Црква „Св. Троица“ - Фраштани
црква во Фраштани, Серско
Света Троица (грчки: Αγίας Τριάδος) — црква во селото Фраштани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.[1]
Света Троица | |
---|---|
Αγίας Τριάδος | |
41°12′26.9″N 23°35′17.3″E / 41.207472° СГШ; 23.588139° ИГД | |
Место | Фраштани, Серско |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | XIX век |
Управа | |
Архијерејско намесништво | Серско |
Епархија | Серско-нигритска |
Црквата се наоѓа во Горно Фраштани. Изградена во првата половина на XIX век, но точната година е непозната. Градбата претставува трикорабна базилика со нартекс на запад и југ. Има вредни икони од средината на XIX век.[1]
Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Петка“ и „Вознесение Христово“.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Ιερός Ναός Αγίας Τριάδος“. Ιερά Μητρόπολη Σερρών και Νιγρίτης. Посетено на 3 ноември 2014.