Пристаниште во Бар

Пристаништето Бар — главното пристаниште во Црна Гора. Се наоѓа во градот Бар.

Пристаништето во Бар

Историја

уреди
 
Пристаништето во Бар

Пристаништето Бар се користело како пристаниште за Скадар, пред Турците да го освојат во 1571 година.[1] Веднаш по освојувањето на Бар, Турците изградиле мало пристаниште со еден бранобран и дрвен столб. Ова поранешно турско пристаниште се одржувало и се проширило од 1878 година, кога Црна Гора го добила Бар откако официјално станала независна од Отоманската империја.[1] Црна Гора станала првата јужнословенска земја која имала пристаниште на море.

Изградбата на пристаништето официјално започнала на 23 март 1905 година, кога Никола I Петровиќ Његош, од јахтата Романија, го поставил камен-темелникот во морето, во кој биле изгравирани неговите иницијали и датум.[2] Пристаништето Бар официјално почнало да се гради на 27 јуни 1906 година[2] иако пристаништето е основано истиот ден. Коен Калиа, италијански експерт за поморска конструкција, го дизајнирал пристаништето за годишен сообраќај од три милиони тони. И покрај сите планови, е изграден и пуштен во употреба само 250 метарски бранобран на 23 октомври 1909 година.

За време на Втората светска војна, Германците во 1944 година речиси целосно го минирале и го уништиле пристаништето, повлекувајќи се.[1] Реновирањето започнало со градба на големото пристаниште.[1] Првата фаза била завршена во 1965 година, втората, која имала годишен обрт од околу 5 милиони тони товар во планот, била речиси завршена, кога во 1979 година се случил катастрофален земјотрес уништувајќи повеќе од половина од нејзините модерни пристанишни капацитети.[1]

Операции

уреди

Бидејќи црногорскиот пазар е премногу мал за целосно да ги искористи своите капацитети и да го направи пристаништето профитабилно, општо прифатено е дека пристаништето Бар мора да стекне нови пазари за да опслужува. Во 1976 година завршиле работите на изградбата на автопатот и железничката пруга Белград-Бар, со што се овозможило поврзување на пристаништето со српскиот, а со тоа и со централноевропскиот пазар.[1]

Траекти линии

уреди

Види повеќе

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Luka Bar – Strategijski marketing plan | Studenti.rs“. studenti.rs. Посетено на 21. 3. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Istorijat Luke“. www.lukabar.me. Посетено на 21. 3. 2020.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски

уреди