ХЕЦ Козјак
Козјак е акумулациона хидроцентрала на долниот тек на реката Треска, југозападно од Скопје, односно на езерото Козјак. Браната и хидроцентралата „Козјак“ се наоѓаат на реката Треска, на приближно 25 километри од нејзиното влевање во Вардар, на 16 километри од браната „Матка“ и на 45 километри од Скопје. Браната Козјак е најголема и највисока брана во државата, со висина од 130 метри распон.[1]
Брана Козјак | |
---|---|
Браната и езерото Козјак, поглед од врвот Фојник | |
Држава | Македонија |
Локација | Козјак |
Координати | 41°52′40.37″N 21°11′33.59″E / 41.8778806° СГШ; 21.1926639° ИГД |
Статус | Operational |
Започнато градење | 1994 |
Електрична централа | |
Commission date | 2004 |
- За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница
Изградба
уредиУште со среднорочниот план за развој на СР Македонија и со програмата за изградба на електроенергетски објекти 1983-1990, ХЕЦ „Козјак“ бил утврден како еден од приоритетните објекти. Претходно, во 1969 година, фирмата „Норконсулт“ од Норвешка изработила студија за регулација и контрола на реката Вардар во која била предвидена изградба на браната „Козјак“. Истражувањата на теренот за ХЕЦ „Козјак“ се извршени во неколку фази, од 1965 до 1979 година, а потоа од 1981 до 1986 година. Притоа било предвидено да се гради камено-насипна брана со глинено јадро. Врз основа на теренските и лабораториските истражувања спроведени од неколку институции (Геолошки завод – Скопје, Градежен институт „Македонија“, Електротехничкиот факултет – Скопје, Машинскиот факултет - Скопје итн.), „ЕМО“ – Охрид изработил главен проект за сите објекти на централата. На 27 февруари 1990 година, во „Енергопроект“ од Белград била извршена ревизија на целата документација за ХЕЦ „Козјак“ и било заклучено дека може да се отпочне со градба. Камен-темелникот бил фрлен на 31 август 1994 година од страна на тогашниот претседател Киро Глигоров, а првото полнење на акумулацијата се извршило во декември 2003 година.[1] Изградбата на централата била во партнерство на ЕЛЕМ и кинеската CWE (China international water and electric corporation).[2]
Технички податоци
уредиЦентралата располага со два агрегати со францис турбини, со вкупна установена моќност од 80 MW. Првиот агрегат бил пуштен во погон на 7 јули 2004 година, а вториот на 30 септември 2004 година. Проектираното просечно годишно производство е 150 GWh. Предвидено е акумулацијата да се користи за повеќе намени. Главната улога на оваа ХЦ е да учествува во покривањето на врвовите од дневните дијаграми на оптоварувањето на електро-енергетскиот систем.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „ХЕЦ Козјак – производство на електрична енергија и намалување на штетите од поплави“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 26-27.
- ↑ 2,0 2,1 „АД ЕЛЕМ и кинеската компанија CWE потпишаa Протокол за целосно исполнување на обврските од Договорот за изградба на ХЕ „Козјак"“. ЕЛЕМ. Посетено на 2010-07-22.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |