Чамски јазици

Чамски јазици или познати како ачешко-чамски се австронезиски јазици, дел од подгрупата на сундско-сулавески јазици од групата на малајско-полинезиски јазици. Овие јазици се зборуваат во Ачех, Индонезија и во делови на Камбоџа, Виетнам, и Хајнан, Кина. Овие јазици потекнуваат од прачамскиот јазик, и истиот се поврзува со сахујунската култура. Тие дошле на територијата на денешен Виетнам од Борнео или можеби Малајскиот Полуостров.[1]

Чамски јазици
Ачешко-чамски јазици
Географска
распространетост:
Индонезија, Камбоџа, Виетнам, Тајланд, Кина (Хајнан)
Класификација:австронезиски
Гранки:
горски
ISO 639-2 и 639-5:cmc

Најголем јазик од оваа група јазици е ачешкиот јазик со 3,5 милиони говорници, а потоа следуваат џарајски со 230,000 говорници и чамски јазик со 280,000 говорници. Најсеверен јазик е цатскиот јазик кој се зборува на Хајнан во Кина со околу 3,000 говорници.

ИсторијаУреди

Чамските јазици имаат најстара пишана историја од сите австронезиски јазици. Натписите од Донг Јен Чау, напишани на старочамски, датираат од 4 век.

Поради големиот број позајмени зборови од бахнарските јазици (кои пак се австроазиски јазици), денес има голем број слични зборови помеѓу овие јазици.[1][2]

Роџер Бленч (2006)[3] забележува дека аслиските јазици имаат голем број чамски зборови, што покажува дека во минатото имало чамски говорници на Малајскиот Полуостров.

КласификацијаУреди

Грахам Тургуд (1999:36) ја дава следнава класификација на чамските јазици.[1]

ЛитератураУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Thurgood, Graham (1999). From ancient Cham to modern dialects : two thousand years of language contact and change : with an appendix of Chamic reconstructions and loanwords. Honolulu: Univ. of Hawai'i Press. ISBN 0824821319.
  2. Sidwell 2009)
  3. Blench, Roger. 2006. Why are Aslian speakers Austronesian in culture? Papers presented at ICAL-3, Siem Reap, Cambodia.

Надворешни врскиУреди