Луис Армстронг

Луис Армстронг[1] (англ. Louis Armstrong; 4 август 19016 јули 1971 ) бил американски џез музичар. Иако прво се прославил свирејќи труба, кон крајот на кариерата станал познат како пејач и бил еден од највлијателните џез пејачи.

Луис Армстронг во 1953 г.

Во текот на својата кариера станал најголем џез музичар, неоспорен водач на популарната музика на 20. век и една од најголемите фигури во историјата на музиката.

Армстронг го сакале не само поради неговиот трубачки талент, неверојатно чистото и продорно свирење на труба и специфичното рапаво пеење, туку и поради човечката топлина и великодушност, како и поради симпатичната особеност на „големо дете“ кое му се радува на животот и живее за музиката.

ЗабелешкаУреди

  1. Многу биографи на Луис Армстронг тврделе дека неговото средно име е Даниел (Daniel), но тоа го негирал самиот Армстронг