Горна Савоја

департман во Франција

Горна Савоја (француски: Haute-Savoie (изговорено От Савуа[1]департман во регионот Оверњ-Рона-Алпи во југоисточна Франција, кој се граничи и Швајцарија и Италија. Нејзината префектура е Анси. На север е Женевското Езеро; на југ и југоисток се Монблан и планинскиот венец Аравис.

Горна Савоја
Haute-Savoie(француски)
Savouè d'Amont (арпитански)
Департман во Франција
Aiguille du Midi 5.JPGLac vert de passy (2).JPGPréfecture Annecy.jpg
Lec Houches view 2 (cropped).jpg
Port Rives Thonon Bains 4.jpgGrand Balcon Nord 7.jpg
Од горе кон доле, лево кон десно: Егил ду Миди, Зеленото Езеро во Паси, префектурната зграда во Анси, поглед на Лез-Уш, Тонон-лез-Бејн, пејсаж блузи Шамони
Знаме на Горна Савоја
Знаме
Грб на Горна Савоја
Грб
Местоположба на Горна Савоја во Франција
Местоположба на Горна Савоја во Франција
ДржаваФранција
РегионОверњ-Рона-Алпи
ПрефектураАнси
ПотпрефектуриБоневил
Сен-Жулиен-ен-Женевуа
Тонон-лез-Бејн
Управа
 • Претседател на Департманскиот советКристијан Монтеј (РД)
Површина1
 • Вкупна4.388 км2 (1,694 ми2)
Надм. вис.2&100000000000011600000001.160 м
Најг. вис.&100000000004810400000004.810,40 м
Најм. вис.&10000000000000250000000250 м
Население (2017)
 • Вкупно807.360
 • Ранг28.
 • Густина180/км2 (480/ми2)
Часовен појасСЕВ (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Департмански број74
Окрузи4
Кантони17
Комуни279
^1 Податоците за регистар на француска земја, кои исклучуваат естуари и езера, мали езера и глечери поголеми од 1 км2
^2 Inventaire forestier départemental, IIIe inventaire 1998

Го носи своето име од историскиот регион Савоја, како и департманот Савоја, кој се наоѓа јужно од Горна Савоја. Во 2017 година, имал население од 807.360 жители. Нејзини потпрефектури се Боневил, Сен Жулиен-ен-Женевоа и Тонон-ле-Бејн. Францускиот влез во Монбланскиот тунел во Италија е во Горна Савоја. Позната е по зимските спортови; првите Зимски олимписки игри биле одржани во Шамони во 1924 година.

ИсторијаУреди

Историскиот регион Савоја била управуван од Савојците, владејачката династија на Савоја од 1032 до 1860 година. Војводството Савоја биле владетели на регионот Савоја од 1416 до 1720 година.

Територијата окупирана од современата Горна Савоја и соседниот департман Савоја станала дел од Кралството Сардинија по Договорот од Утрехт во 1713 година. Анексијата на регионот од страна на Франција бил официјализирана со Торинскиот договор на 24 март 1860 година.

Од ноември 1942 до септември 1943 година, Горна Савоја била подложена на воена окупација од фашистичка Италија. Маки де Глиер (Maquis des Glières) (група на борци од Слободниот француски отпор кои се спротивставиле на режимите на нацистите, Вишиевска Франција и француската милиција за време на Втората светска војна) дејствувале од Горна Савоја. Во зима 1943-1944 година, германските војници запалиле околу 500 фарми како одговор на активностите на Францускиот отпор.

ГеографијаУреди

 
Висока Савоа означена со кафеава боја во поранешниот регион Рона-Алпи, со нацртани окрузи

Горна Савоја се состои од четири окрузи, поделени на 281 комуни и 17 кантони. На север, се граничи со швајцарскиот кантон Женева и Женевското Езеро; на исток швајцарскиот кантон Вале и италијанската Аостинска Долина; на запад францускиот департман Ен; а на југ департманот Савоја.

Горна Савоја има најголем височински масив од сите департмани во Франција; најниската точка е 250 м во долината на Рона и највисокиот Монблан на 4.810,40 м.[2]:9 Некои од најпознатите светски скијачки центри се наоѓаат во Горна Савоја.

Теренот на департманот го вклучува алпскиот МасивМонблан; Француските Предалпи на Масивот Аравис, Шабле, Борнските и Башките Алпи; и ниските рамнини на Женевуа От Савојард и Албане (познати заедно како Л'Авант пајс савојард).[2]:9 Неговиот планински терен ги прави планинските превои важни за трговскиот и економскиот живот. Некои од најважните се Форклашки Врв (кој ги поврзува Шамони со кантонот Вале) и Монбланскиот тунел, што ги поврзува Шамони со Курмајур во Аостинската Долината.[2]:10

ДемографијаУреди

Развој на населението од 1861 година:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1861267,496—    
1872273,027+2.1%
1881274,087+0.4%
1891268,471−2.0%
1901263,803−1.7%
1911255,137−3.3%
1921235,668−7.6%
1931252,794+7.3%
1936259,961+2.8%
1946270,565+4.1%
1954293,852+8.6%
1962329,23+12.0%
1968378,55+15.0%
1975447,795+18.3%
1982494,505+10.4%
1990568,286+14.9%
1999631,679+11.2%
2006696,254+10.2%
2016801,416+15.1%

ЗанаетиУреди

Кон крајот на 2000 година, занаетите зафатиле 15 проценти од работната сила, или 28.443 вработени и 1.922 чираци. 11.951 работни друштва претставени на Répertoire des Métiers (Трговски индекс) биле поделени на:

  • Храна: 955 друштва
  • Изградба: 4.924
  • Производство: 2.834
  • Услуги: 3.238

Градежни и јавни работиУреди

Кон крајот на декември 2000 година, градежните работи и јавните работи опфатиле 13.867 вработени во 4.838 работни друштва како што следува:

  • Изградба: 20 проценти
  • Украсување, електрична енергија, малтерисување, сликање: 70 проценти
  • Јавни работи: 10 проценти

ТрговијаУреди

Кон крајот на декември 2000 година, трговскиот сектор учествувал со 33,994 вработени во 9,351 работно друштво како што следува:

  • Туризам, култура и разонода: 23,7 проценти
  • Храна и ресторани: 22,5 проценти
  • Хигиена и здравје: 15,2 проценти
  • Услуга: 14,3 проценти
  • Автомобили, мотоцикли, велосипеди: 13,1 проценти
  • Опрема за домаќинство, апарати за домаќинство: 11,2 проценти

МалопродажбаУреди

Кон крајот на 2006 година, департментот имал 600 комерцијални претпријатија на над 300 кв м (за вкупна површина од 705,419 кв м), вклучувајќи:

  • 13 хипермаркети (78,105 кв м)
  • 92 супермаркети (112,844 кв м)
  • 24 продавници со макси-попусти (17,600 кв м)
  • 6 стоковни куќи и разновидни продавници (14,640 кв м)
  • 465 други продавници (482,230 кв м)

ПоврзаноУреди

ЈазикУреди

МестаУреди

НаводиУреди

  1. Арпитански: Savouè d'Amont или Hiôta-Savouè; германски: Obersavoyen или Hochsavoyen; италијански: Alta Savoia.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Haute-Savoie: IIIe inventaire 1998“ (PDF). Inventaire forestier départemental. Inventaire Forestier National. 2005. Посетено на 10 август 2021.

 

Надворешни врскиУреди