8 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
451 | Во Калцедонија започнал Четвртиот вселенски собор. |
1600 | Сан Марино го усвоил привиот пишан устав во историјата со што станал првата уставна република. |
1793 | Во Париз за јавноста бил отворен музејот „Лувр“ кој дотогаш бил кралски дворец. |
1893 | Вилхелм Конрад Рентген ги открил таканаречените рендгенски зраци. |
1942 | Втора светска војна: Почнало големото истоварување на сојузничките трупи во Африка. Главен командант на операцијата бил генералот Двајт Ајзенхауер. |
1944 | На Скопска Црна Гора, Шеснаесеттата македонска НО бригада по тридневни борби ги одби нападите на балистичките сили од правецот на село Орман - село Бразда, кои се обидуваа да ја заземат комуникацијата Скопје - Качаник и да го овозможат сообраќајот на германските сили. |
1967 | Во Боливија е убиен Ернесто Че Гевара. Тој со Фидел Кастро учествуваше во Кубанската револуција и стана симбол на современ револуционер меѓу младите на Европа и на двете Америки. |
1979 | Основана Галеријата на икони во Прилеп — една од најзначајните збирки на духовна уметност во Македонија. |
1991 | Собранието на Хрватска донело одлука за раскинување на државно-правните врски со СФРЈ со која Хрватска станала независна држава. Ден на независноста на Хрватска. |
1995 | Руската воена врховна команда најави дека ќе ги насочи своите јадрени ракети кон Полска и Чешката Република доколку овие две земји му се приклучат на НАТО. |
2005 | Катастрофален замјотрес во Кашмир, Пакистан. Официјално загинале 87.350 лица, но според некои проценки, бројот на жртвите може да е поголем од 100.000. |