Белене (логор)
Белене — концентрационен логор којшто фунционрал на островот Белене на реката Дунав од 1949 година до 1989 година. Бил изграден по наредба на БКП и наменет за сите противници на владеачкиот режим. Со него раководела бугарската Државна безбедност (ДС). Во него биле затворани и борци за националните права на Македонците во Бугарија.
Историја
уредиЛогорот Белене функционирал од 1949 до 1989 година. Причините за затворање таму биле најчесто политички: уривање на споменици на Сталин, укажана помош на војници непријатели (германски), припадност на римокатоличката црква во Бугарија или на сојузот на селаните, шпионажа за англоамериканските капиталисти или критика на Црвената армија во Бугарија. Сепак меѓу затворениците имало и ограничен број на осудени за криминал.
Кон крајот на 1949 година бројот на концлогорашите во Бугарија бил околу 4500, вклучувајќи ги и 800 во Белене. Во текот на 1950 година, било донесено решение сите затворени да бидат на едно место, и за таа цел бил избран логорот Белене. Во текот на 1952 година била формирана специјална комисија која ослободила 1228 души. Кон крајот на таа година, бројот на затворените изнесувал 2348, од кои повеќе од 90% биле затворени од политички причини.[1]
Во текот на летото во 1953 година диктаторот Велко Червенков, по совет од новите советски власти, а по смртта на Јосиф Сталин, на заседание на ЦК на БКП зборувал за логорот. На 5 август таа година, половина од политичките затвореници во Белене биле ослободени, по што во логорот останале уште 1059 души. На 5 септември било донесено решение за затворање на логорот, и повторно биле ослободени повеќе од половина затворници, а останатите биле преместени во затвор, каде за нив биле започнати судски процеси.[2]
Логорот во Белене повторно работел на 5 ноември 1956 г.[3] Бројот на затворениците во 1959 година достигнал 1896 души.[4] Во текот на август 1959 година Политбирото на ЦК на БКП донел решение да се ослободат затворениците во Белене или да се судат.[4]
Биле задржани околу 1100 души, од кои околу 800 политички затворени, кои биле ангажирани да работат земјоделство. Официјалното име на логорот било „Работнички логор за превоспитување“.
Бившите затворници на логорот се среќавале еднаш годишно во текот на пролетта на островот, за да дадат почит на загинатите во логорот. Денес постои еден затвор во западниот дел на островот, кој функционирал паралелно со логорот. Островот е поврзан со копното со мост по кој може да помине автомобил, но за да се помине мостот, потребна е дозвола од управата на затворот, која се добива на брегот на Белене.
Логорот е предмет на документарниот филм на германската телевизиска програма ZDF „Со поглед напред, но никогаш забравени. Балада за бугарските херои“, снимен од Илија Тројанов во 2007 година.
Затвореници
уредиСписокот на некои од затворениците во логорот:
- Крум Монев
- Герман Дамовски
- Иван Валков, офицер
- Георги Константинов, анархист
- Цанко Луканов, новинар и писател
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Кратки информации за логорот (бугарски)