Самуел Умтити

француски фудбалер

Самуел Умтити (роден на 14 ноември 1993) — француски фудбалер со камерунско потекло, играч од одбраната на Барселона и на француската репрезентација. Тој може да игра на две позиции во одбраната како централен дефанзивец или лев бек.[1]

Самуел Умтити
Лични податоци
Роден на 14 ноември 1993(1993-11-14)(30 г.)
Роден во Јаунде, Камерун
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција централен бек, лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Барселона Барселона
Број 23
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2016 Олимпик Лион Олимпик Лион 131 (3)
2016- Барселона Барселона 87 (2)
Репрезентација
2012-2013 Франција Франција 20 13 (0)
2013-2014 Франција Франција 21 7 (1)
2016- Франција Франција 31 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Тој исто така е поранешен репрезентативец на Франција во помладите категории до 17, 18, 19, 20 и 21 година, а од 2016 настапува за сениорската репрезентација

Кариера уреди

Умтити дошол во Лион од екипата на Менивал во 2001 година на возраст од само 8 години. Тој ги поминал сите младински категории, и во летото пред почетокот на сезоната 2011-12 бил вклучен во првиот тим на Лион добивајќи го дресот со број 23. Своето официјално деби за клубот го направил на 8 јануари 2012 во победата над Лион Душер со 3-1 во Купот на Франција.[2] Само шест дена подоцна тој дебитирал и во лигата во поразот од Монпелје со 1-0. Умтити бил стартер и го одиграл целиот тој натпреавар. Така младиот дефанзивец го започнал пробивот во првиот тим на Лион и таа сезона ја завршил со вкупно 12 настапи во лигата од кој на 11 бил во почетната постава. Во текот на следната сезона Умтити бил уште повеќе стандарден и одиграл 26 првенствени натпревари. На 12 јануари 2012, тој го постигнал својот прв официјален погодок во неговата професионална кариера носејќи му ја победата (2-1) на Лион на гостувањето кај Троја со гол во 75-тата минута.[3]

На 30 јуни 2016, Умтити потпишал петгодишен договор со Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.[4][5]

Титули уреди

  Лион уреди

2011–2012
2012

  Барселона уреди

2017-2018, 2018-2019
2016–2017, 2017-2018
2016, 2018

Наводи уреди

  1. „La défense lyonnaise a de l'avenir“. CultureSport (француски). 15 November 2011. Посетено на 8 January 2012.
  2. „Lyon Duchère v. Lyon Match Report“. L'Equipe (француски). 8 January 2012. Архивирано од изворникот на 2012-01-13. Посетено на 8 January 2012.
  3. Троја-Лион 1-2
  4. „Barcelona confirm €25m Umtiti agreement“. ESPN FC. Посетено на 30 June 2016.
  5. Olympique Lyonnais Group (30 јуни 2016). "Samuel Umtiti to transfer to FC Barcelona". Соопштение за печат.

Надворешни врски уреди