Радовишко архијерејско намесништво

Радовишко архијерејско намесништво — архијерејско намесништво во Македонската православна црква - Охридска Архиепископија едно од четирите намесништва во Брегалничката епархија. Ова архијерејско намесништво го опфаќа градот Радовиш со околните села. На чело на Радовишкото архијерејско намесништво се наоѓа Иван Стојменов (сост. 2016).[1]

Црквата „Св. Троица“ во Радовиш - симбол на радовишкото христијанство

Историја

уреди

Во црковната историја, Радовишкото архијерејско намесништво најчесто се наоѓало под јурисдикција на Струмичката епархија. До Балканските војни (1912-1913) и делбите на Македонија (1913), Радовишкото архијерејско намесништво се наоѓало во составот на Струмичката епархија. Така во крајот на XIX век и почетокот на XX век Струмичката епархија ја управувал патријаршискиот митрополит Јеротеј, а од 1897 година и егзархискиот владика Герасим, што значи во Епархијата владеело туѓо црковно двовластие. По Првата светска војна, кога Злетовско-струмичката епархија се нашла во составот на Српската православна црква егзистирало Радовишкото архијерејско намесништво. Таквата состојба се задржала до 1941 година. По возобновувањето на Светиклиментовата охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква, за време на митрополитот Злетовско-струмички г. Наум, Радовиш и неговите околни села се наоѓаат под власта на Штипското архијерејско намесништво. Во тоа време егзистираат две радовишки градски парохии и неколку селски (Иневско-воиславска, Конечка и Подарешка парохија). Во 1989 година од Злетовско-струмичката парохија се основаат одделно две епархии: Брегалничка на чело со митрополитот г. Стефан и Струмичката на чело со митрополитот г. Горазд. Со новата црковнотериторијална промена Радовиш со околните села влегуваат во составот на Струмичката епархија. Со одлука на САС на МПЦ таа година било основано Радовишкото архијерејско намесништво при црквата „Св. Пророк Илија“ во Радовиш. За прв архијерејски намесник бил избран куклишанецот протоерејставрофор Коста Донев. Во 1991 година доаѓа до нова трансформација, па Радовишкото архијерејско намесништво сега се нашло во составот на Брегалничката епархија. Тогаш постоеле три градски (радовишки) и три селски парохии. Од моментот кога на чело на Брегалничката епархија застанал митрополитот Агатангел, Радовишкото архијерејско намесништво било поделено на 4 градски (радовишки) и 3 селски парохии. Во 2001 година поради тоа што архијерејскиот намесник Коста Донев отишол во пензија, нов намесник станал прота Гоце Младеновски.

Парохии

уреди

Откако во 2006 година архимандритот Иларион бил хиротонисан за Брегалнички митрополит, на чело на Радовишкото архијерејско намесништво дошол свештеникот Иван Стојменов. Оттогаш до денес во Радовишкото архијерејско намесништво постојат следниве парохии:

Наводи

уреди
  1. Postolovski, Goran (2013) Historical Aspect of Bregalnitza Dioceses. Masters thesis, University Goce Delcev Shtip.
  2. Трајановски Александар, (2008), Возобнување на Охридската Архиепископија како Македонска православна црква и нејзиниот шематизам, Скопје, 356.