Шаовци
Шаовци (грчки: Σιάκι, Сјаки) — раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Со Грчката граѓанска војна селото се распаднало[1].
Шаовци Σιάκι | |
---|---|
Координати: 40°50.0′N 21°10.0′E / 40.8333°N 21.1667°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерински |
Општина | Преспа |
Надм. вис. | 980 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓало во областа Голема Преспа, во подножјето на Бела Вода и Елата, разграноци на Баба). Близу остатоците од него течат Стара Река и Горна Река.
Демографија
уредиНа почетокот на XX век според К’нчов селото броело 125 жители, а Милоевиќ наведува 15 албански куќи. Во пописите од 1913 и 1920 година било регистрирано како дел од селото Герман. Во 1924 година Албанците се иселиле во Албанија. По нивното иселување во селото се населиле грчки семејства од Понд. Во Граѓанската војна селото се распаднало, а по војната жителите се преселиле во селото Герман кое било напуштено од многубројни македонски семејства. Движењето на населениото по години е следното[1]:
- 1913 - дел од селото Герман
- 1920 - дел од селото Герман
- 1928 - 44 жители