Каде е мојот дом?
Каде е мојот дом (чеш. Kde domov můj?) е државна химна на Чешката Република.
макед. Каде е мојот дом? | |
---|---|
Текстот и нотите на химната | |
National химна на Чешка | |
Текст | Јозеф Кајетан Тил, 1834 г. |
Музика | Франтишек Шкроуп |
Усвоена | 1992 |
Звучен извадок | |
инструментална верзија | |
Текстот на химната потекнува од театарската претстава „Фидловачка“ (Fidlovačka aneb žádný hněv a žádná rvačka) на авторот Јозеф Кајетан Тил, што своја премиера имала во 1834 г. во Прага. Мелодијата ја компонирал Франтишек Шкроуп.
Текстот се состои од две строфи, од кои како химна се изведува само првата строфа[1], и тоа во изменет облик. (“чешка земја“, наместо “меѓу Чесите“)
Во некогашната држава Чехословачка оваа химна ја претставувала Чешка, додека другиот дел од химната била словачката химна Над Татрите светат (Nad Tatrou sa blýska).
Во периодот 1918-1938 г. во употреба била и германска верзија на оваа химна, поради значителното германско малцинство во државата (Судетски Германци).
Текст
уреди
Kde domov můj, |
Каде е мојот дом, |
Наводи
уреди- ↑ „Article 7 of Czech law n° 3/1993 Sb. on statehood emblems“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2012-03-05. Посетено на 2012-03-05.