Д-р Џек Шепард е еден од главните ликови во серијата Изгубени, глумен од страна на американскиот глумец Метју Фокс. Пред падот на авионот, Џек бил неврохирург а на авионот се качил за да го пренесе мртвото тело на неговиот татко. По падот на авионот Џек се наметнува како водач на преживеаниците. Џек, досега се појавил во најмногу епизоди во серијата - 77 епизоди и 5 мобизоди.

Џек Шепард

Метју Фокс како Џек Шепард
ГлумецМетју Фокс
Прво појавување„Pilot, Part 1“
Централни
епизоди
„Pilot, Part 1“
„White Rabbit“
„All the Best Cowboys Have Daddy Issues“
„Do No Harm“
„Exodus, Part 1“
„Man of Science, Man of Faith“
„The Hunting Party“
„A Tale of Two Cities“
„Stranger in a Strange Land“
„Through the Looking Glass“
„Something Nice Back Home“
„There's No Place Like Home, Part 1“
„There's No Place Like Home, Parts 2 & 3“
Информации
ИмеЏек Шепард
Возраст37
СтатусЖив
(Поранешна) професијаНеврохирург
На авионот...Да го пренесе мртвото тело на татко му во САД
СезониС1 С2 С3 МБ С4 С5

Заднина

уреди

Џек досега се има појавено како централен лик во најмногу епизоди од серијата Изгубени. Исто така, во првата епизода на Изгубени тој беше централен лик. Тој веднаш по падот на авионот станува водач и главен протагонист. Џек е син на Кристијан Шепард и Марго Шепард, а е полубрат на Клер и получичко на Арон. Џек е талентиран неврохирург во болницата Св. Себастијан во околината на Лос Анџелес. По падот на авионот, преживеаниците го прогласуваат како водач, бидејќи имаше голема улога во спасувањето на преживеаниците од рушевините на авионот.

Животопис

уреди

Пред падот

уреди

Ран Живот

уреди

Џек е роден во 1967. Како дете тој бил претепан од дете насилник обидувајќи да спаси друго дете од него. Кога се посоветувал со татко му за повредите, тој му рекол дека не треба да биде херој, бидејќи сѐ уште не бил спремен да се одбрани од последиците.

Спасувањето на Сара

уреди

Во околу 8 часот и 10 минути на непозната дата, Џек во болницата е пресретнат од две жртви (маж и жена) на сообраќајна незгода со рани на главите. Џек одбира да ја оперира жената (Сара). Погледнувајќи ги повредите, тој и вели дека таа нема веќе никогаш да прооди. Кристијан потоа го советува дека треба да биде пооптимистичен во врска со повредите на паццијентите. Моменти пред операцијата Џек и ветува на Сара дека ќе ја “среди”.

Операцијата не успеа, а Џек разочаран ја напушта болницата и се упатува кон стадионот каде што уште еден човек е таму. Џек се запознава со човекот кој се претставува како Дезмонд. А тој погодува дека некоја жена го мачи. Џек му кажува дека е доктор и дека не успеал да “среди” една жена, а на тоа Дезмонд му кажува дека и тој бил “скоро доктор” и дека треба да ја подигне мислејќи на повредата. Џек успешно ја оперира Сара, и се зближува со нејзе.