Тома Никлев
Тома Никлев Петров (1860, Свето Митрани - 4 мај 1909, Могила) — македонски револуционер, член и раководител на Македонската револуционерна организација, учесник во Илинденското востание и еден од членовите на Горскиот штаб на Крушевската востаничка околија [1].
Тома Никлев | ||
Роден | 1860 Свето Митрани, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 4 мај 1909 Могила, Битолско, Македонија |
Животопис
уредиНиклев е роден во 1860 година во прилепското село Свето Митрани тогаш во Отоманското Царство. Тој се приклучил кон Македонската револуционерна организација во 1895 година и застанал на чело на првиот револуционерен комитет во Крушево. Во Илинденското востание бил член на Горското началство и учествувал во освојувањето на Крушево.
Загинал во екот на Борбата за Македонија. Заедно со крушевскиот четник Стојче Летник при преминување на реката Шемница, биле убиени од грчки терористи [2].
Извори
уредиЛитература
уреди- Историја на македонскиот народ, Просветно дело, Скопје, 1972.