Крум Радонов
Крум Радонов (Банско, 1912 - Софија, 2002), бил партизан и учесник во НОБ во Пиринска Македонија и Бугарија за време на Втората светска војна.[1] Во текот на својот живот се издигнал до највисоките воени одликувања. Пензиониран бил како генерал-лајтнант, т.е. генерал-потполковник.
Учестувал во разговорите со Кирил Миљовски од македонска страна во Вардарска Македонија, за а создадат бригада составена од Македонци од Пиринска Македонија. Оваа бригада требало да се формира под името „Бригада Јане Сандански“, а кога би влегла под команда на Генералштабот на НОБ би се именувала како Дваесет и втора македонска ударна бригада. Овие разговори биле одобрени од страна на бугарското министерство за одбрана. Се планирало да се формира во Горна Џумаја. Сепак оваа идеја наишла на негодување од дел од бугарското раководство и воени лица, особено од Борис Копчев, бугарски генерал, па набрзо идејата била напуштена.[2]
Извори
уреди- Радонов, Крум. „Спомени“, Военно издателство, София, 1973 г.