Финале на Светското првенство во фудбал 2018

Финалето на Светското првенство во фудбал 2018 година бил фудбалски натпревар со кој се одредил победникот на Светското првенство во фудбал 2018 година. Ова ќе биде 21-во финале на Светското првенство, турнир на кој учествуваат фудбалските репрезентации кој се членки на ФИФА. Финалето било одиграно на Лужники во Москва на 15 јули 2018 година.[3]

Финале на СП 2018
Стадионот Лужники во Москва бил домаќин на финалето
ПрвенствоСветско првенство 2018
Датум15 јули 2018 (2018-07-15)
СтадионСтадион Лужники, Москва
Играч на
натпреварот
Франција Антоан Гризман (Франција)
СудијаАргентина Нестор Питана
Гледачи78,011[1]
Временски приликиУмерено облачно
27 °C (81 °F)
51% влажност[2]
2014
2022

Во финалето играле Франција и Хрватска.

Франција победила во финалето со 4–2, откако воделе со 2–1 на полувремето со автогол и гол од пенал кој бил досуден со помош на video assistant referee системот којшто за првпат бил во употреба за време на едно финале на Светско првенство. Исто така тоа било првпат некој да постигне автогол за време на финале на некое Светско првенство. Франција исто така станала втората репрезентација после Бразил во 2002 која ги добила сите свој натпревари во нокаут-фазата без продолженија или пенали. Како светски шампион, Франција стекнала право да игра на ФИФА Купот на конфедерации во 2021 година.

Стадион

уреди
 
Надворешен изглед на Стадионот Лужники ноќе

Финалниот натпревар бил одигран на Стадионот Лужники во Москва, сместен во округот Хамовники, во Централниот административен округ. За домаќин на финалето на Светското првенство 2018, Стадионот Лужники бил избран на 14 декември 2012, после состанокот на извршниот комитет на ФИФА во Токио, Јапонија.[4] Покрај финалето, стадионот бил домаќин на уште шест други натпревари, вклучувајќи го и првиот натпревар со кој било отворено првенството на 14 јуни, како и вториот полуфинален натпревар меѓу Хрватска и Англија на 11 јули.[5][6]

Стадионот Лужники, претходно познат како Гранд арена на Централниот Ленин стадион до 1992, оторен е во 1956 година како дел од олимпискиот комплекс Лужники.[7] Лужники е национален стадион на фудбалската репрезентација на Русија, на кој се одиграни бројни натпревари на руската репрезентација, како и на Советскиот Сојуз. Претходно, стадионот како домашен го користеле неколку клубови: ЦСКА Москва, Торпедо Москва и Спартак Москва, но моментално не го користи ниту еден клуб.[8][9]

 
Внатрешност на Стадионот Лужники

Стадионот Лужники пред Светското првенство во фудбал 2018, угостил бројни други меѓународни настани. Бил главен стадион на Летните олимписки игри 1980; на него се одржани церемониите за отворање и затворање на игрите, како и натпреварувањата во атлетика, фудбал (четири натпревари, вклучувајќи го и финалето) и поединечни коњечки скокови. Стадионот бил домаќин на финалето на Купот на УЕФА 1999, како и финалето на Лигата на шампионите 2008. Од другите натпреварувања, на Стадионот Лужники е одржана Спартакијадата, финалето на Светското првенство во хокеј на мраз 1957, Летната универзијада 1973, Игрите на пријателството 1984, Годвилските игри 1986, Светските игри за млади 1998, Светското првенство во рагби седмица 2013, како и Светското првенство во атлетика 2013. Исто така на стадионот свој концерти одржале бројни музички ѕвезди како: Мајкл Џексон, The Rolling Stones, Мадона, Metallica, U2 и Red Hot Chili Peppers.[10] Московскиот музички фестивал на мирот бил одржан на стадионот во 1989.

Како стадион од категорија 4, Лужники е најголем стадион на Светското првенство 2018, со максимален капацитет од 81.006. Стадионот е исто така најголем во Источна Европа и осми наголем во Европа. Како дел од кандидатурата на Русија за Светското првенство, стадионот бил реконструиран и проширен; работите започнале во август 2013. Самоодржливата конструкција била сочувана, како и историскиот преден дел на стадионот.[11] Реконструкцијата е завршена во 2017, а вкупните поправки чинеле 350 милиони евра.[12]

Патот до финалето

уреди
Франција Рунда Хрватска
Противници Резултат Групна фаза Противници Резултат
  Австралија 2–1 Натпревар 1   Нигерија 2–0
  Перу 1–0 Натпревар 2   Аргентина 3–0
  Данска 0–0 Натпревар 3   Исланд 2–1
Победник на Група Ц
Табела на групата Ц Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.   Франција 3 2 1 0 3 1 +2 7
2.   Данска 3 1 2 0 2 1 +1 5
3.   Перу 3 1 0 2 2 2 0 3
4.   Австралија 3 0 1 2 2 5 -3 1
Завршен поредок Победник на Група Д
Табела на групата Д Нат. Поб. Нер. Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1.   Хрватска 3 3 0 0 7 1 +6 9
2.   Аргентина 3 1 1 1 3 5 -2 4
3.   Нигерија 3 1 0 2 3 4 -1 3
4.   Исланд 3 0 1 2 2 5 -3 1
Противници Резултат Нокаут фаза Противници Резултат
  Аргентина 4–3 Осминафинале   Данска 1–1 (прод.) (3–2 п)
  Уругвај 2–0 Четвртфинале   Русија 2–2 (прод.) (4–3 п)
  Белгија 1–0 Полуфинале   Англија 2–1 (прод.)

Натпреварот

уреди

Детали

уреди


 
 
 
 
 
 
 
 
 
Франција
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Хрватска
GK 1 Иго Лорис  
RB 2 Бенжамен Павар
CB 4 Рафаел Варан
CB 5 Самуел Умтити
LB 21 Лукас Ернандес   41'
CM 6 Пол Погба
CM 13 Н'Голо Канте   27'   55'
RW 10 Килијан Мбапе
AM 7 Антоан Гризман
LW 14 Блез Матуиди   73'
CF 9 Оливје Жиру   81'
Замени:
MF 15 Стивен Нзонзи   55'
MF 12 Корентан Толисо   73'
FW 18 Набил Фекир   81'
Селектор:
Дидје Дешан
 
GK 23 Даниел Субашиќ
RB 2 Шиме Врсаљко   90+2'
CB 6 Дејан Ловрен
CB 21 Домагој Вида
LB 3 Иван Стриниќ   81'
CM 7 Иван Ракитиќ
CM 11 Марцело Брозовиќ
RW 18 Анте Ребиќ   71'
AM 10 Лука Модриќ  
LW 4 Иван Перишиќ
CF 17 Марио Манџукиќ
Замени:
FW 9 Андреј Крамариќ   71'
FW 20 Марко Пјаца   81'
Селектор:
Златко Далиќ

Играч на натпреварот:
Антоан Гризман (Франција)[13]

Помошни судии:
  Ернан Мајдана
  Хуан Пабло Белати
Четврти судија:
  Бјорн Кајперс
Резервен помошен судија:
  Ервин Зеинстра
Video assistant referee:
  Масимилијано Ирати
Video assistant referees помошници:
  Мауро Вилјано
  Карлос Астроса
  Дани Макели

Правила на натпреварот[14]

  • 90 минути
  • 30 минути продолженија ако е потребно
  • Пенали ако резултатот и понатаму е нерешен
  • Максимално 12 играчи на клупата
  • Максимално 3 замени, со можност за четврта доколку се влезе во продолженија

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Match report – Final – France v Croatia“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. Посетено на 15 July 2018.
  2. „Start list – Final – France v Croatia“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 15 July 2018. Посетено на 15 July 2018.
  3. „FIFA World Cup 2018“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-01-27.
  4. FIFA.com. „2018 FIFA World Cup Russia™ - News - Russia 2018 to start and finish at Luzhniki Stadium - FIFA.com“. www.fifa.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-12-01. Посетено на 2018-07-04.
  5. „Luzhniki Stadium: All you need to know“. FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 26 January 2016. Посетено на 10 July 2018.
  6. „FIFA World Cup Russia 2018 – Match Schedule“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-09-10. Посетено на 20 December 2017.
  7. „Luzhniki Stadium - Moscow - The Stadium Guide“. www.stadiumguide.com (англиски). Посетено на 2018-07-04.
  8. FIFA.com. „2018 FIFA World Cup Russia™ - Moscow - FIFA.com“. FIFA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-06-13. Посетено на 2018-07-04.
  9. FIFA.com. „2018 FIFA World Cup Russia™ - Destination - FIFA.com“. FIFA.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2017-11-16. Посетено на 2018-07-04.
  10. „U2 > News > 'This Extraordinary City...'. www.u2.com. Посетено на 2018-07-04.
  11. „Реконструкция Лужников - образец заботы о культурном наследии - мэр“. m24.ru (руски). Посетено на 2018-07-04.
  12. „Reconstruction of World Cup 2018 opening match stadium to cost 350 mln euros“. TASS (руски). Архивирано од изворникот на 2020-10-05. Посетено на 2018-07-04.
  13. „France v Croatia – Man of the Match“. FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 15 July 2018. Архивирано од изворникот на 2018-07-18. Посетено на 15 July 2018.
  14. „Regulations – 2018 FIFA World Cup Russia“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. Посетено на 16 November 2017.

Надворешни врски

уреди