Комунистичка младина на Грција

Комунистичката младина на Грција (на грчки: Κομμουνιστική Νεολαία Ελλαδας, Коммунистики́ Неолéа Еллáдас), позната под акронимот KNE (КНЕ) — младинското крило на Комунистичката партија на Грција (KKE).

Комунистичка младина на Грција
Κομμουνιστική Νεολαία Ελλάδας
Генерален СекретарНикос Абатиелос
Основана15 септември 1968
ПретходникОрганизација на комунистичката младина на Грција
ВесникОдигитис
Матична партијаКомунистичка партија на Грција
Студентско крилоПанспудастики
Идеологијакомунизам
марксизам-ленинизам
Мрежно место
kne.gr
int.kne.grа

а меѓународна страница

Го издава месечниот весник Одигитис (грчки: Οδηγητής, Водич) и го организира фестивалот Одигитис во повеќето големи градови во Грција.

КМГ е член на Светската федерација на демократската младина.

Историја уреди

КМГ е основана на 15 септември 1968, со одлука на политбирото на централниот комитет на ККЕ, за време на воената хунта како организација со револуционерни и комунистички идеали. КМГ е историски наследник на Организација на комунистичката младина на Грција (OKNE, на грчки: Ομοσπονδία Κομμουνιστικών Νεολαιών Ελλάδας, Омоспонди́а Коммунистикóн Неолеóн Еллáдас).

Конгресите на КМГ уреди

  • Прв конгрес (19–22 февруари 1976)
  • Втор конгрес (4–7 април 1979)
  • Трет конгрес (14–18 декември 1983)
  • Четврти конгрес (1–5 јуни 1988)
  • Петти конгрес (25–27 јануари 1990)
  • Шести конгрес (19–21 март 1993)
  • Седми конгрес (1–4 мај 1997)
  • Осми конгрес (21–23 декември 2001)
  • Деветти конгрес (12–14 мај 2006)
  • Десетти конгрес (7–9 мај 2010)
  • Единаесетти конгрес (18–21 декември 2014)
  • Дванаесетти конгрес (15-17 февруари 2019)

Список на секретари уреди

  1. Димитрис Ципрас (1968-1972)
  2. Димитрис Гонтикас (1972-1979)
  3. Спирос Халваѕис (1979-1984)
  4. Јоргос Грапсас (1984-1989)
  5. Такис Теодорикакос (1989-1991)
  6. Никос Софјанос (1991-2000)
  7. Темис Јонис (2000-2007)
  8. Јанис Протулис (2007-2011)
  9. Теодорис Хјонис (2011-2015)
  10. Никос Абатиелос (2015-today)

Фестивал Одигитис уреди

Фестивалот Одигитис е серија на годишни фестивали организирани од КМГ во повеќето големи градови во Грција.