Трапезунтско Царство

(Пренасочено од Трапезунтска империја)

Трапезунтското Царство, основано во април 1204 година, било една од трите држави– наследнички[1] на Византиското Царство. Сепак, создавањето на Трапезунтското Царство не било директно поврзазно со заземањето на Цариград од крстоносците, туку се отцепило од Византија неколку недели пред тој настан.[2]

Трапезунстко Царство
Αὐτοκρατορία Τραπεζούντος
ტრაპიზონის იმპერია
1204–1461
Трапезунтското Царство (кафеаво) и околните држави во 1300 година.
Трапезунтското Царство (кафеаво) и околните држави во 1300 година.
Главен градТрапезунт
Говорени јазициПонтиски јазик (de facto)
Вероисповед
православие
УредувањеАвтократија
Цар1 
• 1204–1222
Алексиј I
• 1459–1461
Давид
Историски периодДоцен среден век
• Основана
1204
• Престанала да постои
15 август 1461
Претходници
Наследници
Византија
Трапезунтски Вилает
1 полната титула на царевите од Трапезунт по 1261 година , “верниот базилеј и автократ на Истокот, Иберијците и Ператеја

Географски, Трапезунтското Царство не контролирало територии подалеку од јужниот брег на Црното Море. Демографското наследство опстанало неколку векови по освојувањето од Османлиското Царство во 1461 година, а исто така голем број на православни Грци (наречени Понтиски Грци) останале во таа област сè до почетокот на 20 век.

Во тоа време, остатокот од православните христијани во областа биле депортирани во Грција (започнувајќи од 1923 година), според договорот за размена на население меѓу Грција и Турција. Оваа спогодба не ги вклучувала и месните муслимани кои зборувале грчки дијалекти, кои живеат и денес во таа област.

Основање

уреди
 
Сребрена аспра на императорот Мануил I Комнин

Трапезунтското Царство било основано во почетокот на април во 1204 година, кога Алексиј Комнин ја искористил презафатеноста на византиската власт со крстоносците пред нивните ѕидини (јуни 1203 – средина на април 1204) и го зазел Трапезунт и провинцијата Халдија со војници од добиени од неговиот роднина, Тамара од Грузија. Со тоа, врските меѓу Трапезунт и Грузија останале цврсти, но нивната природа била оспорувана.[3]

Алексиј Комнин бил внук на последниот цар од династијата Комнини, Андроник I Комнин, иако неговиот син Мануил Комнин, кој се оженил со Русудан, ќерка на Георги III од Грузија. Андроник I го узурпирал престолот во 1183 година и по две години владеење на терор, бил измачуван и убиен од народот на Цариград откако бил симнат од Исак II Ангел. Неговиот син, Мануил бил ослепен (традиционална византиска казна за предавство) и умрел брзо потоа. Алексиј и неговиот брат Давид, се спасиле по реагирањето на нивната мајка Русудан, која побегнала од Цариград. Нејасно е дали Русудан побегнала во нејзината татковина Грузија или во Пафлагонија, византиска провинција но јужниот дел на Црното Море каде Комнините се воспоставиле во средината на 11 век.

 
Државите-наследнички на Византија по Четвртата крстоносна војна: Трапезунтското Царство, Никејското Царство и Епирското Деспотство.

Владетелите на Трапезунт се нарекувале Megas Komnenos (Големите Комнини) и како и другите две држави–наследнички на Византија, Никејското Царство и Епирското Деспотство – на почетокот се нарекувале “Цар и Автократ на Ромеите (Римјаните).” Сепак, кога Михаил VIII Палеолог од Никеја го освоил Цариград и бил признат за Римски цар и како господар на Трапезунт, инсистирањето на Комнините за титулата “Цар” било болна точка. Во 1282 година, Јован II Комнин, ја симнал царската регалија пред ѕидините на Цариград, пред да влезе да се ожени со ќерката на Михаил и да ја прифати легалната титула деспот.[4] Во Трапезунт, далеку од се послабото влијание на Цариград, тој едноставно го сменил името на титулата во “Цар и Автократ на целиот Исток, Иберијците и Ператеја”, која останала во употреба сè до крајот на царството во 1461 година. Државата често се нарекува Царството на Комнините поради владеечката династија.

Трапезунт на почетокот ја контролирал соседната област на црноморското крајбрежје меѓу Сотериопол и Синопа, состоејќи се од денешните турски провинции Синоп, Орду, Гиресун, Трабзон, Бајбурт, Гумушхане, Ризе и Артвин. Во тринаесеттиот век, Царството ја контролирало Ператеја, која ги вклучувала Херсон и Керч на Кримскиот Полуостров. Давид Комнин, помладиот брат на Алексиј, брзо го проширил царството на запад, прво окупирајќи го Синопа, потоа Пафлагонија и Хераклеја Понтиска (денешната провинција Самсун и крајбрежните региони на Кастамону, Бартик и Зонгулдак) сè додека неговото царство не се граничело со Никејското Царство основано од Теодор I Ласкарис . Проширувањето било сепак краткотрајно: териториите западно од Синопа биле заземени од Никејското Царство во 1206 година, а Синопа била освоена од Селџуците во 1214 година.

Просперитет

уреди
 
Трапезунтското Царство околу 1250 година
 
Алексиј III и неговата сопруга Теодора, од златната була доделена на манастирот Дионисијат на Света Гора.

Трапезунтското Царство постоело најдолго од државите–наследнички. Никејското Царство во 1261 година успеало да го освои Цариград, уништувајќи го слабото Латинско Царство. Епирското Деспотство бавно се распаѓало низ 13 и 14 век, сè додека не било освоено од повторно создаденото (од страна на Никеја) Византиско Царство околу 1340 година.

Повторно создаденото Византиско Царство било освоено од Отоманското Царство во 1453 година, додека Трапезунтското Царство успеало да преживее до 1461 година, кога и тоа било освоено од Отоманското Царство.

Трапезунт бил во постојан конфликт со Султанатот Икониум (Конија), а потоа и со Турците–Османлии, како и со Цариград, италијанските републики, а особено со Република Џенова. Тоа било царство само според титулата, и преживувало преку создавање меѓусебни конфликти на своите соперници и им ги нудело своите принцези на нивните владетели, кои биле познати по својата убавина, и поради бракот со богат мираз, особено со турските владетели од внатрешноста на Анадолија.

Уништувањето на Багдад од Хулагу Кан во 1258 година го направило Трапезунт западниот крај на Патот на свилата, и под монголска заштита градот станал многу богат. Исто така Марко Поло се вратил во Европа преку Трапезунт во 1295 година. За време на владеењето на Алексиј III (1349-1350) градот бил еден од водечките центри за трговија и бил познат по големото богатство и уметничките достигнувања.

Врв и граѓанска војна

уреди

Малото Трапезунтско Царство најуспешно се наметнало на почетокот, под водството на Алексиј I (1204-1222) и особено за време на владеењето на неговиот помлад брат Давид, кој загинал во битка во 1214 година. Вториот син на Алексиј, Мануил I (1238-1263), ја зачувал државната безбедност и се здобил со репутација на многу добар војсководец, но царството веќе ги губело граничните територии од Чепни[5] Туркмените и морало да плаќа данок на Селџуците од Рум, а потоа и на Монголското Царство и Илканатот, како знак за нештата што претстојат. Проблематичното владеење на Јован II (1280-1297) вклучувало и смирување со Византија и бил ставен крај на аспирациите за Цариград. Трапезунт ја достигнал најголемата слава и влијание за време на долгото владеење на Алексиј II (1297-1330). Трапезунт претрпел период на симнувања од престолот и атентати од крајот на владеењето на Алексиј па сè до почетокот на владеењето на Алексиј III, во 1355 година. Царството никогаш целосно не успеало да на врати внатрешната кохезија, трговска надмоќ или територија.

Слабеење и пад

уреди

Мануил III (1390-1417), кој го наследил својот татко Алексиј III, стапил во сојуз со Тимурлан, и имал корист од победата на Тимурлан над Турците–Османлии во Битката кај Анкара во 1402 година. Неговиот син Алексиј IV (1417-1429), оженил две од своите ќерки со Џахан Шах, канот на Кара Којунлу и со Али Бег, кан на Ак Којунлу; додека неговата најстара ќерка Марија станала третата жена на византискиот цар Јован VIII Палеолог. Перо (Педро) Тафур, кој го посетил градот во 1437 година, изјавил дека Трапезунт имал помалку од 4000 војници.

Јован IV (1429-1459), само можел да ја гледа истата судбина што му претстои како онаа на Цариград во 1453 година. Османскиот султан Мурат II прво се обидел да го освои главниот град по море во 1442 година, но слегувањето на брегот било многу тешко и нападот бил одбиен. Додека Мехмед II вршел опсада на Белград во 1456 година, османскиот гувернер на Амасија го нападнал Трапезунт и иако бил поразен, зел многу затвореници и голем откуп.

Јован IV се подготвил за евентуалниот напад преку склучување на сојузи.тој ја дал својата ќерка на синот на неговиот шура, Узун Хасан, кан на Ак Којунлу, барајќи за возврат ветување дека ќе го брани Трапезунт. Тој исто така добил ветувања за помош од турските емири на Синопа и Караманија и од кралот и принцевите од Грузија.

По смртта на Јован во 1459 година, неговиот брат Давид дошол на власт и ги злоупотребил овие сојузи. Давид заговарал со различни европски сили за помош против Османлиите, зборувајќи за невозможни планови кои го вклучувале освајувањето на Ерусалим. Мехмед II дознал за овие планови и бил дополнително испровоциран од барањето на Давид за укинување на данокот наметнат за време на владеењето на неговиот брат.

Одговорот на Мехмед пристигнал во летото во 1461 година. Тој зел голема војска од Бурса, па се упатил прво до Синопа, каде емирот брзо се предал, потоа продолжил на југ низ Ерменија за да го неутрализира Узун Хасан. Откако го изолирал Трапезунт, Мехмед брзо ја започнал опсадата пред населението да знае дека тој доаѓа. Градот издржал еден месец пред царот Давид да се предаде ма 15 август 1461 година. Со освојувањето на Трапезунт, последниот остаток од Источното Римско Царство бил уништен.

Дунастијата МегалоКомнини

уреди

Династијата Комнини владеела со Византиското Царство од Цариград сè до 1185 година. На табелата се покажани членовите на семејството кои биле владетели на Трапезунт од 1204 до 1461 година.

Име Од До
Алексиј I Велики Комнин 1204 1222
Андроник I Гид 1222 1235
Јован I Велики Комнин 1235 1238
Мануил I Велики Комнин 1238 1263
Андроник II Велики Комнин 1263 1266
Георгиј Велики Комнин 1266 1280
Јован II Велики Комнин 1280 1284
Теодора Велика Комнина 1284 1285
Јован II Велики Комнин* 1285 1297
Алексиј II Велики Комнин 1297 1330
Андроник III Велики Комнин 1330 1332
Мануил II Велики Комнин 1332 1332
Василиј Велики Комнин 1332 1340
Ирена Палеологина 1340 1341
Ана Велика Комнина 1341 1342
Јован III Велики Комнин 1342 1344
Михаил Велики Комнин 1344 1349
Алексиј III Велики Комнин 1349 1390
Мануил III Велики Комнин 1390 1416
Алексиј IV Велики Комнин 1416 1429
Јован IV Велики Комнин 1429 1459
Давид Велики Комнин 1459 1461

Список на луѓе од Трапезунт

уреди

Наводи

уреди
  1. Alexander A. Vasiliev History of the Byzantine Empire Vol 2. 324 - 1453 University of Wisconsin Press; 2 edition, 1958 page 506 : ”... on the territory of the disintegrated eastern empire, three independent Greek centers were formed; The empire of Nicaea and the empire of Trebizond in Asia Minor and the Despotat of Epirus in Northern Greece.”
  2. Mango, C. (ed.) The Oxford History of Byzantium (2002), p. 250
  3. Eastmond, Antony. "Narratives of the Fall: Structure and Meaning in the Genesis Frieze at Hagia Sophia, Trebizond". Dumbarton Oaks Papers 53 (1999), 219–36.
  4. Nicol, Donald MacGillivray, Last Centuries of Byzantium, 1261-1453, Cambridge University Press, Second Edition, 1993, p. 74
  5. Haldon, John, The Palgrave Atlas of Byzantine History PART III: THE LATER PERIOD (c. 11th–15th Century), The map includes "Chepni Türkmen"

Извори

уреди
  • Jakob Philipp Fallmerayer, Geschichte des Kaiserthums Trapezunt (Munich, 1827–1848)
  • Michael Panaretos: Chronicle
  • Johannes Bessarion: The praise of Trebizond
  • Miller, W., Trebizond: The Last Greek Empire, (1926; repr. Chicago: Argonaut Publishers, 1968)
  • Fyodor Uspensky, From the history of the Empire of Trabizond (Ocherki iz istorii Trapezuntskoy Imperii), Leningrad, 1929, 160 pp: a monograph in Russian.
  • Levan Urushadze, The Comnenus of Trabizond and the Bagrationi dynasty of Georgia. — J. "Tsiskari", Tbilisi, No 4, 1991, pp. 144–148: in Georgian.
  • Sergei Karpov. L' impero di Trebisonda, Venezia, Genova e Roma, 1204–1461. Rapporti politici, diplomatici e commerciali. Roma, 1986, 321 P.
  • Sergei Karpov. The Empire of Trebizond and the nations of Western Europe, 1204–1461. Moscow, 1981, 231 pp (in Russian).
  • Sergei Karpov. A history of the empire of Trebizond. Saint Petersburg, 2007, 656 pp (in Russian).
  • Rustam Shukurov. The Megas Komnenos and the Orient (1204–1461). Saint Petersburg, 2001, 446 pp (in Russian).
  • Bryer, Anthony (1980). The Empire of Trebizond and the Pontos. London: Variorum Reprints. ISBN 978-0-86078-062-5.
  • Anthony Bryer & David Winfield, The Byzantine Monuments and Topography of the Pontos (DOS. XX), vol. 1–2, Washington, 1985.
  • Anthony Bryer, Peoples and Settlement in Anatolia and the Caucasus, 800–1900, Variorum collected studies series, London, 1988.
  • George Ostrogorsky, History of the Byzantine State, Rutgers University Press. New Jersey, 1969
  • Donald Queller, Thomas Madden, The Fourth Crusade: The Conquest of Constantinople, University of Pennsyklvania Press, Philadelphia, 2nd ed., 1997. ISBN 0-8122-3387-5