Моин

село во Општина Гевгелија

Моин — село во Општина Гевгелија, во областа Бојмија, во околината на градот Гевгелија.

Моин

Улица во селото Моин

Моин во рамките на Македонија
Моин
Местоположба на Моин во Македонија
Моин на карта

Карта

Координати 41°08′00″N 22°27′00″E / 41.13333° СГШ; 22.45000° ИГД / 41.13333; 22.45000
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Бојмија
Население 312 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1480
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06015
Надм. вис. 120 м
Моин на општинската карта

Атарот на Моин во рамките на општината
Моин на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Гевгелија, чиј атар се допира со државната гранична линија со Грција. Селото е оддалечено само неколку километри од градот Гевгелија и припаѓа на неговата рурбална зона.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 120 метри.[2]

Атарот зафаќа површина од 16,4 км2. На него шумите зафаќаат површина од 772 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 254 хектари, а на пасиштата 494 хектари.[2]

Историја уреди

Во антиката уреди

Подрачјето на Моин е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Трајкова Чешма на 1,5 км југозападно од селото.[3] Околу Моин има наоѓалишта од неколку населби од доцната антика.

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век, Моин било христијанско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Во 1895-96 г. во селото е основан комитет на ВМОРО.[4] Во овој период во селото работеле три пропаганди: бугарската, грчката (вклучувајќи ја вооружената) и прокатоличката (унијатската).

На 27 ноември 1901 г. според извештај на бугарскиот трговски агент во Солун Атанас Шопов писмено го известил кајмакамот во Гевгелија дека четата на Иван Карасулијата убила двајца гркомани во Моин бидејќи служеле како скривачи и помагачи на грчките чети.[5]

Во селото имало три цркви — бугарска егзархиска, гркоманска (патријаршиска) и бугарска унијатска (католичка).[6]

По Илинденското востание во 1904 г. патријаршистите преминале под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Муин (Mouin) имало 176 Македонци егзархисти и 160 Македонци унијати. и во селото работело бугарско унијатско училиште.[8][9]

Во Првата светска војна уреди

Во 1917 г. селото било на фронтовата линија, и трите цркви — екзархиската „Св. Архангел Михаил“, патријаршиската и католичката биле уништени. Селаните изградиле нова, но и таа ја доживеала истата судбина во НОВ. Во 1963 г. црквата „Св. Архангел Михаил“ конечно е обновена.[6]

Меѓувоен период уреди

Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[10]

Во Втората светска војна уреди

За време на окупацијата на Македонија во Втората светска војна, бугарските окупатори стрелале пет лица[11], родум од Љумница, Егејска Македонија, поради учество во НОБ во селото на 18 јануари 1944 година. Денес, во нивна чест е подигнат споменик во селото Моин.

Поново време уреди

Со почетокот на Европската бегалска криза, најмногу поттикната од Граѓанската војна во Сирија, селото како едно од пограничните села, ја чувствувало кризата. На 14 март 2016 година, се случила кулминација на кризата кога стотина бегалци упаднале преку државната линија на местото каде што не постоела ограда на раздвојување на државната граница со Грција и влегле во селото. Благодарение на брзата реакција на Армијата, бегалците биле сопрени. Настанот се случил како последица на затворањето на т.н. „Балканска рута“ за бегалците и со затворањето на кампот во Сехово.[12]

Проценките биле дека околу 2.100 бегалци, заедно со 72 странски новинари, влегле преку Сува Река, во близина на старата напуштена црква во селото во текот на ноќта помеѓу 14 и 15 март.[13]

Стопанство уреди

Селото има мешовита аграрна функција.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948380—    
1953351−7.6%
1961333−5.1%
1971291−12.6%
1981284−2.4%
ГодинаНас.±%
1991263−7.4%
1994273+3.8%
2002317+16.1%
2021312−1.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Моин имало 404 жители, сите Македонци.[14] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Моин имало 336 жители.[15]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци и 50 Власи.[16]

Моин во 1961 година броело 333 жители, а во 1994 година бројот на населението се намалил на 273 жители, од кои 264 биле Македонци, 8 Срби и 1 Влав.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Моин имало 317 жители, од кои 298 Македонци, 16 Срби и 3 Власи.[17]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 312 жители, од кои 300 Македонци, 1 Влав, 5 Срби, 1 останат и 5 лица без податоци.[18]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 404 336 380 351 333 291 284 263 273 317 312
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[19]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[20]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[21]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[22]

Општествени установи уреди

 
Поглед кон подрачното училиште
 
Поранешниот младински дом во селото

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Моин се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин, Мрзенци и Ума.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 353 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[23]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 253 гласачи.[24]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Поглед на црквата „Св. Архангел Михаил“ со селските гробишта
 
Поглед на Конска Река од мостот при влезот во селото
Цркви[25]
Археолошки наоѓалишта[3]
Споменици
Реки[26]


Личности уреди

Родени во Моин
  • Гоно Баев — револуционер, деец на ВМОРО[4]
  • Иван Танов Милков — револуционер, деец на ВМОРО[4]
  • Лазар Карапатаков (Лазарос Карапатакис) — агент од прва класа на грчката вооружена пропаганда во Македонија[27]
  • Мицо Ташев Кехајов — револуционер, деец на ВМОРО[4][28]
  • Петар Христов Илков — револуционер, деец на ВМОРО[4][29]
  • Тано Кољов — револуционер, деец на ВМОРО[4]
  • Христо Танов Туџаров — револуционер, деец на ВМОРО[4]
Починати во Моин
  • Никола Грков (? – 1908) — револуционер, војвода на ВМОРО, убиен на 18 март 1908 г.
  • Стојан Бојчош (? – 1908) — револуционер од Ошин, деец на ВМОРО, убиен на 18 март 1908 г. заедно со Никола Грков[30]

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 199-200. Посетено на 3 јуни 2017.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 110. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 954-9514-56-0
  5. Георгиев, Величко, Стайко Трифонов. Гръцката и сръбската пропаганди в Македония. Краят на XIX – началото на XX век, София, Македонски научен институт, 1995, стр. 20.
  6. 6,0 6,1 „Цркви и манстири во Гевгелија“. 2 јуни 2008. Посетено на 20 февруари 2014. Занемарен непознатиот параметар |издател= (help)
  7. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 126.
  8. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 194–195.
  10. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  11. Биле убиени следниве лица: Емануел Петров Ѓорѓи (1904-1944), Мешев Димитров Ставре (1904-1944), Аџиев Василев Петар (1904-1944), Мешев Димитров Ефтим (1906-1944) и Попгоргиев Аврамов Ѓорѓи (1926-1944)
  12. Батев, Наќе (14 март 2016). „Стотици бегалци влегоа во Македонија, АРМ ги запре кај селото Моин!“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2017-04-14. Посетено на 1 јули 2017.
  13. Тасев, Ристо (15 март 2016). „Моин под опсада на бегалците“. Утрински весник. Архивирано од изворникот на 2016-03-17. Посетено на 1 јули 2017.
  14. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  15. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  16. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  17. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 3 јуни 2017.
  18. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  19. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  20. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  21. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  22. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  23. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  24. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.
  25. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  26. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  27. „Καραπατάκης Λάζαρος - Μακεδονομάχοι“. macedonian-fighters.com. Посетено на 2021-09-23.
  28. Църнушанов, Коста, Ради Каранджулов (1993). Никола Каранджулов (PDF). София: Златовръх. стр. 27.
  29. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.7
  30. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 137, ISBN 954-9514-56-0

Надворешни врски уреди