Рона Алпи (француски изговор: [ron.alp]  ( слушнете); арпитански: Rôno-Arpes; окситански: Ròse-Aups) е еден од 27 региони во Франција, кој се наоѓа на источниот дел од земјата, кон југ. Регионот името го добил по реката Рона и планинскиот венец на Алпите. Неговиот главен град, Лион, е втор по големина град во Франција, после Париз. Рона-Алпи е рангиран како шести регион со најголема економија во Европа. Регионот Рона Алпи трипати бил домаќин на Зимски олимписки игри; во 1924 во Шамони, во 1968 во Гренобл, и 1992 во Албервил.

Рона-Алпи
Rhône-Alpes
Знаме на Рона-АлпиЛого на Рона-Алпи
Амблем
Земја Франција
ПрефектураЛион
Департмани
Управа
 • ПретседателЖан-Жак Кејран (PS (Социјалистичка партија))
Површина
 • Вкупна43.698 км2 (16,872 ми2)
Население (2010-01-01)
 • Вкупно6.218.444
 • Густина140/км2 (370/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
NUTSFR7
Мреж. местоrhonealpes.fr

Географија

уреди
 
Карта на регионот

Рона-Алпи се наоѓа во источна Франција. На север e регионот Бургундија-Франш Конте, на запад се граничи со регионот Оверњ, на југ се граничи со Лангдок-Русијон и со Прованса-Алпи-Азурен Брег. На исток од регионот во поголемиот дел се протега западниот дел на Алпите а регионот се граничи со Швајцарија и Италија. Највисока точка е врвот Монблан, кој се наоѓа на француско-италијанската граница. Во централниот дел на регионот се долините на реките Рона и Сона. Овие две реки се среќааваат кај градот Лион. Западниот дел од регионот го содржи подножјето на планините Централен Масив.

Регионот исто така граничи или содржи повеќе поголеми езера како Женовското езеро (Lac Léman) и Анси. Реката Ардеш тече во југозападниот дел на регионот каде се наоѓа и најдлабоката клисура во Европа.

Рона-Алпи е регион составен од следниве департмани:

Историја

уреди

Пред повеќе од 30000 години п.н.е. жителите на пештерата Шове (Ардеш) ги нацртале првите познати уметнички дела на човештвото. Пред доаѓањето на Римјаните, 8 галски народи ја делеле територијата на идниот регион Рона-Алпи: Халвиени на средоземниот брег, Алоброги кај Дофине, Цеутрони во Тарентез, Медули во Мориен, Амбари во Ен, Сегусиави околу Лион и Роан како и Кавари и Воконки населени на југ во регионот. Сè до Филип Убавиот (почеток на 14 век), Рона служела како граница меѓу кралството на Франција и германското Свето Римско Царство. Во 1349 – на почетоците на Стогодишната војна - Дофине бил припоен кон Франција. Потоа во 1601, со Лионскиот договор, Анри IV кон кралството на Франција ги припоил Буже и Жекс а потоа во 1762, и Домбр. Савоја била за првпат припоена кон Франција во 1792 со Француската револуција при што бил оформен департманот Монблан. Дел од јужна Швајцарија исто така потпаднал под Франција во тек на Империјата: Леман (1798-1815, денешниот кантон Женева) и Симплон (1810-1815, денешниот кантон Вале). По Виенскиот конгрес (1815), Савоја била вратена на кралството Сардења (управувано од Савојската династија) а границата со Швајцарија била утврдена на денешните граници. Регионот дефинитивно станал француски во 1860. Провинцијата Савоја тогаш била поделена на два департмана: Савоја и Горна Савоја. Тогаш биле утврдени и актуелните граници на департманите на Рона-Алпи.

Јазик

уреди

Како и во останатиот дел на Франција, единствениот службен јазик во регионот е францускиот. До средината на 20 век, арпитанскиот нашироко бил употребуван во целиот регион, додека многумина од жителите на јужниот дел зборувале разни варијанти на окситански. И двата јазика се во опаѓање во регионот.

Демографија

уреди
 
Гренобл

Вкупниот број жители во регионот изнесува 6.218.444 (2010). Рона-Алпи содржи 3 поголеми града во Франција – триаголникот Лион - Гренобл – Сент-Етјен. Овој триаголник го сочинува економското јадро на регионот и воедно се најгусто населени подрачја.

  • Подрачјето на Лион брои 1,798,395 жители (2008)
  • Подрачјето на Гренобл брои 560,453 жители (2008)
  • Подрачјето на Сент-Етјен брои 321,703 жители (1999)
  • Подрачјето на Валенса брои 164,334 жители (2008)

Во регионот има доселеници од Ерменија, Италија, Северна Африка, Полска и Португалија.

Поголеми градови

уреди
Анси Сен-Шамон
Бурж-ан-Брес Сент-Етјен
Брон Сен-Мартен-Дерес
Шамбери Тонон-ле-Бен
Гренобл Валенса
Лион Во-ан-Велен
Роан Венисие
Монтелимар Вилурбан

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди