Песодер

село во Леринско, Егејска Македонија, Грција

Песодер или Писодер (грчки: Πισοδέρι, Писодери) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 17 жители (2021) — сите Власи.

Песодер
Πισοδέρι
Црквата „Св. Петка“ во Песодер
Црквата „Св. Петка“ во Песодер
Песодер is located in Грција
Песодер
Песодер
Местоположба во областа
Песодер во рамките на Преспа (општина)
Песодер
Местоположба на Песодер во Леринскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°47.10′N 21°14.49′E / 40.78500° СГШ; 21.24150° ИГД / 40.78500; 21.24150
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаПреспа
Општ. единицаПреспа
Надм. вис.&100000000000014000000001.400 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно17
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Панорама на Песодер во 1909 г. фотографирана од браќата Манаки (оштетена плоча).

Географија

уреди

Селото е сместено 16 км западно од Лерин, високо во јужната падина на планината Баба.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Селото се спомнува во османлиски дефтер од 1481 г. како Ипсодер во кое живееле 12 семејства.[2] На крајот на XIX век Песодер било влашко село во Леринската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Писадер (Pissader) било село во Леринската каза со 25 домаќинства и 66 жители Македонци.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Песодеръ живееле 750 Власи.[5] Забуната веројатно се должи на тоа што Песодер тогаш било релативно ново село, создадено од Власи дојдени од Епир бегајќи од зулумите на тамошните разбојнички банди,[6] на местото на старата истоимена македонска населба.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Писодер се води како чисто влашко село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 130 куќи.[7]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Песодер (Pessoder) имало 480 Власи, и во него работеле грчко и влашко училиште.[8]

Селото било една од главните бази на Грчката вооружена пропаганда во Западна Македонија.[9] Во параклисот „Св. Петка“ во 1904 г. гркоманскиот поп Ставрос Цамис ја погребал главата на големогрчкиот деец Павлос Мелас — основоположник на грчката вооружена пропаганда.[9][10] Во следниот период, Боривое Милоевиќ го завел Песодер како село со 200 влашки куќи.[6]

Во Грција

уреди
 
Песодер на почетокот на XX век.
 
Грчкото училиште во Песодер, изградено во 1903 г.

По Балканските војни во 1923 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 727 жители.[6] Властите го затвориле влашкото училиште во селото со намера да го погрчат населението.[11] На пописот од 1920 г. бројот на жители опаднал на 532, а во 1928 г. Песодер имал 457 жители.[6]

Во 1940 г. во селото се попишани 484 жители. За време на Грчката граѓанска војна кај Песодер се одвивале разни борби.[12][13] поради што добар дел од населението се засолнил во градовите, и по војната доста од нив не се вратиле во селото. Поради ова, во 1951 г. Песодер имал само 143 жители кои опаднале на 106 во 1961 г. Иселувањето продолжило и понатаму, па во 1971 г. Песодер имал 48 жители.[6] Во 1981 г. тука живееле 30, а во 1991 г. — 25 жители. На пописот од 2001 г. се е забележан пораст на населението на 68 жители кои сепак, на следниот попис во 2011 г. паднале на само 7 лица.

Според истражување спроведено во 1993 г. селото е чисто влашко и влашкиот език е зачуван на високо ниво.[14]

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 484 143 106 48 30 25 68 7 17
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви

Стопанство

уреди

Во минатото селаните се занимавале само со сточарство, а во поново време застапено е шумарството и одгледувањето на компири.[6]

Литература

уреди
  • Τσάμη, Αντιγόνη Λ., "Το Πισοδέρι Φλώρινας στο πέρασμα των αιώνων", Θεσσαλονίκη 1992.

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Kravari, Vassiliki. Villes et villages de Macédoine occidentale, Realites byzantines, Paris: Editions P. Lethielleux, 1989, p. 270. ISBN 2283604524.
  3. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 84-85.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 250.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 171.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 27.
  8. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  9. 9,0 9,1 „Η συμβολή των Βλαχόφωνων Ελλήνων στον Μακεδονικό Αγώνα“. Архивирано од изворникот на 2010-02-27. Посетено на 2019-11-27.
  10. „Η Ορθόδοξη Εκκλησία και ο Μακεδονικός Αγώνας“. Архивирано од изворникот на 2009-02-18. Посетено на 2019-11-27.
  11. Македонски Алманах, Индианополис, 1940 г., стр. 52.
  12. Χαρά Κατσούλη (28/1/2001). „Καθ'... οδόν στις Πρέσπες“. Τα Καθημερινά της Κυριακής. Ριζοσπάστης. стр. 16. Посетено на 13 април 2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. Αφιέρωμα - Δημοκρατικός Στρατός Ελλάδας, σελ. 56
  14. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Надворешни врски

уреди