Бистерна (Прдејци)
„Бистерна“
| |
Поглед кон Бистерна | |
Местоположба | 41°12′40″N 22°29′0″E / 41.21111° СГШ; 22.48333° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Прдејци |
Општина | Гевгелија |
Тип | |
Период | бакарно време |
римско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Бистерна — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Прдејци. На 500 м северозападно од селото, во плантажите на „Вино-југ“ од Гевгелија, на површина од околу 2 хектара се откриени делови од овални јами со пречник од 1.5 - 2m и длабочина од 0.80 - 1.20m, во кои се најдени фрагменти од керамички тави со груба фактура и рачно работење, како и камени и кремени орудија. На поголем дел од наоѓалиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси, архитектонска пластика, а најден е и дел од надгробна стела. Исто така, пронајдени се и траги од објекти градени од кршен камен и тегули, поврзани со варов малтер, мозаични подови, ќерамички тубулуси и суспензури. Во долниот дел на плантажата е откриена и поголема еднокорабна црква со траги од фрескоживопис. Масивните ѕидови на објектот се градени од кршен камен и варов малтер.
Наоѓалиштето е прогласено за културно наследство на Македонија. Наодите се чуваат во Музејот во Гевгелија.[1]
Поврзано
уреди- Ветка Црква — сакрален објект од римското време;
- Колник — старохристијанска базилика;
- Прдејци;
- Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 112, ISBN 9789989101069
Надворешни врски
уреди- Бистерна (Прдејци) на Ризницата ?