Рудински мост
мост во Мегленско, Егејска Македонија
Рудински мост (грчки: Γέφυρα στο Άλωρο) — стар камен мост кај селото Рудино во Мегленско, Егејска Македонија.[1]
Рудински мост Γέφυρα στο Άλωρο | |
---|---|
Координати | 40°54′26.6″N 22°6′59.5″E / 40.907389° СГШ; 22.116528° ИГД |
Преминува | Мегленица |
Место | Рудино, Мегленско, Егејска Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 50 м |
Ширина | 2 м |
Висина | 8 м |
Распони | 3 |
Местоположба | |
Иако се нарекува „Мост на Александар Велики“ (Γέφυρα Μεγάλου Αλεξάνδρου), мостот е изграден во османлиско време. Ја преминува Мегленица на неколку километри источно од Рудино. Има три полукружни лакови. За време на Граѓанската војна, мостот е разнесен. Зачуван е само западниот лак, чии димензии се 12 м во должина, 2 м во ширина, 4,7 м во висина и ширина на отворот од 5,7 м. Имал вкупна должина од 50 м, а висина над 8 м. Лаковите имаат шестаголни основи. Изграден е од варовник и бил поправан во различни периоди, од кои последниот наврат бил во XVIII век.[1]
Поврзано
уреди- Рудинско кале — античка утврдена населба во околината
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Γέφυρα στο Άλωρο“. Βάση Δεδομένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Посетено на 20 април 2018.[мртва врска]