Сона
Сона (La Saône) — река во источна Франција (департмани Вогези, Горна Сона, Златен Брег, Сона и Лоара, Ен и Рона) и 205 општини [1], десна притока на Рона. Долга е 473 km (деветта најдолга река во Франција), има сливно подрачје од 29.321 км2
Сона Saône | |
---|---|
Сона во Лион ноќе | |
Течението на Сона | |
Изворно име | франкопровансалски:Sona |
Местоположба | |
Држава | Франција |
Физички особености | |
Извор | Виоменил |
• место | Вогези |
• координати | 48°05′40″N 6°10′55″E / 48.094444° СГШ; 6.181944° ИГД |
• надм. вис. | 392 м (1,286 ст) |
Устие | Рона |
• место | Лион, Франција |
• координати | 45°43′39″N 4°49′4″E / 45.72750° СГШ; 4.81778° ИГД |
• надм. вис. | 158 m |
Должина | 473 km |
Проток | |
• просечен | 410m3/s |
Особености на сливот | |
Течение | Рона→ Средоземно Море |
Притоки | |
• леви | Ду, Лантерн |
• десни | Азерг, Моргон |
Именување
уредиИмето Сона произлегува од името на келтската божица Сукона, која се смета за заштитничка на реката.[2] Латинското име на реката е Arar, што претставува удвојување на индоевропскиот корен ar, што значи вода. Според Гај Јулиј Цезар, ова го одразува фактот дека е тешко да се одреди нејзината насока на течење поради бавното движење на водата.[3]
Географски особености
уредиИзвор, тек, устие
уредиРеката Сона извира на 418 m надморска височина, во центарот на малиот град Виоменил (департман Вогези), во јужниот дел на Лотарингското Плато, западно од ниските планини Вогези. По целата своја должина, Сона тече во правец југ или југ-југозапад, низ Сонско-ронската меѓупланинската депресија и е типична рамничарска река со широка долина и мирен тек. Се влева во реката Рона од нејзината десна страна, на 164 m надморска височина, во близина на центарот на градот Лион.
Сливно подрачје, притоки
уредиСливот на Сона зафаќа површина од 29.321 км2, од кој мал дел е на швајцарска територија и претставува 30,67% од сливот на Рона. На запад и северозапад, сливот на Сона се граничи со сливните подрачја на реките Лоара и Сена (од сливот на Атлантскиот Океан), на север, североисток и исток - до сливните подрачја на реките Меза и Рајна (од сливот Северното Море), а на југоисток – со сливните сливови на реката Ен и другите помали десни притоки на Рона.
Главни притоки:
- леви – Коне (55 км, 317 км2), Лантерн (69 км, 1020 км2), Оњон (214 км, 2308 км2), Ду (453 км, 7710 км2), Сеј (100 км, 2300 км2), Ресуз (75 km, 495 км2), Вел (67 km, 672 км2), Шаларон (52 km, 175 км2);
- десни – Венжан (93 km, 3650 км2), Тиј (83 km, 1100 км2), Дун (77 km, 1039 км2), Грон (96 km, 1000 км2), Азерг (61 km, 886 км2) .
Хидролошки показатели
уредиВодите на Сона предимно произлегуваат од врнежи со нагласени зимски поплави (ноември до април) кога нејзиното ниво се зголемува за 3 – 4 m. Таа е една од најполноводните француски реки со просечен годишен проток во близина на устието од околу 400 m³/сек .
Економско значење, населби
уредиСона е пловна речиси по целата нејзина должина, нејзиното корито е засечено и поправено со водозаштитни насипи. Преку изградени канали (во 17 и 18 век) се поврзува со реките: Мозел (преку Источниот канал), Лоара (Централен канал), Марна (Канал Марна-Сона), Сена (Бургундски канал) и Рајна (канал Рона-Рајна).
По целото нејзино течение, долината на Сона е густо населена, а најголеми населби се: Шалон-на-Сона, Макон и Лион.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Fiche cours d'eau La Saône (U---0000)“ (француски). Архивирано од изворникот на 2015-12-10. Посетено на 2022-07-10.
- ↑ „Souconna – 3722 – L'encyclopédie – L'Arbre Celtique“ (француски).
- ↑ „Записки за Галската война“, Гай Юлий Цезар