дена подоцна и размислува за самоубиство, но привидението на Волт кое му кажува дека Лок има уште работа на овој свет му ја враќа вербата. Лок го наоѓа Џек и останатите преживеани и ја убива Наоми, жена од бродот, за која верува дека претставува опасност за Островот. Џек ја игнорира молбата од Лок да не стапува во контакт со другиот брод и Лок се враќа до кампот на плажата, надевајќи се дека ќе добие поддршка од останатите.