Вич

врв на Нередска Планина, Егејска Македонија
(Пренасочено од Вичо)

Вич (на грчки Вици) е највисокиот врв на Нередска Планина со 2.128 метри надморска височина. Се наоѓа во крајниот западен дел на Егејска Македонија, југозападно од градот Лерин во правец на областа Преспа и албанско-грчката граница. Врвот Вич е делумно каменест и опкружен со високи треви, а до него се стигнува низ густи зимзелени шуми.

За време на Граѓанската војна во Грција (1945-1949) на врвот Вич на Нередска Планина се одржала најголемата битка помеѓу ДАГ и владините монархофашистички сили. Најголем број од борците во составот на ДАГ го сочинувале Македонци, а сосема мал дел биле Грци (претежно команден кадар). Неколку години пред Битката на Вич се одржало и советувањето и обединувањето помеѓу КПГ и НОФ. На Вич денес стои црква „Св. Јован Претеча“, изградена во чест на владините борци.

Вич како тема во народната поезија уреди

  • „Голем мерак имам, мамо“ - македонска народна песна.[1]
  • „На Вичо, еј Вичо планина“ - македонска народна песна.[2]
  • „Покрај Вичо брезно место“ - македонска народна песна.[3]

Наводи уреди

  1. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 54.
  2. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 62.
  3. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 114.

Поврзано уреди