Турица (Серско)

село во Серско, Егејска Македонија

Турица или Троица (грчки: Τριάδα, Тријада; до 1927 г. Τουρίτσα, Турица[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението брои 267 жители (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Турица
Τριάδα
Турица is located in Грција
Турица
Турица
Местоположба во областа
Турица во рамките на Долна Џумаја (општина)
Турица
Местоположба на Турица во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°5′N 23°15′E / 41.083° СГШ; 23.250° ИГД / 41.083; 23.250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаОрљак
Надм. вис.&10000000000000120000000120 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно267
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 25 км западно од градот Сер и на 15 км јужно од Долна Џумаја, во источното подножје на Карадаг, на надморска височина од 120 м.[3]

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Во XIX век Турица било македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Троица (Troïtsa) имало 15 домаќинства со 45 жители Македонци.[4][5]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Троица, чифлик на Мехмет Арнаут-бег, на југозапад од Сер во подножјето на истата планина. Од Турбеш до Троица има помалку од 1 час, од Сер 5 часа.[6]

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Турица имало 300 жители, сите Македонци.[4][7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Турица имало 336 Македонци под врховенство на патријаршијата.[4][8]

Во Грција

уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 233 жители. Тешко настрадало за време на Втората балканска војна и Првата светска војна. Под притисок од грчките власти, во 1923-24 г. голем број Македонци принудно биле иселени во Бугарија, а на нивно место се населиле 99 бегалски семејства (вкупно 350 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Тријада (Τριάδα).[2]

Стопанство

уреди

Населението одгледува тутун, памук и други земјоделски производи, а внимание му посветува и на сточарството.[3]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 558 421 552 441 352 317 529 267
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1927 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 29,8 квадратни километри.[3] Општината Турица била приклучена во општината Орљак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.

Селото припаѓа на општинската единица Орљак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Турица, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

уреди

Цркви

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 19 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 266–267.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 118–119. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 846.
  7. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 180. ISBN 954430424X.
  8. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.