Ветка Црква (Прдејци)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Ветка Црква“
| |
Остатоци од Ветка Црква | |
Местоположба | 41°12′45″N 22°30′09″E / 41.21250° СГШ; 22.50250° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Прдејци |
Општина | Гевгелија |
Тип |
|
Период | римско време |
Портал „Археологија“ |
Ветка Црква — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци. Претставува сакрален објект од римско време.
На североисточната периферија на селото, во непосредната близина на пругата Скопје-Гевгелија се среќаваат грамади од градежен камен и фрагменти од мермерна архитектонска пластика со различна профилација. Тука е најдено и мермерно торзо со претстава на облечена машка фигура во природна големина.[1]
Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија. Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 112-113. ISBN 9989-649-28-6.
Надворешни врски
уреди- Ветка Црква (Прдејци) на Ризницата ?