Изгубени (1. сезона)

Првата сезона на телевизиската серија Изгубени започна да се емитува во САД и Канада на 22 септември 2004 и заврши со емитувањето на 25 мај 2005 и содржеше 25 епизоди. Ги претставува четириесет и осумте преживеаници на авионска несреќа, кој се наоѓаат на подвижен остров некаде во Јужниот Тихи Океан. Присилени да соработуваат за да преживеат, доаѓаат до сознанието дека не се на обичен остров.[1]

Изгубени 1. сезона
Податотека:Lost-Season1.jpg
Постер
Земја на потеклоСАД
Бр. на епизоди25
Прикажување
Првична мрежаABC
Првично прикажување22 септември 2004 – 25 мај 2005

Во САД, првата сезона беше емитувана еднаш неделно, секоја среда во 8 часот. Како додаток на регуларните 25 епизоди, уште една, специјална епизода, „Lost: The Journey“, беше емитувана на 27 април 2005. Сезоната беше реализирана и во ДВД издание со седум ДВД дискови под насловот „Изгубени: Целосна прва сезона“ на 6 септември 2005 од страна на издавачката куѓа Buena Vista Home Entertainment.[2]

Персонал

уреди

Сезоната е продуцирана од Touchstone Television (сега ABC Studios), Bad Robot Productions и Grass Skirt Productions, а се прикажуваше на ABC Network Во САД. Извршни продуценти се ко-создавачот Џ.Џ. Ејбрамс, ко-создавачот Дејмон Линделоф, Брајан Бурк, Џек Бендер и Карлтон Кјуз со Џеси Александар и Џеф Пинкер како извршни консултанти.[3]

Глумечка екипа

уреди

Прифатеност

уреди

Епизоди

уреди
Серија
#
Епизода
#
Наслов на епизодата Режисирано од Напишано од Централен карактер/и Дата на премиерата
Гледачи[4]
11 „Pilot, Part 1“
„Пилот (Прв дел)“
 
Џ.Џ. АбрамсЏефри Либер, Џ.Џ. Абрамс и Дејмон ЛинделофЏек22 септември 2004
18.65[5]
Оушеаник Еирлајнз лет 815, се руши во воздухот и паѓа на тропски остров на Јужниот Тихи Океан со 48 преживеаници. Уште првата ноќ во шумата се слуша мистериозна бучава и паѓање на дрвата. Џек, Кејт и Чарли одат во шумата за да ги најдат остатоците од авионот и да пратат повторлив радио сигнал. Набргу го пронаоѓаат ко-пилотот жив, но брзо потоа ќе биде убиен од мистериозно чудовиште. 
22 „Pilot, Part 2“
„Пилот (Втор дел)“
 
Џ.Џ. АбрамсЏефри Либер, Џ.Џ. Абрамс и Дејмон ЛинделофЧарли и Кејт29 септември 2004
17.00[6]
Група преживеаници барајќи повисоко место за да добијат радио сигнал се нападни од бела мечка, која потоа Соер ја убива. На плажата федерален агент се буди за време на операцијата и го прашува Џек каде е Кејт, а во флешбекот се покажува дека таа била придружена од маршалот. Во друг флешбек гледаме дека Чарли е зависник од хероин
33 „Tabula Rasa“
„Празна Плоча“
 
Џек БендерДејмон ЛинделофКејт6 октомври 2004
16.54[7]
Џек дознава дека Кејт е бегалец. Кејт бара од Соер да го убие а Соер го прави тоа, мислејќи дека тоа ќе го спаси од разоткривање на неговата мистерија. Флешбековите го покажуваат животот Кејт на австралиска фарма, додека не е фатена од маршалот. 
44 „Walkabout“
„Добивање нозе“
 
Џек БендерДејвид ФјуриЛок13 октомври 2004
18.16[8]
Трупот на авионот е запален. Додека Лок лови диви свињи наидува на чудовиштето, но не кажува на никој за тоа. Во флешбекот гледаме дека Лок бил инвалид во инвалидска количка, но по рушењето на авионот, тој проодел. 
55 „White Rabbit“
„Бел зајак“
 
Кевин ХуксКристијан ТејлорЏек20 октомври 2004
16.82[9]
Бун ги краде резервите на вода за да им ја даде на сите, Но преживеаниците го фаќаат на дело. Џек ко среќава неговиот мртов татко како стои и е жив, почнува да го брка. Татко му го носи до извор со чиста вода. Додека преживеаниците се караат за недостигот на вода, Џек им кажува дека нашол извор со вода, но за да ги однесе таму, тој бара преживеаниците да живеат заедно. 
66 „House of the Rising Sun“
„Куќа на изгрејсонцето“
 
Мајкл ЗинбергХавиер Грило-МарксачСан27 октомври 2004
16.83[10]
Неколку преживеаници се преместуваат во пештерите, додека пак другите остануваат на плажата.Лок ја менува гитарата на Чарли за неговиот хероин. Сан му открива на Мајклдека знае да збори англиси. Флешбековиите покажуваат дека Џин треба да работи за таткото на Сан, за да ја добие нејзината рака. Една вечет Џин се враќа дома со крвави раце. 
77 „The Moth“
„Молецот“
 
Џек БендерЏенифер Џонсон и Пол ДиниЧарли3 ноември 2004
18.73[11]
Чарли го бара хероинот од Лок, но Лок му вели дека ќе му го даде кога ќе го побара за третпат. Подоцна, Чарли го бара хероинот по третпат, а кога Лок му го дава, Чарли го фрла во оганот.drugs the third time Charlie asks. Флешбекот покажува дека братот на Чарли го навлекол него на хероинот. 
88 „Confidence Man“
„Човек од доверба“
 
Такер ГејтсДејмон ЛинделофСоер10 ноември 2004
[12]
Шенон добива астма, а Џек и Саид брутално го измачуваат Соер бидејќи се сомневаат дека тој ги земал инхалаторите за астма и ги сокрил. Кејт го чита писмото кое Соер секогаш го носи со себе, и открива некои застрашувачки тајни за него. Од флешбековите дознаваме дека кога Соер бил дете, еден човек кој се викал Соер, ја вовлекол мајка му во измама, а потоа спиел со неа и ја убил. Подоцна Соер и самиот станал измамник. 
99 „Solitary“
„Војска“
 
Грег ЈаитеинсДејвид ФјуриСаид17 ноември 2004
17.64[13]
Саид наоѓа кабел на плажата кој води во шумата. Следејќи го, тој е фатен во стапица направена од Русо, жената која ја пратила радио пораката. Русо му кажува на Саид дека била дел од група на научници чии брод се урнал на островот пред шеснаесет години. Во флешбековите, Саид има задача да ја измачува Надја, која била негова пријателка од детството. Неговиот супервизор му кажува да ја убие, но наместо тоа, тој и помага во нејзиното бегство. 
1010 „Raised by Another“
„Одгледан од друг“
 
Мерита ГребјакЛин И. ЛитКлер1 декември 2004
17.15[14]
Лошо повреден, Саид се враќа во кампот и им кажува на другите преживеаници дека островот не е толку напуштен како што изгледа. Клер се буди врескајќи две ноќи по ред, и тврди дека некој ја држел и удирал по стомакот. Овие факти го вознемируваат Харли, и затоа тој решава да направи список на преживеаниците. Кога Харли ја споредува својата листа, со листата од авионот, открива дека Итан не бил на авионот. Во флешбековите, Клер дознава дека е бремена, и нејзиното момче ја напушта. Таа оди кај гатач кој предвидува дека голема опасност го опкружува бебето. 
1111 „All the Best Cowboys Have Daddy Issues“
„Сите најдобри каубои имаат проблеми со татковците“
 
Стефан ВилиамсХавиер Грило-МарксачЏек8 декември 2004
18.88[15]
Клер и Чарли се киднапирани од Итан, а две групи од Џек и Кејт, и Лок и Бун ги бараат. Џек наидува на Итан кој го предупредува дека ќе убие еден од заложниците. Џек и Кејт го пронаоѓаат Чарли кој е обесен на гранка од дрво. Џек прави вештачко дишење на Чарли и го враќа во живот. Додека пак, Бун и Лок откриваат парче метал закопано во земјата. Во флешбековите, Џек им признава на комисијата дека татко му бил под дејство на алкохол додека извршувал операција. 
1212 „Whatever the Case May Be“
„Што и да е во прашање“
 
Џек БендерДејмон Линделоф и Џенифер ЏонсонКејт5 јануари 2005
21.59[16]
Пливајќи, Кејт го пронаоѓа заклучениот куфер на маршалот. Џек се согласува да и помогне да го отвори, но само ако му дозволи да види што има во него. Во куферот има четири пиштоли и играчка авион. Кејт вели дека играчката припаѓала на човек кого таа го сакала и го убила. Во флешбековите, Kate says the airplane belonged to the man she loved—and killed. In a flashback, Кејт ограбува банка за да би дошла до играчката. 
1313 „Hearts and Minds“
„Срца и Умови“
 
Род ХолкомбКарлтон Кјуз и Хавиер Грило-МарксачБун12 јануари 2005
20.81[17]
Врската на Шенон со Саид станува по приватна . Лок и Бун се обидуваат да влезат во отворот кој го најдоа. Бун сака да ѝ каже на Шенон за отворот, но Лок му дава дрога од која Бун хаулцинира и заборава на Шенон. Во флешбековите, Бун се обидува да се реши од момчето на шенон со тоа што му плаќа за да ја напушти, но открива дека тоа била измама смислена од Шенон која продолжува да спие со Бун
1414 „Special“
„Посебен“
 
Грег ЈетејнсДејвид ФјуриМајкл и Волт19 јануари 2005
19.69[18]
изнервиран, Мајкл се соочува со Волт, кој учи како да фрла нож од Лок, и бара од него да му помогне со правењето сплав, но волт бега во шумата и исчезнува. Мајкл и Лок го следат и дознаваат дека е фатен од бела мечка. Мајкл си го ризикува животот за да го спаси Волт. Подоцна, Лок и Бун ја пронаоѓаат Клер која лута по џунглата. Од флешбековите дознаваме дека кога Волт бил бебе, неговата мајка нашла работа во Амстердам, и го понела бебето со неа. Кога Волт имал само две години, мајка му се омажила за нејзин колега по име Брајан. Кога мајката на Волт умрела, Брајан не сакал старателство над Волт бидејќи бил чуден. 
1515 „Homecoming“
„Враќање дома“
 
Кевин ХуксДејмон ЛинделофЧарли9 февруари 2005
19.48[19]

Клер е повторно меѓу преживеаниците, но последната работа на која се сеќава е летот. Итан налетува на Чарли и му кажува дека ќе ги убие сите преживеаници, еден по еден, сè додека не ја добие Клер назад. Со пиштолите кои ги најдоа во куферот на маршалот, и со Клер како мамка, Џек, Кејт, Лок, Саид и Соер

Поставуваат стапица. Стапицата работи, и Итан е заробен. Иако планот беше да го заробат Итан, Чарли заради одмазда, го убива. Во флешбековите, Чарли краде пари за дрога од неговата богата девојка. 
1616 „Outlaws“
„Одметници“
 
Џек БендерДру ГогардСоер16 февруари 2005
17.87[20]
Соер станува опседнат со пронаоѓањето на белата мечка која му го уништи шаторот, и оди во шумата со Кејт за да ја најде. Сепак кога ја наоѓа, не ја убива, туку својот пиштол му го дава на Џек кој сега ги има сите огнени оружја во куферот на маршалот. Соер сфаќа дека го запознал таткото на Џек во Австралија. Во флешбековите, Соер патува за еден човек кој мисли дека е вистинскиот Соер кој му го уништил животот, во Австралија, Соер го убива тој човек, но дознава дека тоа не е вистинскиот Соер. 
1717 „...In Translation“
„Во превод...“
 
Такер ГејтсХавиер Грило-Марксач & Леонард ДикЏин23февруари 2005
19.49[21]
Мајкл продолжува со работата на сплавот кој има место само за уште еден човек, откако Соер си обезбеди место давајќи материјали за градба. Сплавот се запалува, и сите го криват Џин за тоа. Следното утро, Мајкл го претепува Џин. Но Сан му кажува дека Џин не го запалил сплавот. Сите, вклучувајќи го и Џин се изненадени од сознанието дека Сан знае англиски. Лок се сомнева во Другите. А Мајкл одлучува да направи нов сплав. Сан оди да го види Џин кој и вели дека е предоцна да се почне одново. Џин оди на плажата за да му помогне на Мајкл со новиот сплав, на кој тој го заработува последното слободно место. Волт му признава на Лок дека тој го запалил сплавот, бидејќи го сакал островот. Во флешбековите, откриено е зошто во флешбекот од шестата епизода, Џин имаше крвави раце. 
1818 „Numbers“
„Броеви“
 
Ден АтиасБрент Флечер и Дејвид ФјуриХарли23 февруари 2005
18.85[22]
Харли ги пронаоѓа изгубените документи на Русо, во кои броевите 4, 8, 15, 16, 23 и 42, се повторуваат, осум пати. Истите броеви, Харли ги користел кога добил на лото. Харли сам ја пронаоѓа Русо, која му кажува дека броевите се емитувале на радио сигналот пред таа да ја промени пораката. Во флешбековите, Харли добива на лото, но сите околу него ги следи лоша среќа. 
1919 „Deus Ex Machina“
„Господ од машина“
 
Роберт МанделКарлтон Кјуз и Дејмон ЛинделофЛок30 март 2005
17.75[23]
Лок губи чувство во неговите нозе. Лок и Бун откриваат тело на свештеник во шумата кој носел пиштол, а на дрво наоѓаат мал авион. Бун се прекачува на дрвото и го користи радиото во авионот за да испрати порака „Ние сме преживеаниците на Окенскиот лет 815” по што од другата страна непознат глас вели: „Ние сме преживеаниците на Окенскиот лет 815“. Авионот паѓа, а Лок го носи тешкоповредениот Бун во кампот. Во флешбековите, Лок си ги запознава родителите, а неговиот татко со измама доаѓа до неговиот бубрег. 
2020 „Do No Harm“
„Не повредувај“
 
Стефан ВилиамсЏенет ТамароЏек6 април 2005
17.12[24]
Бун му открива на Џек дека заедно со Лок пронашле некој отвор, и дека Лок му забранил да каже на некој за тоа. Џек се обидува да го спаси, но не успева, и Бун умира. Во меѓувреме Клер се породува и раѓа син. Ретроспективи покажуваат како Џек се оженил со Сара – поранешна пациентка која успешно ја оперирал. 
2121 „The Greater Good“
„Добри намери“
 
Дејвид ГросманЛеонард ДикСаид4 мај 2005
17.20[25]
Лок пристигнува на погребот на Бун, но е нападнат од Џек. Додека Џек спие, Шенон го краде клучот од куферот, и со пиштол почнува да го бара Лок. Саид налетува на Шенон, точно во моментот кога таа пука во Лок, куршумот пролетува близу до неговата глава. Саид бара од Лок да го одведе до отворот. Во ретроспективите, Саид станува известувач на австралиската Тајна Обавестувачка Служба, и ЦИА, кои бараат од него да ги одведе до терористот Ешам. 
2222 „Born to Run“
„Родена да бега“
 
Такер ГејтсХавиер Грило-Марксач, Едвард Китсис и Адам ХорвитсКејт11 мај 2005
17.10[26]
Саид и Лок му го покажуваат отворот на Џек, кој верува дека треба да го отворат. Волт го предупредува Лок за да не го отвори отворот, иако никој не му кажа дека постои некаков отвор. Кејт сака место на сплавот, заканувајќи се дека ќе го заземе местото на Соер. Мајкл е отуен, и го брка Соер од сплавот. Соер им открива на сите дека Кејт е поранешен бегалец. Волт му признава на Мајкл дека он е одговорен за пожарот, и иако Мајкл вели дека не му смета да останат, Волт инсистира да заминат. Во флешбековите, Кејт се враќа во родниот град, за да ја посети мајка си. Но кога мајката на Кејт ја забележува, таа почнува да вреска за помош. 
2323 „Exodus Part 1“
„Отселување (прв дел)“
 
Џек БендерДејмон Линделоф и Карлтон КјузВолт, Соер, Џек, Кејт, Шенон и Сан18 мај 2005
18.62[27]
Русо доаѓа на плажата за да ги предупреди преживеаниците дека другите доаѓаат. И им раскажува повеќе од својата приказна. Таа била трудна кога дошла на островот но другите (најавени од црн дим) и го земале ненето. Набрзо и другите преживеаници забележуваат црн дим во далечината. Џек, Лок и Саид и кажуваат на Русо за отворот, и дека треба да го отворат. Русо им нуди динамити од бродот со кој се урнала на островот. Џек, Лок, Кејт, Харли, Артз и Русо стигнуваат до бродот за да земаат динамити. Во флешбековите, неколку преживеаници се прикажани неколку часа пред летот. 
2424 „Exodus Part 2“
„Отселување (втор дел)“
 
Џек БендерДејмон Линделоф и Карлтон КјузЏин, Чарли, Мајкл, Харли и Лок25 мај 2005
20.71[28]
Русо го напушта бродот, и екплозив експлодира во рацете на Артз, и тој умира. Џек, Лок, Кејт и Харли налетуваат на црниот чад. Русо го краде бебето на Клер, со намера да го замени за својата ќерка која е со другите. Саид и Чарли наидуваат на црниот чад, и се упатуваат кон плажата на која никој не е таму освен црниот чад, логорскиот оган, и Русо со Арон. Русо го враќа Арон и им кажува дека слушна дека другите го сакат “детето на сплавот”. Соер, Мајкл, Волт и Џин додека се во сплавот, наидуваат на другите кои го сакаат Волт, но бидејќи Мајкл не сака да им го даде, тие им го разнесуваат сплавот, го застрелуваат Соер, и насилно го киднапираат Волт. На островот, Џек, Кејт, Лок и Харли ги поставуваат динамите и го отвораат отворот. 

Наводи

уреди
  1. „Show description“. ABC Medianet. Посетено на 2007-09-07.
  2. „Lost — The Complete 1st Season“. TV Shows on DVD.com. Архивирано од изворникот на 2007-02-27. Посетено на 2007-09-09.
  3. „Producers“. ABC Medianet. Посетено на 2007-09-07.
  4. Податоците се во милиони и се однесуваат на САД
  5. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. September 29, 2004. Архивирано од изворникот на July 18, 2014. Посетено на July 30, 2008.
  6. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. October 5, 2004. Архивирано од изворникот July 18, 2014. Посетено на July 30, 2008.
  7. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. October 12, 2004. Архивирано од изворникот June 1, 2009. Посетено на July 30, 2008.
  8. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. October 19, 2004. Архивирано од изворникот на June 1, 2009. Посетено на July 30, 2008.
  9. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. October 26, 2004. Архивирано од изворникот August 11, 2014. Посетено на July 30, 2008.
  10. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. November 2, 2004. Архивирано од изворникот August 11, 2014. Посетено на July 30, 2008.
  11. „Weekly Program Rankings Report“. ABC Medianet. November 9, 2004. Архивирано од изворникот на August 11, 2014. Посетено на July 30, 2008.
  12. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. November 16, 2004. Архивирано од изворникот на October 10, 2014. Посетено на July 30, 2008.
  13. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. November 23, 2004. Архивирано од изворникот December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  14. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. December 7, 2004. Архивирано од изворникот December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  15. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. December 14, 2004. Архивирано од изворникот на December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  16. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. January 11, 2005. Архивирано од изворникот May 27, 2010. Посетено на July 30, 2008.
  17. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. January 19, 2005. Архивирано од изворникот на December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  18. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. January 25, 2005. Архивирано од изворникот February 23, 2009. Посетено на July 30, 2008.
  19. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. February 15, 2005. Архивирано од изворникот на December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  20. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. February 23, 2005. Архивирано од изворникот на December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  21. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. March 1, 2005. Архивирано од изворникот December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  22. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. March 8, 2005. Архивирано од изворникот January 7, 2009. Посетено на July 30, 2008.
  23. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. April 5, 2005. Архивирано од изворникот December 27, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  24. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. April 12, 2005. Архивирано од изворникот December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  25. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. May 10, 2005. Архивирано од изворникот December 21, 2008. Посетено на July 30, 2008.
  26. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. May 17, 2005. Архивирано од изворникот March 11, 2015. Посетено на July 30, 2008.
  27. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. May 24, 2005. Архивирано од изворникот на May 16, 2009. Посетено на July 30, 2008.
  28. „Weekly Program Rankings“. ABC Medianet. June 1, 2005. Архивирано од изворникот February 29, 2012. Посетено на July 30, 2008.