19 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
202 п.н.е. | Во Битката кај Зама, Римјаните предводени од Скипион Африканецот извојувале конечна победа против Картагинците и Ханибал во Втората пунска војна. |
1453 | Французите го освоиле Бордо со што завршила Стогодишната војна. Под англиска власт на француска земја останал само градот Кале на Ламанш. |
1469 | Фердинанд II од Арагон се оженил со Изабела I Кастиљска што било почеток на обединувањето на Арагон и Кастиља во една земја — Шпанија. |
1512 | Мартин Лутер станал доктор по теологија (лат. Doctor in Biblia). |
1812 | Наполеон почнал да се повлекува од Москва. |
1935 | Лигата на народите изгласа санкции против фашистичка Италија поради нападот врз Етиопија. |
1944 | Втора светска војна: трупите на САД се истоварија на Филипинските острови. Филипини целосни се ослободени од јапонската окупација во мај 1945 година. По завршувањето на војната, на 4 јули 1946 г. е прогласена независна Република Филипини. |
1994 | Рускиот премиер Виктор Черномирдин поднел писмо до претседателот Борис Елцин, во кое побарал да биде ослободен од должноста поради нарушено здравје. |
2002 | Во Тетово е убиен 18-годишниот Ванчо Јосифовски од страна на албански паравоени банди. |
2003 | Папата Јован Павле II со свечената процесија што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, ја беатифицира, односно прогласи за блажена Мајка Тереза, што е последен чин пред нејзиното прогласување за светица. |