Камео — ненадејно кратко појавување на позната личност (режисер, политичар, музичар итн.) во филмска или театарска претстава. Најчесто дадената личност се игра себеси и не е спомната во списокот на глумци во воведот на филмот. Многу од овие улоги се мали, без дијалог и се должат на придонесот на личноста кон предметната творба. Зборот доаѓа од камеја — ситна резба (барелјеф) на скапоцен камен.[1][2]

Психолошката драма од 1945 г. „Маѓепсан“ содржи камео на режисерот Алфред Хичкок во кој тој излегува од лифт.

Понекогаш кинорежисерот игра помала улога во сопствениот филм. Примери за такви режисери се: Алфред Хичкок, Стен Ли, Питер Џексон, Квентин Тарантино, Џорџ Лукас, Уве Бол, Мајкл Беј, Леонид Гајдај, Такеши Китано, Тинто Брас, Серџо Леоне, Кевин Смит, Никита Михалков, М. Најт Шјамалан, Оливер Стоун, Стивен Кинг, Чарли Чаплин и други.

Наводи

уреди
  1. Oxford English Dictionary, "Cameo".
  2. Cyca, Michelle (2022-11-08). „What Is Cameo? Using Celebrity Videos to Promote Your Brand“. Social Media Marketing & Management Dashboard (англиски). Посетено на 2024-02-27.

Надворешни врски

уреди