Страхил Георгиев Димитров Главчев (Змијаро) (24 јануари 1926 во Петрич, Пиринска Македонија15 мај 1987 во Петрич, Пиринска Македонија) — припадник на македонското национално движење, револуционер и борец за македонската национална кауза во Бугарија.[1]

Страхил Димитров Главчев
Роден 24 јануари, 1926 година
Петрич, Пиринска Македонија (во Бугарија)
Починал 15 мај, 1987 година
Петрич, Пиринска Македонија (во Бугарија)
Националност Македонец
Сопружник Јорданка Гушева Аргилова
Деца Македонка и Димитар

Животопис

уреди

Роден е во сиромашно семејство од работничка класа. Неговите родители Георги и Велика Димитрови (Главчеви), се протерани од Егејска Македонија и се населиле во градот Петрич, Пиринска Македонија во 1916 година. Тие имале 5 деца: Страхил, Ана, Василка, Марија и Илија.[1]

Активност и борба

уреди

Пред 9 септември 1944 година учествувал во антифашистичката борба. После тоа работел во општината на градот Петрич на изучување на македонскиот јазик. Бил член на РМС и на БКП. По одлуката на Петтиот конгрес на Бугарската комунистичка партија во декември 1948 година за политиката на наречена културна автономија на Пиринска Македонија, која делумно била отфрлена, почнале да се случуваат масовни апсења на луѓе поврзани со активноста за настава и изучување на македонскиот јазик и македонската историја, дистрибуција на македонска литература, весници и слично.[1]

По оваа одлука на Бугарската комунистичка партија, Страхил Главчев заедно со Чоната, натовариле цела кочија (која била во сопственост на општината Петрич), со македонска литература, која се наоѓала во Македонската книжарница во Петрич и тргнале во правец на СФРЈ, односно Народна Република Македонија, во кочијата биле и трите мали деца на Чоната (Динката, Борис и Томчо). Полицијата ги пристигнала во близина на областа 7-миот километар (мостот преку реката Струмешница до селото Првомај). По кратка престрелка, Страхил Главчев бил уапсен заедно со трите деца на Чоната. Чоната успеал да избега во Југославија. Истата вечер биле извршени апсења на Васил Григоров Василев (Цветков, познат како Партизан; делегат од Пиринска Македонија на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 година, кога беше воспоставена современата македонска држава во манастирот Прохор Пчињски), Георги Китанов,[1] Георги Мадолев, Крсто Стојчев, Асен Чиракчиев, Кирил Николов, Ефтим Георгиев, Михаил Сматракалев, Mapa Междуречка, Кирил Граменов, Радој Спасов, Стоимен Муртин, Крум Радонов, Атанас Великов Атанасов, Страхил Георгиев Димитров и други истакнати раководители и активисти кои во периодот 1941-1948 година, кои претставувале предводници во борбата за македонските национални права.[2]. Првично биле однесени во милицијата во градот Сандански (Свети Врач), спроти ГУМ - Сандански.[1]

Македонска народна федерална организација

уреди
 
Свидетелство на Страхил Димитров Главчев, во која е заведен како Македонец. Сликата е во сопственост на Стојко Стојков.

На 6 јануари 1946 година било одржано основачкото собрание на организацијата на кое биле присутни 74 членови, на него Никола М. Георгиев поднел реферат за економската и политичката состојба на Пиринскиот дел на Македонија и положбата на македонскиот народ во рамките на Бугарија. На собранието за претседател бил избран Никола М. Георгиев, за потпретседатели Борис К. Дереџиев и Страхил Г. Димитров, за секретар Атанас Атанасов, а за благајник Љубица Вангелова - Љуба. На првиот собир веднаш била прокламирана идејата за обединување на Пиринскиот дел на Македонија кон НР Македонија.[3] Сочуван е леток од младинскиот кружок на МНФО „Јане Сандански“ од Петрич кој најверојатно датира од есента 1944 година, во кој било запишано:

Македонци! долго време се шпекулира со вашето право. Денес кога во целиот свет се говори за правда, за демократија и слобода, кога и на Балканот народите го устројуваат својот живот според демократски начела, ние не треба да спиеме... што поскоро слободна и обединета Македонија - гаранција на мирот на Балканот. Да живее општобалканската федерација.[3]

 
Поезија на Страхил Димитров Главчев. Песните Македонија и Тага. Сликата е во сопственост на Стојко Стојков.

Затворенички живот

уреди

Страхил Главчев бил уапсен на 10 декември 1948 година и до август 1949 година бил држен без судење и казна во рудниците во Бобов Дол. Од август 1949 година до 6 јануари 1952 година бил испратен во ТВО - Белене (остров Персин), во регионот Свиштов. За време на неговиот престој во Белене, тој научил метода на фаќање змии, од некој постар затвореник. Затоа по заминувањето од логорот тој станал познат во градот Петрич како Страхил Змијаро. Учествувал со неколку други лица, во чистењето на Златните песоци и Сончев брег од змии.[1]

Животот после логорувањето

уреди

Страхил ја сакал поезијата, па и самиот пишувал песни, а главна тема му била љубовта и љубовта кон Македонија. Зачувани се транскрипти од неговите песни: Македонец, Тага, Три близнака, Мојата родина, Пирин и др. Откако го напуштил логорот Белене (островот Персин), се оженил со Јорданка Гушева Аргилова, со која добиле две деца: Македонка (именувана по Македонија) Главчева и Димитар Главчев. Тој неколкупати аплицирал за пензија преку регионалните комитети на Бугарската комунистичка партија како активен борец против фашизмот и капитализмот и повеќепати бил одбиван, бидејќи неговите ставови за националното прашање не се совпаѓале со ставовите на Бугарската комунистичка партија. Тој упатил неколку барања до Тодор Живков за состанок, но завршиле без успех. Во документите за негова лична идентификација секогаш неговата етничка припадност била запишана како Македонец.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Стојков, Стојко (2014). ТАБУ:Време на страх и страдание (PDF). Благоевград: ДРУЖЕСТВО НА РЕПРЕСИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ В БЪЛГАРИЯ. стр. 117–123. Недостасува |author1= (help)
  2. Пиринскиот дел на Македонија помеѓу 1949 - 1968 година (PDF). Скопје: Филозофски факултет. јуни 1997. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. 3,0 3,1 Јотевски, Васил (1996). Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948. Скопје: ИНИ. стр. 83–86. ISBN 978-9989-624-18-6.