Шахот во 1933 година
Години во шахот |
---|
Поврзани теми од периодот |
Настани
уреди- 12-23 јули - во Фолкстон, Обединетото Кралство е одржана петтата шаховска олимпијада организирана од ФИДЕ.
- Светското првенство во женска конкуренција се одржало во рамки на Олимпијадата. Вера Менчик (Чехословачка) лесно ја одбранила титулата.
- Во Варна, за првпат е одржано првенството на Бугарија.
- Шаховскиот магазин Chess Review, за првпат е издаден од страна на Исак Кеждан. Најчитаниот американски шаховски магазин Chess Review се издавал од јануари 1933 до ноември 1969, кога се соединил со магазинот Chess Life, добивајќи го новото имеChess Life & Review.
Родени
уреди- Бурт Хохберг (починал 2006), американски шаховски автор и издавач
- 3 февруари — Раул Сангвинети (починал 2000), аргентински велемајстор
- 5 март – Евгени Васјуков, руски велемајстор
- 29 мај – Никола Падевски, бугарски велемајстор
- 30 септември – Јанош Флеш (починал 1983), унгарски велемајстор
- 7 октомври – Џонатан Пенроуз, англиски велемајстор и велемајстор во дописен шах
- 15 октомври – Задок Домниц, израелски мајстор
- 15 октомври – Џејмс Шервин, американски меѓународен мајстор
- 12 ноември – Борислав Ивков, српски велемајстор
- 13 ноември – Бухути Гургенидзе (починал 2008), советски и грузиски велемајстор
- 15 ноември – Егон Варнус (починал 2008), унгарски ФИДЕ мајстор и автор
Починале
уреди- 7 март – Херман фон Готшал (роден 1862), германски мајстор
- 27 март – Вилијам Самуел Винер (роден 1881), австралијански мајстор
- 23 април – Хенри Вилијам Бери (роден 1878/9), американски шаховски композитор и уредник на American Chess Bulletin
- 22 јули – Адолф Георг Оланд (роден 1867), холандски мајстор
- 17 октомври – Јохан Бергер (роден 1845), австриски мајстор, теоретичар, композитор на позиции во завршницата и издавач
Надворешни врски
уреди- 1933 низ таблите Архивирано на 7 август 2007 г.