Фестивал во Санремо (италијански: Festival della canzone italiana, Festival di Sanremo, официјално: „Festival of Italian Canzone“) е италијански музички фестивал кој се организира од 1951 година во Италија.

{{{music_festival_name}}}
Sanremo0006.jpg
Локација Санремо, Италија
Години активност 1951–денес
Датум Февруари
Жанр
Портал url
Фестивал Санремо

Фестивалот се одржува секоја година на крајот на февруари или почетокот на март во Театарот Аристон во Санремо, додека првично се одржувал во градското казино (до 1977 година).

Првиот победник во 1951 година била Нила Пици со песната „Ти благодарам за цвеќињата“. Поврзано: Список на победници на фестивалот Сан Ремо.

Низ годините фестивалот ја менувал формулата на изведбите на изведувачите и одредувањето на победниците, но во основа останало натпреварување на изведувачи на авторски композиции од италијански автори за ко гласа избрано жири или жири од публиката. Натпреварите во една или повеќе категории обично траат пет дена. Во некои години има елиминаторни прелиминарни натпревари.

Во повеќе од 50 години историја, на овој фестивал настапувале сите големи имиња на италијанската канцона (забавна музика). Фестивалот во Санремо и неговата меѓународна репутација биле инспирација за основањето на Изборот за песна на Евровизија.

Мотото на фестивалот бил усвоено во 1995 година: „Затоа што Санремо е Санремо!".

Фестивали од 1951 до 1954 година се емитувале само преку радио, додека подоцна фестивалите станале еден од најважните телевизиски настани во Италија. Традиција е најголемите меѓународни музички и актерски ѕвезди да настапуваат во ревијалниот дел од програмата.

Во минатото постоел обичај победникот или победниците на фестивалот Санремо да ја претставуваат Италија на Евровизија. Сепак, последен пат тоа се случи во 1997 година и оттогаш до изданието во 2011 година, Италија не учествуваше на ова натпреварување.

Значајни промени во историјата на фестивалот

уреди
  • 1953 година: за прв пат сите песни се изведуваат двапати, со два различни изведувачи и два различни оркестри. Оваа формула била применета во 1990 година и во 1991 година.
  • 1955 година: фестивалот за прв пат се емитува на телевизија.
  • 1964 година:за првпат настапуваат странски изведувачи, но пеат на италијански.
  • 1972 година: композициите се изведуваат само еднаш.
  • 1973 година: Телевизијата РАИ ја емитуваше само финалната вечер на фестивалот.
  • 1977 година: фестивалот се пресели во театарот Аристон. Телевизискиот пренос за прв пат е во боја.
  • 1980 година: Оркестарот во живо е елиминиран, пејачите пеат со музичката матрица. На некои изведувачи им е дозволено да пеат на други јазици доколку авторите на композициите се Италијанци.
  • 1982 година: се воведува наградата за критика „Миа Марини“.
  • 1984 година: се воведуваат две категории на натпреварување: „Големи“ (Big) и „Дебитанти“ (Nuove Proposte). Овој формат бил напуштен дури во 2004 година.
  • 1990 година: фестивалот се одржува во цветен шатор, бидејќи театарот Аристон се реновира. Оркестарот во живо се враќа на сцената.
  • 1999 година: за прв пат се организира парада на учесници пред театарот.
  • 1994 година: од оваа година фестивалот го организира телевизијата РАИ.
  • 2004 година: за прв пат победникот се одредува со телефонско гласање и СМС гласање.
  • 2005 година: се доделуваат пет награди: мажи, жени, млади, групи и легенди. Повторно се воведува елиминацискиот натпревар.
  • 2006 година: категоријата легенда се исфрла, но останатите четири остануваат.
  • 2007 година: пејачите повторно се натпреваруваат во категории шампиони и млади.

Најголеми хитови на фестивалот (не секогаш победници)

уреди

Надворешни врски

уреди