Вилурбан

општина во Франција

Вилурбан (француски: Villeurbanne, франкопровансалски: Velorbana) — општина во метрополата Лион во регионот Оверњ-Рона-Алпи источна Франција.

Вилурбан
Villeurbanne
Општина
Градското собрание во Вилурбан
Градското собрание во Вилурбан
Грб на Вилурбан Villeurbanne
ЗемјаФранција
РегионРона-Алпи
МетрополаЛионска метропола
ОкругЛион
Управа
 • Градоначалник (2020–2026) Седрик ван Стивандал[1] (СП)
Површина114,52 км2 (5,61 ми2)
Население (2019)2152.212
 • Густина10,000/км2 (27,000/ми2)
INSEE/Пошт. бр.69266 / 69100
Надм. висина165 м
(прос. 181 м)
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш.

Се наоѓа североисточно од Лион, со кој го образува срцето на втората по големина метрополска област во Франција, по онаа на Париз. Вилурбан е втор по големина град во метрополската област Лион и 20-ти најнаселен во Франција.[2] Во 2013 година, Вилурбан бил избран за град со најдобра администрација на Франција, кој привлекува сè повеќе луѓе.

Историја

уреди

Сегашната местоположба на центарот на Вилурбан е познато дека била населена уште во далечната 6000 г.пр.н.е. Неговото сегашно име доаѓа од гало-римско земјоделско подрачје, основано приближно во исто време со Лион (тогаш Lugdunum) и познато како Villa Urbana („градска куќа“). Потоа ќе стане Urbanum, потоа Villa Urbane и, на крајот, Villeurbane - Вилурбан.

Вилурбан му припаѓа на Kралството Франција од 1349 година. Потоа бил одвоен од Ла Гиjотиер (поранешен град во подоцна вклучен во Лион како 3, 6, 7 и 8 арондисман) со реката Ла Риз, поранешен огранок на реката Рона.

До 19 век, градот бил составен од села разделени со полиња и неразвиено земјиште. Овие села претежно опстанале, а во денешно време ги образуваат реоните Шарпен, Кисе, Кроа-Луизе, Мезон-Нев и др.

Со индустриската ера, економијата на Вилурбан пораснала: прва процветала текстилната индустрија, а потоа машинската и хемиската. Фабриките привлекле бројни имигранти, особено од Италија.

20 век

уреди

Преобразувајќи се од селска заедница во индустриски град, Вилурбан доживеал огромен бум на населението во доцните 1920-ти. Од 3.000 жители во 1928 година, неговото население се зголемило на 82.000 во 1931 година. Градоначалникот Лазар Гужон (избран во 1924 година) поттикнал голем јавни работи во градот. Веројатно највидливото наследство на оваа програма е Грат-сјел (Gratte-Ciel - Небодер), станбен комплекс составен од две кули на ар деко на кои се припојуваат помали згради, наредени по авенијата Анри Барбис. Овие структури изградени помеѓу 1924-1934 година се дело на архитектот Морис Леру, со придонес на Тони Гарние. Тие се една од најзабележителните структури на ар деко во Франција, а кулите близначки од 19 ката станале амблем на градот.

Градското собрание на Вилурбан го изградил Робер Жиру, ученик на Тони Гарние (архитект) и пријател на Морис Леру.

Образование

уреди

Основни и средни училишта

уреди

Јавни средни училишта:

Приватни училишта:

  • Инститисион сколер имакиле консепсион (Institution Scolaire Immaculée Conception) е приватно училиште од основно до средно училиште со три кампуси, два за основно и еден за средно.[7]
  • Екол Бет Менахем (École Beth Menahem) (еврејско училиште од предучилишна до средно.[8]

Колеџи и универзитети

уреди

Многу колеџи и универзитети од метрополската област Лион се наоѓаат во Вилурбан. Многу од нив се наоѓаат на кампусот Ла Дуа, дом на Универзитетот Клод Бернар (Лион I), јавен универзитет, CPE Лион и Националниот институт за науки за апликации во Лион, еден од врвните инженерски институти (Grandes écoles) во Франција., многу добро познат по висококвалитетното образование и за истражување во Франција.

Превоз

уреди

Вилурбан е вклучен во системот за јавен превоз во областа Лион. Крак од метрото минува низ срцето на градот, а трамвајски линии го поврзуваат кампусот Ла Дуа со деловната и трговска област во Лион Ла Пар-Дие и центарот на Прескил.

Збратимени градови

уреди

Вилурбан е збратимен со:[9]

Покрај тоа, Вилурбан има повелба за пријателство со:

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
17931.617—    
18001.654+2.3%
18061.834+10.9%
18212.136+16.5%
18312.826+32.3%
18362.998+6.1%
18413.677+22.6%
18464.252+15.6%
18515.395+26.9%
18565.339−1.0%
18615.850+9.6%
18666.663+13.9%
18727.474+12.2%
18769.033+20.9%
188111.176+23.7%
188614.715+31.7%
189117.940+21.9%
189621.714+21.0%
190129.220+34.6%
190633.890+16.0%
191142.526+25.5%
192156.110+31.9%
192663.775+13.7%
193182.038+28.6%
193681.322−0.9%
194682.399+1.3%
195481.769−0.8%
1962105.416+28.9%
1968119.879+13.7%
1975116.535−2.8%
1982115.960−0.5%
1990116.872+0.8%
1999124.215+6.3%
2007138.151+11.2%
2012146.282+5.9%
2017147.712+1.0%
2018150.659+2.0%

Во однос на населението, Вилурбан е втор по големина град во метрополата Лион, четврт по големина во регионот Оверњ-Рона-Алпи и 21-ви по големина во Франција.

Познати личности

уреди
  • Анри Бертран, ткајач на свила
  • Анри Коше (1901–1987), тенисер
  • Шарл Ерни (1923-1990), политичар, градоначалник на Вилурбан (1977-1990)
  • Мурад Бенхамида (роден 1986 година), фудбалер
  • Лор Маноду (родена 1986 година), пливачка, светски рекордер
  • Жан-Карл Верне (роден 1987), возач на тркачки автомобил
  • Флоран Маноду (роден 1990 г.), пливач
  • Њонсиан Њомбла (родена 1990 г.), ракометарка
  • Ксавиер Шавалерин (роден 1991 година), фудбалер
  • Амос Југа (роден 1992 година), фудбалер
  • Вилем Гејбелс (роден 2001 година), фудбалер

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Répertoire national des élus: les maires“ (француски). data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises. 13 September 2022.
  2. „Villes et communes de France − Tableaux de l'économie française | Insee“. www.insee.fr. Посетено на 2019-08-28.
  3. Home.
  4. Home Архивирано на 16 април 2021 г..
  5. Home Архивирано на 8 септември 2018 г..
  6. Home.
  7. Home page Архивирано на 7 септември 2016 г..
  8. Home page.
  9. „Faites Passer le Mot“ (PDF). villeurbanne.fr (француски). Villeurbanne. December 2010. стр. 22. Посетено на 2021-04-12.
  10. „International Cooperation | NKR“. Архивирано од изворникот на 2021-03-01. Посетено на 2022-12-18.

Надворешни врски

уреди