Општина Самоков
- За други значења на поимот „Самоков“, видете ја страницата за појаснување.
Општина Самоков — рурална поранешна општина во Македонија, основана 1996 година[2], а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Македонски Брод. Седиште на општината било селото Самоков[2].
Општина Самоков
денес дел од Општина Македонски Брод | |
Поглед кон селото Самоков. | |
Местоположба на поранешната општина Самоков. | |
Грб | |
Општи податоци | |
Седиште | Самоков |
Регион | Југозападен Регион |
Основана | 1913, 1996-2004 |
Службен јазик | македонски |
Демографија | |
Население | 1553[1] жит. |
Населени места | |
Народности | Македонци |
Самоуправа | |
Контактни податоци |
Територијата на општина се наоѓала во регионот Горно Порече, и заземала речиси една половина од областа Порече. Најголема река во општината била реката Треска. Општината граничела со: Општина Македонски Брод на југ, Општина Осломеј на југозапад, Општина Србиново и Општина Чегране на запад, Општина Брвеница на северозапад, Општина Желино на север, Општина Сопиште и Општина Студеничани на североисток и Општина Богомила на исток[1]
Демографија
уреди- Население
Општина Самоков, според пописот од 2002, имала вкупно 1553 жители, 602 домаќинства и 1450 живеалишта[1]. Најголемо населено место било селото Самоков со 388 жители, а најмали биле Волче и Тажево со 7 жители[1]. Според етничката припадност, во општината живееле[1]: 1543 Македонци, 6 Срби и 4 жители попишани во рубриката останати.
- Јазик
Доминантен јазик во општината бил македонскиот, каде од 1553 жители, 1541 жител се изјаснил дека македонскиот му е мајчин јазик. Покрај македонскиот, српскиот јазик го зборувале 6 лица и дополнителни 6 лица зборувале на останати јазици[1].
- Религија
Во поглед на религијата, православието била доминантна религија во општината. Од вкупно 1553 жители, 1525 жители биле следбеници на православието (МПЦ-ОА), 2 жители се изјасниле како следбеници на католицизмот и 26 жители се изјасниле како следбеници на некои од останатите религии[1].
Населени места
уредиНајголемо населено место во општина било селото Самоков. Во општината се наоѓале следните населени места:[2]: Ковач, Бенче, Битово, Близанско, Брест, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Зркле, Заград, Звечан, Здуње, Калуѓерец, Ковче, Косово, Лупште, Могилец, Тажево, Брезница, Белица, Рамне, Растеш, Требовље, Инче, Самоков и Сушица.
Стопанство
уредиОпштина Самоков била воглавно земјоделска општина. Главни стопански гранки во општината биле земјоделството шумарството и сточарството. Значаен индустриски објект во општината била фабриката Сувенир. Денес на територијата на некогашната општина се наоѓа хидроцентралата „Козјак“.
Историја на општината
уредиЗа време на српската окупација на Македонија 1912 - 1940 година, Порече се наоѓало во рамките на Кралството Србија а подоцна во рамките на Кралството Југославија. Оваа област припаѓала на Поречкиот Срез на чие чело стоел началник на срезот. Срезот бил составен од тогашните општини: Брод, Дебреште, Растеш, Самоков и Пласничко-Рабетинска општина. Претседателите на општините биле поставувани со декрет.
После Втората светска војна, административно, територијата на општината Самоков потпаѓа под Охридската околија.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 2012-08-28.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Закон за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа, "Сл. Весник на Република Македонија" бр. 49/96 од 14.09.1996 година“.