Прва радовишка парохија

парохија на МПЦ-ОА

Прва радовишка парохија — македонска православна парохија, дел од Радовишкото архијерејско намесништво на Брегалничката епархија на МПЦ - ОА, една од четирите градски парохии на Радовиш. Парохијата ја опфаќа десната страна по течението на Радовишка Река и еден мал дел од левата страна до почетокот на населбата Куклевица. Во оваа парохија се наоѓа храмот „Св. Троица“, изграден со донаторство на радовишкиот стопанственик Ристо Гуштеров. Старешина на оваа парохија е Стојан Јановски (сост. 2016);

Цркви уреди

Ова е список на црквите во парохијата.[1] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Троица“
(парохиска црква)
Радовиш 1997  

Наводи уреди

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.