ПУ „Гоце Делчев“ - Собри
поранешно основно училиште во Македонија
Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Собри; скратено: ПООУ „Гоце Делчев“) — поранешно подрачно основно училиште во селото Собри, кое претставувало единка на училиштето „Јосип Броз Тито“ од градот Валандово.[1]
Гоце Делчев
| |
---|---|
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Валандово |
Наречено по: | Гоце Делчев |
Нас. место: | Собри |
Адреса: | с. Собри |
Местоположба | |
Основни информации | |
Затворено: | 2015 |
Настава на: | македонски |
Училиштето било именувано по македонскиот револуционер Гоце Делчев и работело како училиште најмалку до 2015 година. Денес, се користи како избирачко место.
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа во самото село Собри, на сретсело.
Настава
уредиВо училиштето се изведувала настава од прво до петто одделение и наставата се изведувала единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
уреди-
Влезот
-
Поглед на училиштето
Наводи
уреди- ↑ „ОЦЕНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ“ (PDF). Сардич МЦ. Посетено на 16 април 2024.