Кукунор
Кукунор (монголски: Хөх нуур), Ќингхајско Езеро (кинески: 青海湖) или Цо Нгопо (тибетски: མཚོ་སྔོན་པོ།) — најголемо езеро во Кина, сместено во покраината Ќингхај (Кукунор). Зафаќа површина од 4.317 км2 и лежи во непроточен слив и затоа е солено и алкално. Просечната длабочина изнесува 21 м, а најниската точка е длабока 25,5 м.[2] Името на сите три јазици се однесува на неговата боја, и се преведува како Зелено или Сино Море. Езерото е сместено во вдлабнатина на Тибетската Висорамнина, на околу 100 км западно од покраинската престолнина Сининг, на надморска височина од 3.205 м.[3] Во него се влеваат 23 реки и потоци, од кои само пет се постојани водотеци, и сочинуваат 80% од дотекот.[4]
Кукунор Хөх нуур 青海湖 | |
---|---|
Езерото од вселената во 1994 г. | |
Подрачје | Тибетска Висорамнина |
Координати | 37°00′N 100°08′E / 37.000° СГШ; 100.133° ИГД |
Вид | непроточно, солено |
Површина | [1] | 4,489 км2
Најг. длабочина | 32,8 м |
Надм. височина | 3.260 м |
Острови | Песочен Остров и Птичји Остров |
Населени места | округот Хајјен |
Езерото значително се намалило во површина во XX век, но почнала да се зголемува во 2004 г. Присутни се пет матични вида риби голиот крап (Gymnocypris przewalskii) или „хуангју“ (湟鱼),[5] (најзастапен во езерото) како и четири члена од семејството на штипалките (Nemacheilidae) — тибетската штипалка (Triplophysa stolickai), грбобележната штипалка (T. dorsonotata), тврдоперната штипалка (T. scleroptera) и сомовата штипалка (T. siluroides).[6] Во далечното минато биле застапени и риби од Жолтата Река, но исчезнале со зголемувањето на соленоста и базноста почнувајќи од раниот холоцен, за денес да достигне 14 промили и pH-вредност од 9,3.[6] Езерото се одделило од Жолтата Река пред 150.000 години.[6]
Географија
уредиЕзерото е лежиу меѓу тибетските автономни окрузи Хајнан и Хајбеј во североисточен Ќингхај, на крстосница на преселбените патишта на птиците низ Азија. Многу видови престојуваат крај езерото привремено како место за починка на нивиот пат. Поради ова, местото е важно набљудувалиште во контекст на птичјиот грип (Х5Н1), бидејќи оттука истиот лесно може да се омасови во Европа и Азија. Во западниот дел на езерото се наоѓаат таканаречените „Птичји Острови“ (Корморанскиот и Јајчениот Остров), кои претставуваат заштитено подрачје, прогласено во 1997 г. Зиме, Кукунор е под постојан мраз цели три месеци.
Во тој предел има друг остров со храм и неколку испоснички живеалишта, а во минатото тука се наоѓа и будистички манастир.[7] На ова место во 1620-тите се преселил Ѓуши-хан и други Монголци од племето Хошути.[8]
Секоја коњска година во 12-годишниот циклус, будистичките поклоненици од Тибет прават обиколка околу езерото. Рускиот географ Николај Пржевалски (1839 - 1888) проценил дека за ова се потребни 8 дена на коњ и 15 пеш, но поклонениците тврдат дека им требаат 18 дена на коњ и 23 дена пеш.[9]
Историја
уредиЗа време на династијата Хан (206–220 п.н.е.), езерото Кукунор се нарекувало „Западно Море“ (西海, Сихај) и во живееле во котлината на Сининг живеело значајно население на Хан-Кинези.[10] Во XVII century, Монголците од племињата Ојрати и Халхи се преселиле во Ќингхај и подоцна се наречени ќингхајски Монголци.[11] Во 1724 г. ќингхајските Монголци предводени од кнезот Лобзанг Данѓин кренале востание против владејачката династија Ќинг (1644–1912). Откако го задушил востанието, царот Јунгџенг му ја одзел автономијата на Ќингхај и наложил непосредна управа. Иако околу езерото живееле извесен број Тибеќани, власта ја запазила административната поделба од времето на Ѓуши-хан помеѓу западното владение на далај ламата (малку помало од Тибетскиот Автономен Регион) и источните краишта населени со Тибеќани. Воедно, царот довел манџурско и ханско население за да ги проретчи Монголците.[12]
За време на националистичката власт (1928-1949), ханските Кинези биле мнозинство во покраината Ќингхај, но власта ја држеле претежно Хуејците (кинеските муслимани).[13] Хуејскиот војсководец на Куоминтангот, Ма Буфанг, поканил Казаци (кои се муслимани),[14] и му е приклучил на управникот и други функционери во заеднички обред за чествување на богот на езерото. Во текот на обредот се испеала државната химна и сите учесници се поклониле пред портретот на основачот Куоминтангот, Сун Јат-сен, како и пред иконата на езерскиот бог. И Ханците и муслиманите положиле дарови за богот.[15]
По револуцијата од 1949 г. бегалците пострадани од Противдесничарското движење се преселиле во областа западно од Кукунор.[10] Со стопанската реформа во 1980-те, подрачјето добило поголем број доселеници, што предизвикало еколошки проблеми. Производството на свежа трева во округот Гангца северно од езерото опаднало од 2.057 на 1.271 кг/ха во 1987 г. Во 2001 г. Државната шумарска управа ја отпочнало кампањата „Вратете ѝ ги нивите на тревата“ (退耕,还草) и почнала со одземање на пушките меѓу тибетските и монголските сточари, со објаснување дека ова е мерка за заштита на загрозената Пржевалскиева газела.[10]
Одвојувања
уредиПред 1960-тите, во Кукунор се влевале 108 реки. Веќе во 2003 г. 85% од устијата пресушиле, вклучувајќи ја најголемата од нив — реката Буха. Помеѓу 1959 и 1982 г. водостојот се намалувал за 10 см, годишно; од 1983 до 1989 г. секоја година водата била надоместувана, но потоа продолжила да опаѓа. Кинеската академија на науките во 1998 г. утврдила закана од намалување на езерото поради прекумерно напасување на добиток, претворање на земјиштето во обработливи површини и од природни причинители.[16] Од 1908 до 2000 г. површината на Кукунор се намалила за 11,7%[17]. Во тој период, намалувањето ги изложило на површина повисоките делови од езерското дно, создавајќи поголем број одделни водни површини. Во 1960-тите се појавиле езерата Гахај (尕海, 48,9 км2) на север, Шадао (沙岛), 19,6 км2 на североисток, а во 1980-те и Хајјенското Езеро (海晏, 112,5 км2).[18] Во 2004 г. се одвоило уште едно езеро (96,7 км2). Покрај ова, близу границата се одделиле и 5-6 помали езера. Во последните три децении, површината се намалила за 312 км2.[19]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на August 28, 2008. Посетено на August 28, 2008.
- ↑ „Water level variation of Lake Qinghai from satellite and in situ measurements under climate change“ (PDF). Journal of Applied Remote Seeing. Utsa.edu. Посетено на 2015-05-17.
- ↑ Buffetrille 1994, стр. 2; Gruschke 2001, стр. 90 ff.
- ↑ Rhode, David; Ma Haizhou; David B. Madsen; P. Jeffrey Brantingham; Steven L. Forman; John W. Olsen (2009). „Paleoenvironmental and archaeological investigations at Qinghai Lake, western China: Geomorphic and chronometric evidence of lake level history“ (PDF). Quaternary International. 218: 3. doi:10.1016/j.quaint.2009.03.004. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ Su Shuyang: China ein Lesebuch zur Geschichte, Kultur und Zivilisation. Wissenmedia Verlag, 2008, стр. 19. ISBN 3-577-14380-0
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Zhang, Ludwig, Zhang, Tong, Li, Tang, Peng & Zhao (2015). Gymnocypris przewalskii (Cyprinidae) on the Tibetan Plateau. Nature Scientific Reports 5, Article 9780.
- ↑ Gruschke 2001, стр. 93 ff.
- ↑ Shakabpa, Tsepon W.D. Tibet: a Political History. New Haven: Yale University Press, 1962
- ↑ Buffetrille 1994, стр. 2.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Harris, Richard B. (2008). Wildlife Conservation in China: Preserving the Habitat of China's Wild West. M.E. Sharpe. стр. 130–132.
- ↑ Sanders, Alan (2010). Historical Dictionary of Mongolia. Scarecrow Press. стр. 2–3, 386, 600.
- ↑ Perdue, Peter C (2005). China Marches West: The Qing Conquest of Central Eurasia. Harvard University Press. стр. 310–312.
- ↑ Hutchings, Graham (2003). Modern China: A Guide to a Century of Change. Harvard University Press. стр. 351.
- ↑ Uradyn Erden Bulag (2002). Dilemmas The Mongols at China's edge: history and the politics of national unity. Rowman & Littlefield. стр. 52. ISBN 0-7425-1144-8. Посетено на 2010-06-28.
- ↑ Uradyn Erden Bulag (2002). Dilemmas The Mongols at China's edge: history and the politics of national unity. Rowman & Littlefield. стр. 51. ISBN 0-7425-1144-8. Посетено на 2010-06-28.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на May 29, 2004. Посетено на May 29, 2004.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-11-11. Посетено на 2017-09-24.
- ↑ [1] Архивирано на 7 ноември 2003 г. Архивирано на 7 ноември 2003 г.
- ↑ Qinghai Lake splits due to deterioration. Chinadaily.com.cn, 21 февруари 2004 посет. 27 септември 2010 г.
Литература
уреди- Buffetrille, Katia. "The Blue Lake of Amdo and Its Island: Legends and Pilgrimage Guide." In: The Tibet Journal Vol. XIX, No. 4, Winter, 1994.
- Andreas Gruschke: "The realm of sacred lake Kokonor", in: The Cultural Monuments of Tibet’s Outer Provinces: Amdo vol. 1. The Qinghai Part of Amdo, White Lotus Press, Bangkok 2001; стр. 93ff. ISBN 974-7534-59-2
- Shakabpa, Tsepon W.D. Tibet: a Political History. New Haven: Yale University Press, 1962
Надворешни врски
уреди„Кукунор“ на Ризницата ? |
- Управа за заштита и искористување на езерото Кукунор Архивирано на 26 декември 2018 г.
- Туристичко-културна мрежа на Кукунор
- За долетот на птици во Коконур (англиски)