Стефан Сесењонфудбалер од Бенин, играч од средниот ред на Генчлербирлиги и на бенинската репрезентација.

Стефан Сесењон
Лични податоци
Роден на 1 јуни 1984(1984-06-01)(39 г.)
Роден во Алахе, Бенин
Држава  Бенин
Висина &100000000000001680000001,68 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Генчлербирлиги Генчлербирлиги
Број 10
Младинска кариера
Реквинс де л'Атлантик
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2004 Реквинс де л'Атлантик 2 (0)
2006–2011 Кретеј Кретеј 68 (10)
2006–2008 Ле Ман Ле Ман 61 (6)
2008–2011 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 77 (8)
2011–2013 Сандерленд Сандерленд 87 (17)
2013–2016 Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 79 (8)
2016-2018 Монпелје Монпелје 43 (3)
2018- Генчлербирлиги Генчлербирлиги 19 (5)
Репрезентација
2004- Бенин Бенин 61 (17)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 2 јануари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 2 јануари 2012

Со својата национална селекција тој настапувал двапати на Африканскиот куп на нациите во 2008 и 2010.

Технички одлики уреди

Сесењон може да игра на различни позиции во средината на теренот, но најчесто настапува како најофанзивен фудбалер од средниот ред и како плејмејкер. Исто така може да игра и како десно крило.

Клупска кариера уреди

Рани години и Кретеј уреди

Сесењон својата кариера ја започнал во Реквинс де л'Атлантик клубот во најголемиот град во Бенин, Котоноу. По една сезона помината во клубот од својата родна земја Сесењон заедно со својот соиграч од одбраната Ноел Сека се преселиле во францускиот второлигаш Кретеј. Своето деби за својот прв европски тим во кариерата го имал на отворањето од сезоната во втората француска лига против Рем во поразот со 2-1, појавувајќи се како резерва. Својте први погодоци за Кретеј ги постигнал на 14 јануари 2005, погодувајќи ја двапати мрежата на Гењон во убедливата победа со 3-0.

Во две сезони поминати во Кретеј тој одиграл 68 првенствени натпревари постигнувајќи притоа 10 гола со што се претворил во најдобриот играч на клубот во овој период.

Ле Ман уреди

По завршувањето на сезоната 2005-2006, уште во мај 2006 Сесењон бил купен од страна на прволигашот Ле Ман со кој потпишал тригодишен договор. Своето прво појавување во дресот на Ле Ман го имал во натпреварот против Троја, влегувајќи во игра од клупата за резерви. Во следниот натпревар тој одново бил вклучен во игра како резерва против Седан, меѓутоа во тој натпревар Сесењон не го дочекал крајот бидејќи заработил црвен картон и морал предвреме да го напушти теренот. На 4 ноември 2006 го направил својот прв старт за Ле Ман против Осер. Својот прв гол во Првата лига на Франција го постигнал две недели подоцна во ремито 1-1 против Рен.

На стартот од втората негова сезона во Ле Ман тој одиграл фантастична партија против гигантот во францускиот фудбал Олимпик Лион постигнувајќи два гола, меѓутоа на крајот Лион победил со 3-2. Сесењон му помогнал на Ле Ман да стигне и до полуфиналето на Купот на Франција каде загубиле од Ленс на пенали со 5-4.

Париз Сен Жермен уреди

 
Сесењон играјќи за Париз Сен Жермен во 2009.

По двете импресивни сезони во Ле Ман тој стана интересен за многу поквалитетни клубови од Ле Ман,како Арсенал,Њукасл Јунајтед, но тој одбра да остане во Франција и да потпише со еден од најголемите тимови во оваа земја Париз Сен Жермен за 10 милиони евра. Токму Париз Сен Жермен бил тимот каде Сесењон се афирмирал како врвен играч. Своето деби го имал на 16 август 2008, кога го започнал натпреварот во почетната постава, во победата над Бордо од 1-0. Следното коло тој веќе бил стрелец во натпревар со Сошо (1-1). На 13 декември 2008 тој третпат во кариерата постигнал два гола на еден меч, сега за првпат во дресот ПСЖ против Осер за победа од 2-1.

На 19 декември (по натпреварот со Нанси) Сесењон имал кавга со тренерот на клубот Антоан Комбуар во која тој го навредил Сесењон поради што овој одбил да настапува повеќе за тимот и решил да си замине во јануарскиот преоден рок.

Сандерленд уреди

 
Сесењон во дресот на Сандерленд во 2012.

На 29 јануари Сесењон потпишал за Сандерленд на 3 и половина години за сума од 6 милиони фунти. Дебитирал на 1 февруари против Челси. Својот втор старт за црните мачки го имал на 5 февруари на гостувањето кај Стоук Сити кога неговиот тим на двапати водеше но на крајот загуби со 3-2. По разочарувачките три месеци во клубот својте први успешни моменти ги има кон крајот на април кога го постигнал и својот прв гол во победата со 4-2 над Виган Атлетик. Во финишот на сезоната 2010-2011 во Премиер лигата тој играл како единствен напаѓач во формацијата на менаџерот Стив Брус, поради повреди на сите други напаѓачи. Тој постигнал голови и во последните две кола од сезоната против Вулверхемптон дома и против Вест Хем Јунајтед на гости.

Во својата втора сезона на Стадионот на Светлината тој чекал до 9-тото првенствено коло за да го постигне својот прв гол во сезоната, против Болтон на 22 октомври 2011. Тој исто така бил стрелец и против Астон Вила. Со доаѓањето на новиот менаџер Мартин О'Нил, Сесењон добива послободна улога и е многу покорисен во нападот постигнувајќи голови и доставувајќи асистенции за своите соиграчи. Тој постигнал погодок на гостувањето кај ФК Квинс Парк Ренџерс за триумф од 3-2 на 21 декември 2011. Во првиот ден од новата година Сесењон бил асистент на победничкиот гол што го постигнал Жи Донг-Вон против водачот во тој момент во првенството Манчестер Сити за победа од 1-0. Два дена подоцна Сесењон го постигна третиот гол за Сандерленд во победата од 4-1 нагости кај Виган Атлетик. Голгетерската серија му продолжи на 21 јануари, кога против Свонзи тој го открил резултатот во 14-тата минута од натпреварот; во 85-тата минута од истиот натпревар тој му асистирал на Крег Гарднер за конечните 2-0.

Вест Бромвич уреди

На 2 септември 2013, Сесењон потпишал за Вест Бромвич Албион за клупски рекорд од 5.5 милиони £.

Монпелје уреди

На 26 септември 2016, како слободен играч Сесењон му се приклучил на Монпелје потпишувајќи двегодишен договор со клубот од Лига 1.[1]

Репрезентативна Кариера уреди

Сесењон е репрезентативец на Бенин од 2004 година, кога дебитирал за репрезентацијата во квалификациски натпревар за Светското првенство 2006 против Камерун.

Клупска статистика уреди

Статистиката е ажурирана на 24 октомври 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2004-2005   Кретеј Л2 35 5 - - - - - - - - - 35 5
2005-2006 Л2 33 5 - - - - - - - - - 33 5
Вкупно Кретеј 68 10 - - - - - - 68 10
2006-2007   Ле Ман Л1 31 1 - - - - - - - - - 31 1
2007-2008 Л1 30 5 - - - - - - - - - 30 5
Вкупно Ле Ман 61 6 - - - - - - 61 6
2008-2009   Париз Сен Жермен Л1 34 5 КФ+ЛКФ 2+4 1+0 КУ 9 1 - - - 49 7
2009-2010 Л1 29 3 КФ+ЛКФ 4+0 0 - - - - - - 33 3
2010-јан. 2011 Л1 14 0 КФ+ЛКФ 0+2 0 КУ 7 0 - - - 23 0
Вкупно Париз Сен Жермен 77 8 12 1 16 1 - - 105 10
јан.-јун. 2011   Сандерленд ПЛ 14 3 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 14 3
2011-2012 ПЛ 36 7 ФАКуп+ЛК 4+1 1+0 - - - - - - 41 8
2012-2013 ПЛ 35 7 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 36 7
авг. 2014 ПЛ 2 0 ФАКуп+ЛК - - - - - - - - 2 0
Вкупно Сандерленд 87 17 6 1 - - - - 93 18
авг. 2013-2014   Вест Бромвич Албион ПЛ 26 5 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 28 5
2014-2015 ПЛ 28 1 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 33 1
2015-2016 ПЛ 25 2 ФАКуп+ЛК 5+1 0 - - - - - - 31 2
Вкупно Вест Бромвич Албион 79 8 13 0 - - - - 92 8
2016-2017   Монпелје Л1 27 2 КФ+ЛКФ 1+2 0 - - - - - - 30 2
Вкупно во кариерата 399 51 34 2 16 1 - - 449 54

Титули уреди

  Париз Сент-Жермен уреди

Наводи уреди

  1. „Sessegnon à Montpellier (off.)“. sport24.fr. 26 September 2016.

Надворешни врски уреди