Избрани статии во порталот:Шах се оние статии поврзани со шахот кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со шахот на разговорната страница којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Ашот Наданјан (роден во 1972) — ерменски шаховски меѓународен мајстор, теоретичар и шаховски тренер. Во 1998 станал заслужен тренер на Ерменија, а во 2007 официјален ФИДЕ тренер. Познат е и по неговиот придонес во развојот на шаховската теорија. Во 1996, Надданјан вовел нова варијанта во Гринфедовата одбрана, која по него е наречена Наданјанова варијанта.

Според шахометриските методи, својот највисок ранг Наданјан го имал со игрите во октомври 2003, игра еквиваентна на рејтинг од 2568 поени, со што би бил на 216. место во светот. Сепак, својот врвен ранг Ашот го постигна во јули 1997, кога имаше рејтинг според ФИДЕ од 2475 поени. Прочитајте повеќе


ноември

Магнус Карлсен (роден во 1990) — норвешки шаховски велемајстор и најдобро рангиран шахист во светот според ранг-листата на ФИДЕ.

На 26 април 2004, Карлсен станал велемајстор на 13 години и 148 дена, со што стана третиот најмлад шахист кој го постигнал тоа. Истата година, тој стана најмладиот светски првак во брзопотезен шах. На 1 јануари 2010, на новообјавената ранг листа според ФИДЕ, на возраст од 19 години и 32 дена, Магнус станал најмладиот шахист кој бил светски број еден според ФИДЕ. Прочитајте повеќе


октомври

Јоханес Цукерторт (1842-1888) — водечки германски шаховски мајстор со полско и еврејско потекло. Тој бил еден од водечките светски шахисти во периодот од 1870-тите и 1880-тите. Во 1886, загубил од Вилхелм Штајниц во мечот за светски првак, кој бил првиот официјален меч за светски првак.

Својот релативно краток живот, Цукерторт го исполнил и со низа други достигнувања, па така тој бил војник, музичар, лингвист, новинар и политички активист. Прочитајте повеќе


септември

Михаил Таљ (1936-1992) — советски и латвиски шахист, велемајстор, и осмиот светски првак во шах.

Го нарекувале и „Миша“ (деминутив од Михаил) и „волшебникот од Рига“ за неговиот извонреден комбинаторски стил на игра. Неговите партии, во најголем број се дел од најчитаните шаховски книги во светот.

Таљ ,исто така бил и познат шаховски автор. Многу критичари го сметаат за најдобриот шахист со напаѓачки стил на игра на сите времиња. Прочитајте повеќе


август

Веселин Топалов (роден во 1975) — бугарски шаховски велемајстор и поранешен светски првак според ФИДЕ (2005-2006).

Топалов станал светски првак според ФИДЕ во 2005. Во 2006, во мечот за обединување на титулите според ФИДЕ и ПША, Топалов загубил во меч против Владимир Крамник, меч во кој го обвинил противникот за консултирање за време на партиите. Во мечот за предизвикувач на светскиот првак, кој се одржа од 16 до 28 февруари 2009 во Софија, Топалов го победил Гата Камски, со што станал предизвикувач на светскиот првак и во април 2010 одиграл меч за светски првак против светскиот првак Вишванатан Ананд во кој загубил. Прочитајте повеќе


јули

Хосе Раул Капабланка (1888—1942) — кубански Шаховски велемајстор, шаховски автор и дипломат, кој бил третиот светски првак во шах.

Капабланка бил еден од најсилните шахисти во светот во периодот од 1910-тите до 1930-тите, победувајќи на многу турнири, а по победата во мечот против Емануел Ласкер во 1921 година станал светски првак. Во периодот на најголема слава се стекнал со прекарот „шаховска машина“, подеднакво добро играјќи ги партиите во фазите на средишницата и завршницата, практички без да направи грешка. На официјалните партии на високо ниво (по 1909 година), Капабланка добил 34 партии, а од 1916 до 1924 година останал непобеден. Прочитајте повеќе


јуни

Мајкл Адамс (роден во 1971) — англиски шаховски велемајстор. Највисокиот ранг досега го постигна во периодот од октомври 2002 до окотмври 2002, кога неколку пати бил 4. шахист во светот според рејтинг листата на ФИДЕ.

Во текот на 1990-тите, Адамс остварил ззабележителни резултати на турнирите на кандидатите за светски првак во шах. Така, во 1997, 1999 и 2000 година, тој учествувал во полуфиналето. Во 2004 година, тој играл во мечот за светски првак според ФИДЕ против Рустам Касимџанов, но загуби. Прочитајте повеќе


мај

Франсоа-Андре Даникан Филидор (1726-1795) — француски шахист и музички композитор. Тој се смета дека бил еден од најдобрите шахисти во негово време, но сепак во тоа време титулата „светски правак“ сè уште не постоела. Неговата книга Анализа на шаховската игра (француски: Analyse du jeu des Échecs) се сметала за стандардно шаховско помагало во следните 100 години.

За време на неговиот живот, не бил именуван со целото име, односно најчесто бил именуван како Андре Даникан Филидор. Прочитајте повеќе


април

Михаил Таљ (1936-1992) — советски и латвиски шахист, велемајстор, и осмиот светски првак во шах.

Го нарекувале и „Миша“ (деминутив од Михаил) и „волшебникот од Рига“ за неговиот извонреден комбинаторски стил на игра. Неговите партии, во најголем број се дел од најчитаните шаховски книги во светот.

Таљ ,исто така бил и познат шаховски автор. Многу критичари го сметаат за најдобриот шахист со напаѓачки стил на игра на сите времиња. Прочитајте повеќе


март

Михаил Чигорин (1950-1908) — познат руски шахист и најдобриот руски шахист на преминот од 19. во 20 век.

Чигорин учествувал на многу силни турнири, на кои остварил забележителни резултати. Во 1889 и 1892 година, на двапати го предизвикал светскиот првак Вилхелм Штајниц, но и во двата меча загубил.

Тој бил активен и како шаховски теоретичар, за што сведочат и неколку варијанти во отворањата кои се именувани по него, меѓу кои најпозната е Чигориновата одбрана во Дамин гамбит. Прочитајте повеќе


февруари

Пол Морфи (1837-1884) — американски шахист. Се смета дека бил најголемиот шаховски мајстор на својата ера, еден од најголемите на сите времиња и неофицијален светски шаховски првак. Бил и едно од првите шаховски чуда во добата на современите шаховски правила.

Морфи е роден во Њу Орлеанс, Луизијана во богато и истакнато семејство. Татко му, Алонзо Мајкл Морфи бил правник, и служел во Луизијана како државен законодавец, главен правозастапник, и врховен судија. Алонзо бил од португалско, ирско, и шпанско потекло. Мајка му пак, Луиза Тереза Фелисита Телсида Ле Керпентије, била музички надарена ќерка на проминентен француски креолец. Морфи израснал во атмосфера на учтивост и култура каде шахот и музиката биле карактеристични за неделната домашна собиранка. Прочитајте повеќе


јануари

Бент Ларсен (1935-2010) — дански шаховски велемајстор, кој бил првак на Данска шест пати и кандидат за светски првак во четири наврати. Ларсен има победено на неколку силни турнири во својата кариера, како и на меѓузонските турнири во Амстердам во 1964, Сус во 1967 и во Бил во 1976 година. Во 1976 година бил одликуван со наградата Шаховски оскар.

Ларсен важи за најсилниот дански шахист на сите времиња и најсилен скандинавски до појавата на Магнус Карлсен. Од почетокот на 1970-тите, живеел најпрвин во Лас Палмас, а подоцна и до крајот на животот во Буенос Аирес. Прочитајте повеќе


Архива на избрани биографии
2010
Магнус Карлсен · Михаил Чигорин · Мајкл Адамс · Рихард Рети · Светозар Глигориќ · Хосе Раул Капабланка · Василиј Иванчук · Зигберт Тараш · Елена Дембо · Бент Ларсен · Алексеј Троицки · Паул Рудолф фон Билгер
2009
Михаил Таљ · Владимир Крамник · Јудит Полгар · Мигел Најдорф · Роберт Хибнер · Арпад Ело · Акиба Рубинштајн · Александра Костенјук · Ашот Наданјан · Јоханес Цукерторт · Веселин Топалов · Франсоа-Андре Даникан Филидор
2008
Макс Еве · Пол Морфи · Гари Каспаров · Вишванатан Ананд · Маја Чибурданидзе