Фатлија
Фатлија (грчки: Εφτελιά, Ефтелиja)[2] — село во Општина Доксат во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Фатлија Εφτελιά | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 41°4′N 24°11′E / 41.067° СГШ; 24.183° ИГДКоординати: 41°4′N 24°11′E / 41.067° СГШ; 24.183° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Доксат |
Општ. единица | Каламбак |
Надм. вис. | 80 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 828 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на 43 километри јужно од градот Драма и на 4 километри југозападно од Доксат.
Селото се наоѓа на надморска височина од 80 метри.
ИсторијаУреди
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото било населено грчко население од Турција.
ДемографијаУреди
Во 1928 година во селото биле сместени 148 грчки семејства со 615 лица[3]. Во 1928 година, бројот на населението бил 615 лица, додека во 1940 година селото броело 1107 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 1136 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1109 жители, во 1971 година имало 901 жител, во 1981 година имало 964 жители, додека во 1991 година имало 907 жители[4]. Денеска, населението на селото е 828 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1107 | 1136 | 1109 | 901 | 964 | 907 | 981 | 828 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
НаводиУреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Εφτελιά
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 2012-06-30. Посетено на 2012-06-30.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 25.