Шахот во 1939 година
Години во шахот |
---|
Поврзани теми од периодот |
Настани
уреди- Издадено е последното (21.) издание од Стантоновата Шаховска тетратка.
- 21 август-19 септември - во Буенос Аирес, Аргентина е одржана осмата шаховска олимпијада организирана од ФИДЕ.
- Седмото светско првенство во женска конкуренција се одржало во рамки на Олимпијадата. Вера Менчик (Англија) ја одбранила титулата. Таа победила, остварувајќи резултат 18/19, оставајќи ги веднашзад себе Соња Граф (16/19) и Берна Касраско (15.5/19).
- Како последица на политичките случувања, по овој настан, многу шахисти одлучиле да останат во Аргентина или да се преселат на некое друго место во Јужна Амеррика, отколку да се вратат во завојуваната Европа. Шахистите, меѓу кои и Мигел Најдорф, Паулино Фридман, Гидон Шталберг, Ерих Елисказес, Паул Михел, Лудвиг Енгелс, Алберт Бекер, Хајнрих Рајнхарт, Јири Пеликан, ККарел Скаличка, Маркас Луцкис, Мовсас Феигинс, Илмар Рауд, Моше Черниак, Меир Раух, Виктор Винц, Аристид Громер, Францизек Сулик, Адолф Зајц, Крис де Ронде, Зелман Клајнштајн, Соња Граф и Паулета Шварцман.[1] Многу од нив биле Евреи и пристигнале во Буенос Аирес во август 1939 со бродот "Priapolis". По ова, бродот станал пример на Ноева арка на генерација шахисти. Забележливво, сите шахисти од репрезентацијата на Германија (Елисказес, Михел, Енгелс, Бекер, Рајнхарт) исто така одлучиле да не се вратат во Нацистичка Германија.
- 27 декември - Американската шаховска федерација и Националната шаховска федерација се соединиле во новоформираната Шаховска федерација на САД.[2]
Родени
уреди- 7 јануари – Иван Радулов, бугарски велемајстор
- 29 јануари – Хасн Јоаким Хехт, германски велемајстор
- 29 јануари – Ли Шонгџијан, кинески шахист
- 1 март – Лерој Дубек, шаховски мајстор
- 14 март – Стјуарт Рубен, британски шахист, организатор и арбитар
- 1 јуни – Јаков Бернштајн, израелски мајстор
- 27 август – Тудевин Ујтумен, монголски меѓународен мајстор
- 15 ноември – Шарлс Калме (починал 2002), американски меѓународен мајстор
Починале
уреди- Катерина Бесков (родена 1867), шведска шахистка
- 2 февруари - Бернхард Грегори (роден 1879), германски мајстор
- 8 февруари - Саломон Ланглебен (роден 1862), полски мајстор
- 11 февруари - Јан Квицала (роден 1868). чешки мајстор
- 28 мај - Ханс Фарни (роден 1874), швајцарски мајстор, во 1911 станал првиот шахист којшто одиграл симултанка против 100 проитивници
- 7 август - Паул Кругер (роден 1871), германски мајстор
- август - Алексеј Аљехин (роден 1888), руски мајстор, постар брат на Александар Аљехин
- септември - Јан Клецински (роден 1875), полски писател, новинар и шаовски мајстор
- септември - Карол Пилц (роден 1903), полски мајстор
- по 17 септември - Каликст Моравски (роден 1859), полски мајстор
- 26 септември - Ото Блати (роден 1860), шаховски композитор, кој го компонирал најдолгиот шаховски проблем (290 потези)
- 4 октомври - Лудвиг Колијн (роден ?), шведски официјален шаховски службеник
Наводи
уреди- ↑ „List of players who remained in Argentina in 1939 (notes in Spanish)“. Архивирано од изворникот 2006-05-24. Посетено на 2006-05-24.
- ↑ http://www.geocities.com/SiliconValley/Lab/7378/history.txt
Надворешни врски
уреди1939 низ таблите Архивирано на 4 јануари 2009 г.