Комунистичка партија на Грција

(Пренасочено од KKE)

Комунистичката партија на Грција (КПГ) (на грчки: Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας, Коммунистикó Кóмма Еллáдас), позната под акронимот ККЕ, е најстарата и историски најактивната партија во Грција. Активна е од 1918, сè до денешен ден.

Комунистичка партија на Грција
Κομμουνιστικό Κόμμα Ελλάδας
Генерален секретарДимитрис Куцумбас
Основана17 ноември [ст. ст. 4 ноември] 1918 како SEKE
ВесникРизоспастис
Студентско крилоПанспудастики
МладинаКомунистичка младина на Грција
Синдикално крилоСеработнички борбен фронт
Идеологијакомунизам,
макрсизам-ленинизам
Полит. положбалевица
Меѓународна припадностМеѓународниот собир на комунистички и работнички партии [en]
Меѓународен комунистички семинар [en]
Европска припадностИницијатива на комунистичките и работничките партии [en]
Европски парламентНезависни
Бои     црвена
Парламент
15 / 300
Европски парламент
2 / 21
Гувернери
0 / 13
Советници во регионални собранија
48 / 703
Градоначалници
1 / 332
Мрежно место
kke.gr
Знаме
Политика на Грција
Политички партии
Избори

Основање и идеологија

уреди

Основана е во Солун на 4 ноември 1918 година, од страна на солунскиот Евреин Аврам Бенароја под името Социјалистичка работничка партија на Грција (акроним: SEKE, на грчки: Σοσιαλιστικό Εργατικό Κόμμα Ελλάδας, Сосиалистикó Ергатикó Кóмма Еллáдас). Во 1920 година е преименувана во Социјалистичка работничка партија на Грција - комунисти (SEKE-K), а во 1924 година го добива денешното име, Комунистичката партија на Грција (ККЕ).

На својот трет вонреден конгрес во 1924 година, КПГ го прифаќа марксизмот-ленинизмот како официјална идеологија, втемелен врз принципот на демократски централизам. Партијата до ден денес се раководи од овие принципи.

Дејност

уреди

До 1941

уреди

Уште од своето формирање партијата се бори за правата на работните маси, и е единствена партија во Грција која застанува во заштита на етничките малцинства.

КПГ Грчко-турската војна 1919-1922 ја оквалификува како империјалистичка и ги повикува грчките војници да дезертираат.

КПГ и нејзиниот печатен орган „Ризоспастис“ е единствената партија која го заштитува правото на етничките Македонци од Егејска Македонија на самоопределување, користење на мајчин јазик и други културни права.

Дури во 1934 година, КПГ потпишува декларација со која ја поддржува идејата за создавање на независна република Македонија обединета во нејзините етнички и географски граници. Но во 1937 се откажува од оваа декларација, заради сменетите услови во Северна Грција, каде што Македонците не се веќе предоминантно население.

Партијата е забранета во 1936 година од страна на грчкиот фашистички диктатор Јоанис Метаксас, и голем дел од нејзините членови се или ликвидирани или заточени по островите.

 
Спомен плоча на зградата во Пиреј каде што е одржан првиот конгрес на партијата
 
Зградата каде што е одржан првиот конгрес на партијата

Втора светска војна и Граѓанската војна

уреди

По фашистичката окупација на Грција, КПГ го организира отпорот против окупаторите, и го формира ЕАМ, и нејзината партизанска армија ЕЛАС. По завршувањето на Втората светска војна, КПГ го потишува Договорот од Варкиза со кој ветува разоружување на ЕЛАС, а привремената влада во Атина потпомогната од британската интервенција ветува учество на КПГ во политичкиот процес. Откако увидуваа дека е изиграна, ЦК на КПГ ја формира Демократската Армија на Грција и започнува преговори со претставниците на Народно-ослободителниот Фронт на Македонците од Егејска Македонија (кој по неговото формирање во 1945, се претвора во моќен фактор) за обединување на силите.

По обединувањето на ДАГ со НОФ, започнува Грчката граѓанска војна, која трае 4 години. Иако првите три години ДАГ, под раководство на генерал Маркос Вафијадис успева да нанесе огромни жртви на монархо-фашистите и да создаде слободни територии, во 1948 доаѓа до смена на раководството на Демократксата армија и на нејзино чело доаѓа генералниот секретар на КПГ Никос Захаријадис, кој герилската тактика ја заменува со фронтална. Во 1949 ДАГ е поразена во втората битка за Вичо, и со целиот свој состав ја напушта Грција.

Повоениот период

уреди

КПГ иако во прогон, постои да постои и да функционира. Челниците на КПГ се населени на територијата на Советскиот Сојуз, и во Казахстан до 1957 година одржуваат 4 конгреса. Во Грција пак, за тоа време, КПГ останува забранета, а од 1950 до паѓањето на владата на хунтата во 1973, стотици активисти на КПГ се стрелани и интернирани.

Денес

уреди

Во 1974 со акт на грчката влада, КПГ е легализирана, и влкучена во политичкиот живот на Грција. Од тогаш, до денес КПГ активно учествува на изборите, притоа на изборите во 2004 година добивајќи скоро 10% од гласовите.

КПГ и Македонија

уреди
Податотека:Одлука за признавање на правата на Македонците од КПГ.tif
Одлуката на КПГ, за признавање на Македонците и нивното право за самоопределување.

Голем е и бројот на македонските членови на КПГ кои својот живот го даваат за заедничките идеали на демократскиот македонски и грчки народ - Лазо Ангеловски, Мирка Гинова, Лазо Трповски и други.

Комунистичката партија на Грција е единствената организација во Грција која ги признала правата на самобитноста на Македонците. Тоа го прави во 1934, и во историскиот петти пленум кога тогашниот водач Никос Захаријадис го признава правото на Македонците за самоопределување и формирање на обединета македонска држава. Во својата изјава тој рекол: „... поради невидената храброст на борецот Македонец, како и заради натчовечката саможртва на целиот македонски народ, утре во една слободна демократска Грција управувана од КПГ, Славомакедонците сами ќе си го решат националното прашање“.

И денес, КПГ е единствената партија која го поддржува решавањето на спорот со името на поволен начин за Македонците. Според КПГ, државата има право да се вика Република Македонија, додека народот да се вика Славомакедонци.

 
Маркос Вафијадис, водачот на ДАГ од 1946-1948.

Конгреси на Комунистичката партија на Грција

уреди
  • Прв конгес – ноември 1918, Пиреј
  • Втор конгрес – април 1920, Атина
  • Вонреден предизборен конгрес – септември 1920, Атина
  • Вонреден конгрес – октомври 1922, Атина
  • Вонреден предизборен конгрес – Септември 1923, Атина
  • Трет (вонреден) конгрес – 26 ноември – 3 декември 1924, Атина
  • Трет (редовен) конгес – март 1927, Атина
  • Четврти конгрес – декември 1928, Атина
  • Петти конгрес – март 1934, Атина
  • Шести конгрес – декември 1935, Атина
  • Седми конгрес – октомври 1945, Атина
  • Осми конгрес – август 1961 (нелегален)
  • Деветти конгрес – декември 1973 (нелегален)
  • Десетти конгрес – мај 1978
  • Единаесетти конгрес – декември 1982, Атина
  • Дванаесетти конгрес – мај 1987
  • Тринаесетти конгрес – 19–24 февруари 1991, Атина
  • Четиринаесетти конгрес – 18–21 декември 1991, Атина
  • Петнаесетти конгрес – 22–26 мај 1996, Атина
  • Шеснаесетти конгрес – 14–17 декември 2000, Атина
  • Седумнаесетти конгрес – 9–12 февруари 2005, Атина
  • Осумнаесетти конгрес – 18–22 февруари 2009, Атина
  • Деветнаесетти конгрес – 11–14 април 2013, Атина
  • Дваесетти конгрес – 30 март - 2 април 2017, Атина

Делегации на ККЕ имаат учествувано на меѓународни конфернции на комунистички и работнички партии одржани во 1957, 1960 и 1969 во Москва. ККЕ ги има одобрено одлуките донесени на овие конференции.

Список на секретари

уреди
 
Никос Захаријадис, водачот на КПГ, за време на Граѓанската војна во Грција, кој го призна правото на Македонците за самоопределување
 
Андреја Чипов (десно) со Лазо Трповски (лево) во 1930-тите
  1. Николас Димитратос (ноември 1918 – февруари 1922), избркан од партијата по обвиненија за сомнително однесување
  2. Јанис Кордатос (февруари–ноември 1922), избркан од партијата по обвиненија за искривување на марксизмот
  3. Николас Саргологос (ноември 1922 – септември 1923), избркан од партијата по обвиненија за шпионажа
  4. Томас Апостолидис (септември 1923 – декември 1924), избркан од партијата по обвиненија за опортинизам
  5. Панделис Пулиопулос (декември 1924 – септември 1925), избркан од партијата по обвиненија за провокативно однесување
  6. Елефтериос Ставридис (1925–1926), избркан од партијата по обвиненија за про-буржоаски политички погледи
  7. Пастиас Јацопулус (септември 1926 – март 1927), избркан од партијата по обвиненија за ликвидаризам
  8. Андроникос Хаитас (март 1927 – 1931), избркан од партијата и погубен во СССР во 1935
  9. Никос Захаријадис (1931–1936), избркан од партијата, но подоцна го има обновено членството
  10. Андреја Чипов (Андреас Ципас) (јули 1941 – јануари 1942), избркан од партијата по обвиненија за авантуризам а
  11. Георгос Сиантос (јануари 1942 – 1945), избркан од партијата по обвиненија дека бил агент провокатор
  12. Никос Захаријадис (1945 – 1956), втор мандат по обновување на членството
  13. Апостолос Грозос (1956)
  14. Константинос Колигиангис (1956 – 1972)
  15. Карлос Флоракис (1972 – 1989)
  16. Григорис Фракос (1989 – 1991), се повлекол со цел да се приклучи на Синасписмос
  17. Алека Папарига (1991 – 2013)
  18. Димитрис Куцумбас (2013 –)

а Единствен Македонец на позиција на генерален секретар на комунистичка партија на балканот во меѓувоениот период. Најверојатната причина за неговото сменување е неговата негрчка етничка припадност.

Изборни резултати

уреди

Парламент на Грција

уреди
Избори Парламент на Грција Ранк Влада Генерален Секретар
Гласови % ±пп Места +/−
1974 со Обединета левица
8 / 300
8 4ти Опозиција Карлос Флоракис
1977а 480,272 9.4% -0.1
11 / 300
3 4ти Опозиција Карлос Флоракис
1981 620,302 10.9% +1.5
13 / 300
2 3ти Опозиција Карлос Флоракис
1985 629,525 9.9% -1.0
12 / 300
1 3ти Опозиција Карлос Флоракис
јуни 1989б 855,944 13.1% +3.2
28 / 300
16 3ти Преодна влада
НДСИН
Карлос Флоракис
ноември 1989б 734,611 11.0% -2.1
21 / 300
7 3ти Влада на национално единство
НДПАСОКСИН
Григорис Фракос
1990б 677,059 10.3% -0.7
19 / 300
2 3ти Опозиција Григорис Фракос
1993 313,001 4.5% -5.8
9 / 300
10 4ти Опозиција Алека Папарига
1996 380,046 5.6% +1.1
11 / 300
2 3ти Опозиција Алека Папарига
2000 379,454 5.5% -0.1
11 / 300
±0 3ти Опозиција Алека Папарига
2004 436,818 5.9% +0.4
12 / 300
1 3ти Опозиција Алека Папарига
2007 583,750 8.2% +2.3
22 / 300
10 3ти Опозиција Алека Папарига
2009 517,154 7.5% -0.7
21 / 300
1 3ти Опозиција Алека Папарига
мај 2012 536,105 8.5% +1.0
26 / 300
5 5ти Опозиција Алека Папарига
јуни 2012 277,227 4.5% -4.0
12 / 300
14 7ми Опозиција Алека Папарига
јануари 2015 338,138 5.5% +1.0
15 / 300
3 5ти Опозиција Димитрис Куцумбас
септември 2015 301,632 5.6% +0.1
15 / 300
±0 5ти Опозиција Димитрис Куцумбас
2019 299,592 5.3% -0.3
15 / 300
±0 4ти Опозиција Димитрис Куцумбас

а Резултатите од 1977 споредени со тие на Обединета левица на изборите во 1974.
б Како дел од Коалиција на левицата и прогресот.

Европски парламент

уреди
Европски парламент
Избори Гласови % ±пп Места +/− Ранк Генерален Секретар
1981 729,052 12.8% Нова
3 / 24
3 3ти Карлос Глоракис
1984 693,304 11.6% -1.2
3 / 24
±0 3ти Карлос Глоракис
1989а 936,175 14.3% +2.7
4 / 24
1 3ти Карлос Глоракис
1994 410,741 6.3% -8.0
2 / 25
2 4ти Алека Папарига
1999 557,365 8.7% +2.4
3 / 25
1 3ти Алека Папарига
2004 580,396 9.5% +0.8
3 / 24
±0 3ти Алека Папарига
2009 428,151 8.4% -1.1
2 / 22
1 3ти Алека Папарига
2014 349,342 6.1% -2.3
2 / 21
±0 6ти Димитрис Куцумбас
2019 302,677 5.4% -0.7
2 / 21
±0 4ти Димитрис Куцумбас

а Како дел од Коалиција на левицата и прогресот.

Поврзано

уреди