1898 во филмот
Ова е преглед на настаните од 1898 година во филмот, вклучувајќи список на филмови и значајни луѓе кои биле родени или кои починале оваа година.
Години во филмот |
---|
Поврзани теми од периодот |
Настани
уреди- 19 мај - Витаграф е основан во Њујорк.
- Бирт Акрес го создава првиот аматерски формат, Биртак, разделувајќи го филмот од 35 mm во две половини од 17.5 mm.
- 27 август - Алфред Џон Вест создава претстава за филмот за Кралицата Викторија.
Филмови објавени во 1898
уреди- Сонот на астрономот, во режија на Жорж Мелјес
- Играта со топка
- Дојди, ајде!, во режија на Роберт В. Пол. Првиот мултисценски филм во историјата (Во овој филм 2 сцени се едитирани заедно за првпат во историјата).
- Тепачката меѓу Корбет и Шарки
- Тоа е виски од Дјуар, првиот филм со рекламни цели, произведен од страна на Едисон Студиос
- Дон Хуан Тенорио, првиот мексикански филм со заплет
- Ајфеловата кула, во режија на Луј Лимиер. Првата сцена снимена при движење на камерата во историјата. (Таа беше снимена од лифтот во Ајфеловата кула).
- Четирите проблематични глави, во режија на Жорж Мелјес
- Циркусот Хампти Дампти, во режија на Џ. Стјуарт Блектон
- Волшебникот, во режија на Жорж Мелјес
- Млинарот и оџачарот, во режија на Џорџ Алберт Смит
- Кратковидниот учител
- Фотографирањето на дух, во режија на Џорџ Алберт Смит
- Предавањето на генералот Торал
- Smích a pláč (Смеа и солзи), во режија на Јозеф Шваб-Малострански, првиот чешки филм
- Дедо Мраз, во режија на Џорџ Алберт Смит. Го вклучува првиот пример на паралелна акција во историјата на филмографијата.
Дебија
уредиРодени
уреди- 22 јануари
- Денис Легој, француска глумица (почина во 1968 година)
- Сергеј Ајзенштајн, руски режисер (почина во 1948)
- 23 јануари - Рендолф Скот, американски глумец (почина во 1987)
- 19 февруари - Вацлав Васерман, чешки глумец, сценарист и режисер (почина во 1967)
- 11 март - Дороти Гиш, американска глумица (почина во 1968)
- 27 март - Алма Тел, американска глумица (почина во 1934)
- 9 април - Пол Робсон, американски пејач и глумец (почина во 1976)
- 26 април - Џон Грирсон, шкотски документарен режисер (почина во 1972)
- 16 мај - Кенџи Мизогучи, јапонски режисер и сценарист (почина во 1956)
- 10 јули - Рене Бјорлинг, шведска глумица (почина во 1975)
- 19 јули - Оле Хилдинг, шведски глумец (почина во 1983)
- 23 јули - Бенгт Џурберг, шведски глумец (почина во 1941)
- 30 август - Ширли Бут, американска глумица (почина во 1992)
- 14 септември - Хал Б. Валис, американски филмски продуцент (почина во 1986)
- 23 септември - Јадвига Смосарска, полска глумица (почина во 1971)
- 3 октомври - Лео Макери, американски режисер (почина во 1969)
- 8 ноември - Мари Прево, канадско-американска глумица (почина во 1937)
- 20 декември - Ајрин Дан, американска глумица (почина во 1990)
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Josef Šváb Malostranský“. Československá filmová databáze (чешки). POMO Media Group, s. r. o. Посетено на 2011-07-07.
- ↑ „Salvador Toscano Barragan - Mexico's first filmmaker“. Посетено на 2008-07-16.